Почитувани велешанки и велешани, мое поштовање до вас. Опрајте се со време, оти и Тенерифе и Флогита се попопуларни од нас на фемина! Очекувам редовна активност, како на темава, така и во секојдневниот живот. Ќе пишувам плусови и минуси веќе, така да си знаете. Мома штипјанка над мене, немој случајно да ја видам некаде. Не остави она. Мома Офи, аа главна е сега, сите муабети прва ќе ги разбира. Друга поактивна мома, а а а ?? И тоа момето Екстродинери, јабана отиде. Ај поздраФче. Ќе се видиме утре, Велесче, од кога се немаме видено.
Последен пат пишав у темава тогаш кога сакав да јадам пита! Сега пак сакам, ако е 2 и 25. Утре има утакмица, ракомет, еве колку да не бидам без ич на темава, ама стварно незнам што да пишам. Многу ми е лејм у градов некако, живо пиле нема А Богами нема ни некој актуелен муабет да се размрдаме така... Стварно бе, ништо не ни се случува на ниво на град во последно време
ОооООоффффффф немој дека некој ќе оди Исто ко за ракометот, се стави карта 50 денари и живо пиле немаше у сала. Циции сме бе, тешки циции
паа зависи какви филмови ке пуштаат, ако се оние од пред 1 век сигурно нема никој, ама ако се некои убави зошто да не јас ке одам (кога ке бидам во велес)
Кога врне,градот ви е ептен срцкаст. Течат мини рекички низ цел град,и ти имаш филинг дека газиш на голема водна површина.
Toa е се со умисла. Ние се чувствуваме дека сме во Венеција, а чувството да се пуштиш од Вршник со чамец - бесценето
Нерешено завршило. Тепале до крај со еден разлика, ама Пелистер дале гол и тоа времето поминало, ама пак им го признале. И така, ене го оној мојот се нервира
Мене Велес ми е убав град, и Велешани ми се екста people Сеирџии по малце, ама фини по душа! На езеро ми е ептен убаво, ОБОЖАВАМ, во лето време на бродот или на романтик кафенце и ручек, Чиста 10ка
Ах Hipster,Велешани не се сеирџии по малце,туку многу...и многу знаат да озборуваат,недај боже да те видат да испаднеш со некој другар на кафе,а по некое време со друг другар,одма ја добиваш етикетата дека си растурена,дека којзнае колку ги имаш сменето...Инаку онака да го посетуваш од време на време можеби ќе ти изгледа као убав,интересен град,но тука да живееш ќе сватиш колку е само досадно навечер,се истата шема се тера,стварно ноќниот живот е заникаде
Ова се новите прекрстени улици, ако живеете на некоја од овие, почнете со менување на документи ) Марксова-Христо Татарчев Маршал Тито-8 Септември Ленинова- Борис Трајковски Владимир Назор-Архепископ Михаел Игманска- Рилски Конгрес Првомајска- Партение Зоографски Енгелсова- Методија Андонов Вељко Влахович- Тодорче Николовски Моша Пијаде- Асном Народен Фронт- Тодор Христов Офицерчето Прва Комуна- Оливер Китаноски Козара- Мустафа Кемал Ататурк Нишка- Анѓел Мишев Иво Лола Рибар- Кресненско Востание Стојан Јанакиевиќ- Ангелко Палашев Сутјеска- Христо Узунов Неретва- Стефан Димитров
Сега гледав вести на Канал 5... Велес го направија Чернобил втор дел... Како тоа бомбето нуклеарно во Велес да паднало.. Ту бре, толку е лошо?! Па не знаеле како е да се живее во град со незагаден воздух, па децата се раѓале со аномалии (ова го кажаа како со три нозе да се раѓаат или со една рака ), почвата била презагадена, огромни количини на цинк и другите метали (не ги запамтив)... Инаку, ова со штрајков добро е, кај е загадено, уште нема потреба да се загадува. :up: Во Велес, за жал не сум бидена, би сакала да одам и да прошетам.
Па зарем мора работата да стигне до Чернобил за да се сфати сериозноста?! Кога не живееме таму, нормално дека не можеме да ги почувствуваме последиците, но сите факти зборуваат дека е страшно. Не ми е јасно, ама навистина како некој може да помисли да ја отвара