25.08.2010 19:59 Велес Велес е во шок по вест која попладнево проструи дека 41-годишен велешанец, повеќе години ги силувал своите три ќерки на возраст од три, пет и седум години. Денеска полицијата го откри овој случај, се уште не се објавуваат детали како е тоа сторено меѓутоа според прегледите кои денеска во гинеколошкото одделение ги извршиле лекарите, утврдено е дека трите девојчиња биле силувани, односно веќе подолго време имале сексуални односи. Најзапрепастувачки е тоа што највозрасното девојче, шест години била сексуално злоставувана и имала веќе сексуални односи со својот татко. Оваа вест ги шокираше не само велешани, туку ги шокираше и психолозите оние кои се занимаваат со оваа дејност, па гостин во Вестите е Арсен Прличков, психолог. Каков профил на човек е овој да го наречам монструм? - Велешката и македонската јавност се згрозени, не се памти во историјата на државата вакво нешто. Спрема оскудните податоци кои што ги имаме не можеме во целост да дадеме профил на личноста, меѓутоа генерално се работи за луѓе кои што имаат проблеми со сопствената личност, нарушување на сопствениот идентитет. Се работи во одредени ситуации на луѓе со алкохолизам, со наркоманија, така да истрагата е во тек и ќе се открие за каков профил се работи. Според некој оскудни информации кои ги добивме од полицијата, најверојатно се работи за човек кој бил алкохоличар, кој подолго време го злоставувал целото семејство. Тоа го признале и децата меѓутоа најверојатно и сопругата според овие информации. - Статистиката покажува дека многу потешко и многу е поголем периодот на откривање на ваквите злодела доколку ситуацијата е во кругот на семејството. Ако силувачот е во поблиските членови на фамилијата многу потешко или во подолг период треба за да се откријат ваквите ситуации. Доколку некој е надворешен многу побрзо ќе се открие дури и самите деца би можеле да дадат информации. - Во оваа ситуација малку требало да се скрене внимание на одредени несекојдневни однесувања кај самите деца. Во таква ситуација се јавуваат авто-казнување, во стилот на кубење на косата, грицкање на ноктите, грицкање на нервите околу ноктите, агресивно однесување на самите деца, спрема домашните миленичиња, така да првите симптоми се тие. Лекарите во гинеколошкото одделение веќе утврдиле дека девојчињата на возраст од 5 и 7 години биле сексуално злоставувани, а во моментов трае прегледот врз 3,5 годишното девојче.. Полицијата утринава ги донела на преглед трите девојчињата.. По претходно добиени сознанија се сомневала дека таткото монструм ги силувал сопствените ќерки.. Се уште не се открива ниту идентитетот на сторителот на грозоморниот чин. Инаку 41 годишниот велешанец живеел со својата сопруга. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на прегледот врз третото девојче и распитот на силувачот. Јас сум згрозена од чинот. На овој и смртна казна би му била малку!!!! Бавна и болна смрт заслужува. Извинете на израз, ама изреволтирана сум од настанов, заслужува за мадиња да го обесат на јаворот сред Велес!
лелеееееееееееееееееееееее ....... души ... како бе може вакви луѓе да има??? како мајката не приметила порано.. тие дечиња цел живот ке имаат трауми леле .... не е нормален па и колку долго траело ова .. сироти дечиња... стварно ваквите смрт заслижуваат
Леле катастрофа ...вчера кога видов на вести се згрозив неможев ни прилогот до крај да го изгледам,немам зборови ПСИХОПАТ!!!Кога ќе видам вакви случки си помислувам колку сум само среќна јас ,моите проблеми се ништо во споредба со тие какви што имаат некои луѓе...Како во Мк нема смртна казна не ми јасно,за ваквите психопати изопачени само тоа е решението!!!
Јас мислам дека нема шанси мајката да не знаела! Тие дечиња се мали и сигурно кога ги бања има забележено нешто! И дете како дете сигурно дека ќе си каже!!! И таа е бетер несовесна од оној змејот. Има мајки кои се спремни да убијат за своите деца, а оваа уво не и чуе! Незнам, гнасотилук до бескрај! Тоа најмалото од една годинка го силувал Душиче мало, несакам ни да помислам... Како може да ми се дигне на бебе, на сопственото бебе?!?!?!
Мислам стварно не знам што да се искоментира на ваков монструозен чин. За осуда е во секој поглед и се надевам дека тоа и ќе го добие. Баш слушав на вести дека мајката наводно не знаела што се случува. Девојки, нема шанси никој да ме убеди во тоа... Не можеш да живееш со тие деца и апсолутно да немаш поима што ти се случува дома. И мајката ја осудувам и тоа многу повеќе од него... Тој лудакот е болен, него психијатрија не му помага, меѓутоа мајкава??? Немам коментар
Убаво прават во Романија или Полска стварно не ми текнува кај беше прочитав дека имаат закон со кој ги кастрираат сите педофили и мањаци,ама овој и тоа како заслужува многу погадно нешто од таа казна...катастрофааа!
lud covek,takvi luge ne treba da imaat deca.A inku sigurno majkata znaela deka gi siluval decata,megutoa mozda i pretel i neameela od nego da kaze
Леле стварно заслужуваат се најлошо и најголемо измачување ваквите монструми!!Се грозам од самата помисла на такво нешто..Како може да им го уништува животот на своите родени деца..И не треба смртна казна за нив..туку како што кажа Офф бавна и болна смрт..измачување..иако ништо не може да се спореди со тоа што го направиле...Грозно и болно!
И јас мислам дека нема шанси мајката да незнаела само што мислам дека и она била злоставувана и малтретирана,многу ми е логично тоа...кога можел тој децата свои да ги злоставува а не жената
lud covek,takvi luge ne treba da imaat deca.A inku sigurno majkata znaela deka gi siluval decata,megutoa mozda i pretel i nesmeela od nego da kaze
ЦЦЦЦЦЦ болен народ ...греота за дечињата , толку мали, наивни , чисти ...сопственио татко им го уништил животот оф леле како можат само вакви луѓе да има.Tаа мајката ,не ни заслужува мамо да ја викаат , не знаела како да не ! Tреба тоа животното да го убијат , бавно така да осети јака болка самио едвај да чека да умре. А мајката никогаш да не ги виде дечињата не ги заслужува. Лелееее души...
тоа искрено според мене не е оправдување... ако ми се заканува мене на полицијата ништо нема да и може... јас да сум на нејзино место би му го рпесекла гркланот( лажам) одма би го пријавила или би си ги земала децата и ке си отидам... тоа е грев да го дозволуваш ... ништо не ја оправдува ако знаела а ќутела.
боооже што се нема да се случе фала му на господ што имам многу мали проблемио зошти животот на тие три девојчиња вече е уништен леле не ми с еверува.....монструм не треба да живее а мајкатаповеќе да се распита дали и таа претрпувала тортуози од маж и а ако не и за неа смртна казна....боже животот на три деца,еј деца се само е уништен неможам да поверувам....срамота
Јас сум сигурна дека и жената била малтретирана,било физички или со закани,ама во секој случај незнам ни зошто му раѓала деца на такво пореметено створење кога знае каов татко е
Грозоморно,ужасно..не можам да ја искажам згрозеноста од настанов.И сега баш ме интересира како надлежните органи ќе се справат со случајот.Каква ќе биде казната за монструмот? Што е со светов,со луѓево?! Постојано се случуваат вакви работи и насекаде.
Знаеш како велат кај нас? -Секое чудо трае 3 дена. Така и ова. Се дигна прашина и за 3 дена ќе се заборави. Идиотот ќе го сместат во некоја болница за ментални и по кратко престојување таму ќе го пуштат назад. Жално но вистинито.
Монструм!Како не му било жал децата да си ги уништи.Толку мали и толку невини во секој поглед на зборот.Според мене ваквите заслужуваат да им го делкаш малку по малку па да видат што е болка и дали ќе го мрднат уште еднаш!А таа мајката,не знам,немам зборови.Добро кој го лаже таа дека ништо не забележала.Па не е мала работа,сигурно таа ги капи и има забележано промени.па сигурно и во однесувањето имале промени.Што мајка ќе беше ова!Да сум на нејзино место сенката ќе му ја скинам,не да ми се заканува,што сака нека прави.И во право е Оффспринг.Ќе го пикнат сега в лудница и за 2-3 години ќе го пуштат и тој пак по старо ќе тера сигурно.
Само што не повратив вчера кога гледав на вести. Уф, морници ме полазија. Не само смртна казна за таткото - туку и за мајката. 3 годинки имало најмалото дете, добро не можам да си поверувам! Што живот ќе имаат тие дечиња после ова?! Е за вакви работи треба да се врати смртната казна во Македонија.