Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велигденски пости

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Milickaa, 15 февруари 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Можеби не е за тука , ама сакам да прашам ..

    Дали во текот на претстојните велигденски пости , смее да се јадат апетисани , и кои поточно ?

    Сакам да постам со масло , но не знам дали смеам апетисани ( кои ги вметнав поради новиот начин на исхрана , како замена за нездравите чипсови и грицки кога чувствувам глад , а сеуште е рано за ручек/вечера сеедно ) , а сега сакам да постам за свое здравје , како еден вид на детоксикација на организмот .. Секако ќе прекинам со месни , сувомесни и млечни производи , но без масло не можам бидејќи одам на работа , и не може во кантината да прават јадења само за мене ( логично ) , па ќе постам со масло .
     
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.921
    Пол:
    Машки
    Бадеми, лешници, индиски оревчиња, ореви, кикирики, леблебија, сите се овие здрави, со големм број на хранливи материи, извор на протеини и здрави масти, јаглехидрати. Е сега затоа што се и доста калорични (бадемите не се толку), треба да се внимава на нивниот внес за да се има баланс меѓу вкупната дневна внесена енергија (топлина) наспроти потрошената, пример 100гр индиски оревчиња имаат 547 калории. Иако се здрави, и има разлика меѓу калориите бидејќи калорија и калорија од еден и друг производ не се исти, пример, 547 калории од чипс/смоки и индиски оревчиња/лешници не се исти бидејќи едните се кондиторски производ а другите природни (ако се купечки пак мора да поминат низ некој процес), сепак треба да се внимава на дневниот внес на калории, бидејќи знаат да бидат доста заразни и да се претера со конзумирање а се калорични, за да не дојде до дисбаланс на телесната тежина.

    Со лесно постот!
     
    Последна измена: 11 март 2024
    На CrazyGirl15, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Здраво, ќе постам прв пат и ме интересира дали може целиот пост да го постам со масло и само последната недела да постам без масло и да се причестам ? Дали е тоа дозволено според правилата?
     
  4. Lavicaukafez

    Lavicaukafez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Да, а последната недела можиш и на Велики четврток да се причестиш.
     
  5. Dbratz

    Dbratz Нов член

    Се зачлени на:
    7 август 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,го постам постот прв пат и се држам спрема тоа да биде само масло за викенд а останатите денови пост на вода.Риба за благовец и цветници.Ме интересира за причестот…Читав дека треба да бидеме ние женските лица во марама и црна суќна под коленици.Дали и вие практикувате во врска со облеката и марамата?
     
  6. Lavicaukafez

    Lavicaukafez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Не.
     
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Се трудам секогаш кога одам в црква да носам сукна и марама, барем сукна.
     
    На Orthophill и Dbratz им се допаѓа ова.
  8. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    јас обаврзно марама на глава, порано носев суќни сега не, ама секогаш сум со марама
     
    На Orthophill и Dbratz им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    А во Грција, каде верниците никогаш не се одрекле ни од Христа, ни од Црквата, бабите, кои веројатно поради генетиката често се проќелави, во недела секогаш прават фризура за своите 5-6 влакна што им се останати!
    Нормално ни шамии носат, ни капели! Ама се дотерани.
    Нашите стари, кога оделе в црква ги туркале траурите* што ги носеле, зашто кога стоиме пред лицето на Господа место за тага нема.
    Во Африка пред некое време ракоположија ѓакониса, и замислете истата не носеше шамија! Тешки соблазни. :)
    Облеката не треба да ни биде пречка за да одиме в црква, ниту пак туѓите (во случајов руските) обичаи да ги прифаќаме како норма.

    * Траур е црна шамија (нешто како шалче) која ја носеа жените во периодот кога жалеа за покојник.