Јас да удрам мала реклама на Капри. Значи немам поомилено место од ова во градот, се наоѓа кај Јаворот во центар, малку позади. Цело лето прекиснав таму, а и кога сум дома, обавезно одам овде. Имате разни коктелчиња, сите се по 100 денари, и не се од прав правени, ами на лице место ги мучкаат , имате милион вида на кафе, па во чаши сервирани, вакви, такви... Даваат и мезиња, грицки, кикиритчиња, зависи кога како. Келнерките, газдата и шанкерот се ептен луѓе на место, не' знаат нас редовните и стално не' сместуваат, дури и во преполн кафич, што е за пофалба. Учтиви, културни... секоја чест! Амбиентот е исто многу добар, не е како класичен кафич, има некоја топлина во него, откако го ,,открив,, не ни ми се седнува на друго место. Само пофални зборови, кој дојде во Велес, обавезно да го посети!
Се надевам ќе ми помогнете, а и се надевам дека не звучам глупо со прашањево.. нешто превоз до езеро Младост, поточно Хотел Романтик? Или пак колку би ме коштало такси до таму? Ама секако нели, доколку би имало превоз нешто..повеќе ми би одговарало.. Фала Многу.
Мотел Македонија е надвор од велес, не е во градот, се наоѓа во с. Каласлари, односно на автопатот Александра Велики. Превоз нема до романтик, освен со такси, а за цена не знам да ти кажам бидејќи не знам ни за која релација мислиш. Кажи од каде до Романтик те интересира цената со такси, па можеби ќе можам да ти помогнам.
Велешанче сум по потекло и дечко ми е од таму. Имам некое необично чувство кога ќе го посетам овој град како да сум врзана за него.. Доста е поефтино од Скопје и другите градови,има и убави места кои можеш да ги посетиш но не сум баш воодушевена од луѓето(не од сите) , познавам и добри пријателски настроени личности како фамилијата на дечко ми , имам и роднини се на се убави спомени ми буди градов иако за младите нема некоја иднина. Поздрав велешани
Сум го посетила Велес неколку пати убаво градче мирно пријатно само треба да се развива уште многу.. На романтик е преубаво исто и таму сме биле неколку пати не бендисало Единствено нешто што ми оставило лошо мислење се луѓето ..самобендисани и злобни се надевам дека грешам и дека сум имала прилика да ги запознаам погрешните...
Убаво гратче. Имам баба овде и секогаш коа ми треба да се одморам и да се тргнам настрана, си доаѓам во Велес. Ми ја освежува психата.
Ах Велес,Велес..Специфичен град мора да кажам.Мене најубав дел ми се тие ридишта и угорници,па коа ќе се искачиш и се гледа цел град едноставно прекрасно е.Една работа што забележав е дека во градот се врти повеќе кафе шема,а ноќта дискотеките и кафичите се скоро празни,па дури и за викенд.Од кафичите инаку Капри ми е најубав,со најубава атмосфера,и прекрасен избор на кафиња,коктели итн. Е сеа за луѓето како општа слика сметам дека оговараат во голема мера,и не се многу пријателски расположени.Тоа во глобала,а познавам многу велешани кои се супер личности и драги пријатели. Му треба напредок на градот,пуст е станат,ама кога одам таму ме исполнува некако,ме разведрува,незнам што така
Ахххххх Велесс За овој град сум страшно емотивно врзана и за мене е најубавиот во нашава ни мала земја. Секако емотивно сум врзана поради тоа што дечко ми и друштво ми се тамо ,пред да се запознаам со дечко ми не бев идела во Велес ,но последнава година идам секој втори викенд,а некогаш и секој викенд.Мало но многу убаво градче...Интересно е што кафичите се преполни,а Велешани немаат пари. Инаку мене многу ми се допаѓа и Da Vinci Pub,многу интересно и убаво место,си излегуваме и во Тарантино,интерено местенце за ноќна забава.Исто така и на езерото е многу убаво..Минатата година за 1 Мај бевме на мотелот, и многу убаво поминавме на бродот често идеме како и на Романтик. Младинскиот парк е многу убав Тостовите од Круг И најубавата лимонада што сум ја пробала од кај тој со семкарата .Се на се јас многу си го сакам градов и најверојатно многу скоро ке станам и Велешка снаа,па помош од Велешанките да ми кажат отприлика адети шнајдерки бомбони музика и се поврзано со свадба каде се наоѓа во Велес итн. Фала ви однапредд
Мило ми е што ти се допаѓа Велес За свадба сите адети јас не ги знам да ти ги кажам ама не се сеќирај ќе ги научиш, за музика треба пред време да си закажеш нормално, има групи што пејат/свират по свадби. Најмногу свадми се прават на Мотелот каде што си била, на Романтик и сега имаме нов ексклузивен ресторан Глориус и таму закажуваат само што тој не е на езеро туку е во градот. Поздрав
Ехх еден од поубавите градови... Убави места има, ресторани и и што уште не .. Езерото наше.. хехе.. Па сега и најубав театар си имаме
Ја велешанка и тек дури сеа ја гледам темава. Пу срам да ми е. Шала на страна, убаво ни е градчето наше, ама најмногу не ми се свиѓа тоа шо Вардар е мнооогу загаден. Нормално е да има загадувања во секој град, ама не е бе фер и од страна на луѓето пошто се и сешто се фрла во неа, а сите као демек нешто зборуваат да се пази и да не се загадува. Инаку, град како град, има многу кафичи и ресторани, можеш да седнуваш ако сакаш секој ден на различно место, ама мене лично Капри ми е најубав. Да не се повторувам, погоре се е напишано. Спојлер Ме изнасмеа да си жива и здрава.
Велешката пастрмалија не ми се допаѓа. Ја прават со јајце, а јас јајце не јадам. Бев скоро, пред 2 недели во Велес. За ноќен живот незнам каков е. Никој не го пофалил, а никој не го ни искритикувал. Али чекам сега следно лето, па да отидам и јас во Снупи на базенот.