Или што за Велигден? За Божиќ имаме тема, па си велам во очи на Велигден ајде да продискутираме зајче ли ќе е јагне ли ќе е.. а што благо? салати? претпочитате свежи, јајце салата или крем? Почнав да правам список уште од сега за намирници па добро би ми дошле вашите идеи и искуства
За Велигден не спремам толку колку за Божиќ не знам зошто... може дека сме по гости, одиме шетаме некаде... крем салати скоро никогашне правам зошто се јаде фамозната мимоза салата и некако нема место за друга ( оваа салата тогаш толку ми е вкусна, ко да е нешто посебно ), јајца не вапцам многу ни па украсувам нешто многу по дома,. Мевце да има , јагнешко отсекогаш ни било на мени, блашко- некоја торта и кифлици мајка да направи
Еее спомна торта. Се мислам која да ја правам Навивам за Јапонски ветер ама па да не се префорсирам (читај да не си го запоставам детето ептен) па барам нешто побрзо. Захер ја правев за Божиќ/Бадник не памтам точно за што... ени ајдија??? Инаку најдов преееубав рецепт за јагнешки бут со сусам
За Велигден обавезно мимоза салата,исто како и кај @eli25 тогаш ми е најубава посебно варените јајца, јагнешко или јарешко мевце, од благо обично купуваме нешто (еклери, шампита) кремасти салати не, кифлички, сувомеснато, и мноооооогу јајца, бојадисуваме околу 90 јајца, и тоа една табла црвени, една табла со кристали (тоа е моја обврска), а другата обично темно сина или виолетава, зошто жолта, зелена и небесно сина никогаш ама баш никогаш не ни излегува како што треба
Лили на маж ми тогаш му е роденден па ќе искористам 2 во 1 , а ќе биде или киндер или егзотик (он навива за егзотик омилена му е ).
@LiliBoz ај рецептот за јагнешкото со сусам... Ќе колиме јарињата па да направам нешто ново. Ваљда ќе бива и со јарешко @eli25 не е лошо да ја пишеш и ти таа егзотик торта. Не сум видела ,правела таква
повели драга, мене ептен ми фати око https://moirecepti.mk/post/печено-јагнешко-месо-со-сусам Дај рецепт да ѕирнеме и така не можам да се одлучам.. Инаку јас ја имам правено и онаа велигденско јајце, со ананас што е. Убава е освежителна е, мада таа повеќе ми е летна... Инаку за фарбање јајца јас си зимам бои од една маалска продавничка веќе со години, на варено јајце се нанесува со раце бојата и се суши за 20тина секунди. Многу убаво изгледаат а и многу полесно за со бебе.
@Bubce38 и @LiliBoz https://moirecepti.mk/post/егзотик-торта-3 Повелете Инаку еве една идеја,ми телна дека полани правев само немам слика,полнети јајца, се вади жолчката и се полни белката со жолчка,мајонез,павлака, може и к.краставички,сувомеснато. Јас сум ги полнела со шприц и ептен декоративно излегува
Велком енитајм @Bubce38 Мене многу ме привлече овој рецепт. Едино би додала и некое гранче мајчина душичка бидејки многу ми оди со јагне.. Инаку @eli25 интересно е ова со јајцава.. дека пиленца ќе правам тешко, може кога ќе е поголем мали тогаш за да се радува... сега може ко на втората слика... мада и јас ко што рече ти со шприц.. Идеи еден куп .. гледам јас ќе скиснам во кујна хахаха. Не за џабе. Свекор ми ќе ми е на ручОк А многу си го поштуем човекот
За Велигден мислам дека повеќе спремам и се трошам отколку за Божик, Уживам во украсувањето и редовно за малечките имам спремано нешто што нема на други места да го видат или да им дадат.. Јајцата редовно ги украсувам и гледам секоја година различни да бидат, и благи работи и обавезно нешто правам секоја година наместо чоколатца за почестување нешто лижалки или слично.. Дома уркасено , а за трпезата не јадам ниту јагнешко ниту зајачко па спремам што ќе ми фати ум во моментот...
Кифлички обавезно, мимоза салата и јагнешко. Годинава за десерт ќе правам кадаиф. Велигден многу го сакам, обично фарбам околу 30јајца, малку црвени, другите шарени.
Едвај чекам да дојде Велигден, омилен празник ми е. Лани јајцата ги фарбав вака Спојлер , годинава ќе чекам да излезат некои нови идеи и трендови. Во однос на трпезата најдов доста идеи на оваа страна: https://www.delish.com/holiday-recipes/easter/ , па би сакала да ги споделам со вас, можеби ќе добиете некоја идеа плус за Велигден. Јас инспирацијата ќе ја црпам од тука
Велигден не е Велигден без кукурек. Обожавам кукурек, татко ми е задолжен околу приготвувањето и навистина немам поим како нешто толку...спцеифично да речам, може да биде толку вкусно.
Јагнешки специјалитет, плетенка од јагнешки цревца, чкембе и крезли. Не звучи најпримамливо, но превкусно е и единствено јагнешко нешто што можам да го јадам. Јагнешкото месо ми мириса лошо.