Ќе истрпиш без Спојлер секс тој период? Не дека јас сум зависна од Спојлер секс ама кога постам сакам тоа да биде духовно и физички.
Јас сега прв пат ги постам Божиќните пости, само делот со храната, и супер ми е, иако овие се полесни од Велигденските. Добро е тоа што траат долго, доволно да се стекнат нови навики поврзани со исхраната. Ќе се обидам да ги постам и Велигденските како што треба. Не ме плашат деновите без масло, туку тоа што риба се јаде само два пати. Дополнително, често јадам надвор од дома, па иако не е тешко да се најде посно јадење, многу е тешко се најде посно без масло. Постам пред се заради тоа што ми треба прочистување на организмот, а тоа најлесно се прави во периоди кога се постите - подостапно е, и поедноставно за објаснување, т.е. нема потреба од многу објаснувања ни по ресторани, ни по гости. Не планирам да се причестам, се надевам дека нема да имам „грешни мисли“, ама од секс не се откажувам.
добив информација т.е. прочитав сега на интернет дека на 6 март почнуваат постите, и навистина од 6,март до 15,април има точно 40 дена
Јадете ли риба за време на Велигденските пости? Јас сакам да постам, до душа и ќе постам, и ќе јадам риба секако, ама онака ме интересира како е вообичаено. Знам дека правилно е да се јаде само на празници, ама ме интересира како вообичаено се практикува. Прв пат постев за Божиќните пости, па убаво ми дојде, и сега решив пак да постам. Мислам, само со храна.
Постев порано 3 години по ред, цели 40 дена. Првата и последната недела без зејтин, додека тие на средина со зејтин, како издржував не знам, сега никако не можам да постам, ми бара организмот разновидна храна , а и дечко имам сега така да тешко некако Инаку јас јадев риба
риба не треба да се јаде само првата и последната недела зашто има луѓе кои неможат да постат без зејтин ама треба да се придржуваат до тоа да не јадат риба
И јас сакам да го почнам постот, но незнам од кога почнува .. Ја читам Snow-Queen дека почнува тој период, но на страната на МПЦ читам сосема поинаку. Дали ќе може да пише некој што знае од кој до кој датум е постот? Бидејќи ќе постам првпат за Велигден, ме интересира со што изобилува вашата посна трпеза во текот на постот. Што треба, а што не треба да се јаде и сл.? Во прилог, Православниот календар за 2012 година: http://mpc.org.mk/Kalendar/mesec.asp?mo=2
Значи секогаш Велигденските пости почнуваат по Прочка, то шо значи понеделникот бидејќи прочка секогаш паѓа во недела, а оваа година тоа е на 27.02 btw и јас ќе си постам да ми олесни на душичкава
Ти благодарам Mameha Дали можеш да споделиш какво ќе ти биде менито на јадења во текот на постот. Еве да речеме што би јадела првата недела? Значи првата и последната недела е без зејтин, така? Поздрав
Не се јадат млечни производи и производи од животинско потекло, ништо мрсно. Јас нема да ги постам првата и последната недела без зејтин, бидејќи нема да се причестувам. Добро, може само последната без зејтин, онака за крај.
Да се надоврзам, и не се пие алкохол а во никој случај црвено вино. Прочка е секогаш денот пред почетокот на постот, да се простат грешките и со чиста совест и душа се започнува со постење. Јас порано постев секоја година и тоа по 7 недели, ама после од здравствени причини не смеев...оваа година ќе пробам ама до каде што ќе издржам, не сакам да се заречам. Сега барем е лесно компир, ориз, посен кашкавал, соја, посни макарони и шпагери, сите видови овошје и зеленчук, се има за јадење, само треба да се има воља...ништо друго.
Епа и покрај тоа што некој не го оправдуваат еднонеделното постење сепак јас само една недела ќе постам за причест и тоа првата ради Х причини, а ако би било грешка да се пости една недела тогаш зошто даваат причест в црква, сепак не мислам дека е грешка што така правиме да постиме само по една недела, нормално е дека е поубо да ги испостиш сите 7 недели ама реков ради Х причини кој можи кој не можи. Е сега јас за таа една недела менито ми се состои од: мармалад, чај, гравче посно, ммногу овошје,зеленчук, леќа, ориз, компири варени, и никако масло, алкохол, цигари, кафе, секс, бакнежи, без лоши мисли и уште многу работи