Не се знае дали ќе бидеме дома. Ако сме дома, обавезно ќе има кифли и крем салати. И оваа година ќе фарбам јајца. Само црвени и зелени. Лани фарбав и во други бои, ама не ми се допадна како излегоа јајцата.
Кај нас во нашиот град постарите/жената седи дома чека гости,а децата и младите одат по гости ја шират веста за Христовото Воскресение. Ќе направам неколку врсти ситни слатки исто и солено,крем салата и сувомеснато за на маса.
Јас уште се мислам која торта да ја правам Или пак да почнам од петок па неколку вида колачи да направам.... Кифлички нема да правам, едино погача убава ќе измесам утрото пред да правам јагнешко, така да на маса ќе има јагне, компир со морков, мимоза салата , погача и благо. Е дали ќе направам ситни колачи и милиброд или само торта тоа зависи од колку време ќе сакам да жртвувам во кујна..
Велигден мојот омилен празник, 3 дена радост. Покрај црвените јајца обавезно и козињак се меси во наша куќа. Кифли,руска салата и ситни колачи, јагнешко јас не јадам па ќе биде некој друг вид на месо.
Мора ли торта? Што не направиш колачиња во силиконски калапчиња има велигденски во цамбо? Крем,чоколадо,лешници,бадеми,ореви
Мислам дека мисли од оние модлине, за ситни колачиња што се. Еве и слика.. Мене Велигден ми е омилен празник. Годинава бидејќи сме сами со мм, ќе поставиме трпеза, јајца, месо, некоја салатичка и торта. Нема да имаме многу луѓе, најмногу заради адет, ама ќејф ми е ме радува тој ден. Туку дајте предлог за некоја крем салата, сакам да сменам секоја година иста правам.
https://moirecepti.mk/post/крем-салата-со-модар-патлиџан-сирење-и само оваа салата со модар ја имам зачувано, ја немам пробано.
Донекаде сум при крај со планот. Само пак благото се мислам што да е. Сега додадов солена торта да има за предјадење да не трупам сувомесната даска..