A на кој начин сакаш да ти кажат за да можеш да сфатиш?! Да, во Велес се раѓале и бебиња без раце и бебиња со неразвиено раче и со еден куп други аномалии незамисливи за обичниот човек! Човек би требало да се замисли за таа информација, а не да си направи виц од неа! Може некој да не е информиран, ама сопствената неукост и нечувствителност барем да не ги рекламира јавно. За срамота! Па да слушнам за страдање на бебиња и во Заир ќе се натажам, а не па за нашите бебиња сред Македонија! И ако не дај Боже тоа му се случело на некој твој близок или на тебе верувам дека не би ти било смешно како е кажано, нели?
Не си направив виц од оваа информација и не можеш да заклучиш дали сум нечувствителна или неука само поради едно смајли што ставив. Значи јас не реков дека ми е смешно тоа што се раѓаат со аномалии, туку како го кажаа тоа Сега не ми е толку смешно, кога го кажуваа ми беше. И сега?! Јас сум нечуствителна?! Аха да..
Се извинувам што ќе се замешам, но не можев да преќутам. Да Lov3, се што е кажано на телевизија е жива вистина, а не знам на кој друг начин би можело да се каже, ти мислиш дека луѓето претеруваат, но се лажеш, не си знаела дека е тоа така, затоа што не живееш во Велес или не си доволно информирана.
Добро де, Lov3 писала несто и одма да ја распнеме. девојЧЕто каза дека не мислела нисто лосо и се потруди да се дообјасни. she is not the bad guy here. оние сто со децении го унистуваат здравјето на велесани и на цела македонска популација се.
Девојко, зошто даваш суд кога и самата признаваш дека никогаш досега не си била во Велес????? Погледни ја емисијавата КОД на Канал5. За посликовит одговор на твоето прашање за тоа колку се сериозни последиците од Топилницата преврти некаде околу 15 минута. Дури потоа коментирај!!! http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120
Ejjjj ало бе, ај смирете се малку Ајде да ја претепаме сега ако не. Мислам дека сфати девојчето, нема потреба да се трескате од земја. Кажала,и посочивте дека е грешка и тоа е тоа! Инаку,страшно е видеово...многу...
Повелете денес и утре во Велес, на велешка пита пастрмајлија http://brkajrabota.mk/vesti/makedonija/ ... a-pitijada
Aaa морам да признаам дека оваа година се потрудиле малку повеќе да го украсат Велес.Многу е убаво украсен мостот,плоштадот,саатот и тие бротчињата на мало мовче и стар мост арни...некако многу ми се прости,обични,но сепак се потрудиле да направат нешто интересно и ново
МОЛАМ?!?! Јас со сиот револт сакав меил да пишам на општината и да ги отерам во пичку матер! Нагоре имаш ли прошетано, светат само оние грди ламбички шо преку текот на цела година стојат обесени по бандерите!! За срамота!! Видете ги другите градови! Погледнете слики од Битола како е украсена, ова е срамота што се случува во Велес последните неколку години!!!
Oфи,за разлика од другите години,оваа година е повеќе украсено и е многу убав мостот,а ставиле и тоа бротчињата (јас зборувам за делот околу Центар)....знам дека во споредба со другите градови нашиов е за никаде,ама баш за никаде,но според мене е поарен од претходните години,не многу но сепак се приметува разлика. И да,се согласувам со тебе,и мене ми сметаат тоа топките на јаворот и тие другите работи што висат по цела година,ги мрзи да ги извадат
Леле за срамови, јас немам видено како е украсено... А секој викенд си идам, мајке ми! Само не сум испадната. Ќе му речам на таксистот утре да ме извози низ центар, барем кабли да погледам. Мене па баш ми се убави тоа топките на јаворот, на една слика ги видов. Е, за другото не знам, да видам па ќе ви кажам, што, како.
Дузи и мене од се што е накитено,топките на јаворот најмногу ми се допаѓаат,но стварно мислам дека не треба по цела година да висат,кога само за зимно време ги пуштаат
Абе едната моја симпатија од Велес е Па кај и да е сега Јануари ке дојдам да го прошетам некој ден. И така само автобуската сум ја видела во Велес, зашо се на поминување сум идела ... А баш би сакала да дојдам А патем ме интересира колку е повратна со автобус и со воз ?
110 повратна со воз мислам а 120 со автобус ама во еден прравец. Со автобус нема повратна (Скопје - Велес) ти незнам за која релација прашуваш
http://tirekovmirece.com/Novosti/Articl ... 0%BA%D0%BC Иначе освен Снупи, кај на други места прават убави пици?
^ Па добри пици (ама мн по добри од оние во Снупи) имаш во Da Vinci и на Romantique, само што на Romantique ти се малку по скапички.