Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велигденски пости

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Milickaa, 15 февруари 2010.

  1. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    не смее бакнување?затоа што јас сакам да постам само првата недела...не смее? :(
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Aко сакаш да се причестуваш не смее. Ниту бакнување, ниту нечисти мисли. :)
    А за виното јас сум слушнала дека може по една чаша, само умот мора да остане чист и незаматен. Од поп го имам слушнато ова.
     
  3. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Јас нема да одам во црква таа недела затоа што ќе имам добиено но сакав постот да го држам но незнам петок сабота...без бакнување..леле луѓенца :(
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Де, една недела е во прашање само.
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Алкохол 100% не може, гарантирам, тврдам и потврдувам.
    Секс и друг вид општење мислам дека и тоа не.

    Ипак покрај храната многу побитна е психичката, внатрешната, духовната страна на човекот.
    Без црни мисли, без пцовки, минимални нервози, толеранција и сл.
    Зошто постот е со цел прочистување на духот и телото.

    Јас кога постев на секоја пцовка си го гризев јазикот, со оглед што пцујам ко кочијаш, добро е што цел ми остана.
     
    На Serafima и icegirl им се допаѓа ова.
  6. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Јас почнав со постите. Неделава без зејтин, без риба, без маслинки, без кафе, без вино, без секс, без бадеми... Следната недела може да се уклучи некоја компонента...

    Ајде со лесно нека е, и многу чисти души после постот!
     
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Леле ич не сум по овие работи, но ме интересира зошто без бадеми? :^)
    Јас почнав да постам, само една недела, поим немам што да јадам, што не. (еве на пример прв пат читам за бадеми) Јас денес, само леб и мармалад јадев. За тоа знам. (ќе постам со зејтин)

    Чисто онака земав, зошто сакав да пробам,откажав и диета и се, а никогаш до сега немам постено, дома мајка ми католик, татко ми не е нешто верник голем.
    Нема кој да ме научи.
     
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.198
    Не постам ама имам член во фамилија што ги почитува овие работи ептен. Што се однесува во однос на исхраната постењето преку недела е и без зејтин,а сабота и недела може да се вклучи во исхраната. Последната недела од постот е најстрога и не смее ни зејтин ни риба и не знам што друго беше. Исто така во текот на целиот пост алкохол никако,дури ни цигари. Без секс, лоши мисли,пцуење и сл.

    Е сега има и една друга работа што многу луѓе ја занемаруваат,а по правило без тоа не би требало да се причестите. Секој треба да си има свој отец духовник кој што ќе му го благослови постењето. Зависно од здравствената состојба или работното место може да има некои отстапки ( не за месо, туку по некогаш за млечни производи и зејтин), на пример луѓе што се изложени на радиоактивни зрачења мислам дека имаат некои мали отстапки во постењето. И да, исто така уште една многу важна работа, пред причестување треба да се исповедаш кај духовникот. Малку и од религиски аспект испадна дел од мислењево,ама не е лошо да се знае.
     
  9. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Дајте ми идеи што све смеам да јадам затоа што еве денеска за прв пат почнав и јадев варен компир мармалад леб овошје краставички...Ќе постам без зејтин цела недела до причеста во сабота кога ќе одам во црква.... :)
     
  10. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Drugarka, нема да јадам бадеми, кикирики, ореви, сончоглед и сл. зашто нели тие се богати со масти. А неделава целосно ги исклучувам масните работи од исхраната.
     
  11. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Јас денеска ќе јадам боранија, можеш грашак или некоја таква зеленчукова мешавина, со салатче и нормално нели без зејтин ;)
     
    На mamita му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ореви,бадеми,лешници може,имам читано некаде манастирски посни рецепти со овие додатоци.
    Јас постам без масло, вчера јадев варен ѓеврек,за ручек супа само со вода,вегета,морковчиња и посно фиде,а за вечера леб и пипер.Засега добро ми оди.
    Нека Ви е лесен постот и Бог нека Ве Води.
     
    На Serafima и soncenceto.matea им се допаѓа ова.
  13. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    јас оваа недела не се причетувам бидејки добив и секако дека ќе имам мензис до сабота па здравје наредниот пат. Си постам со зејтин неделава и за доручек сега ќе јадам посна паштета, со домат, пиперки и посен мајонез. :D
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Јас вчера денот го поминав со овошје само (мандарини и јаболко) и вечерта лажичка мед.
    Денеска доручек повторно овошје, а за ручек варен компир со суви пиперки сварени, истолчено сето со малку лук и сол.
    Ако имате суви домати, ставете ги малку да набабрат, и додадете ги.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Девојки а во лебот, геврек или макарони има масло или некоја таква ствар?
    Јас искрено не сум многу по кулинарските вештини, баш лебот незнам како се приготвува :$
     
  16. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ѓеврекот варен е без масло,а макарони има посни само од пченица и вода.
    Денес моето мени е: за доручек јаболка ,ручек варена леќа и вечера леб и мед.
     
    На marija.hana.una му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Моето мени
    Доручек - Цеден портокал, Јаболка, суви смокви
    Ручек - пак овошје, свежо и суво
    Вечера - (можда пак боранија да јадам, ми остана од вчера, а може и гравче да си напраам) секако со многу свежа салата.

    Леб не јадам воопшто. Пијам мноогу чај и вода. Ми фали кафе ама ќе издржам мушки до крај. Се зареков на строг пост неделава.
     
    На mamita му/ѝ се допаѓа ова.
  18. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    81
    Кафе не?? Зошто не? Па јас за да може да ми е полесно, си пијам по едно- две на ден турски без шеќер... :|
     
  20. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    За кафето сум слушнала дека се пропржувало на масло, затоа.
    Се повикува Серафима да ни ја разреши дилемата... :)
    Како и да е јас ќе го исклучам неделава.