Ова ми е прв пат како постам, си реков уште од лани за оваа година дека сакам да постам. инаку мене баба ми ми кажа дека ако постам до велигден значи можам да јадам се што е посно и таа недела пред велигден без зејтин и риба, не ми е јасно зошто некои и оваа недела ја постат без зејтин?? а нели растителниот кашкавал е посен, мислев утре тоа да јадам? а денеска еве што јадев и планирам Доручек: посни колачи, смоките стоби флипс црвени и една банана и едно јаболко ручек: правам грав манџа вечера: нешто овошје во случај да ми се пријаде измеѓу си пијам чајче, вода, баклава инаку јас пак немам никакви проблеми со кафето, а и не ни пијам редовно можеби затоа
За тоа дека се пропржувало на масло, сега прв пат слушам. Не сум знаела. Целата работа за тоа зошто најмногу се одбегнува кафето, е затоа што кафето на повеќето луѓе му претставува еден вид на задоволство,уживење, но не и потреба. Затоа не се препорачува во строг пост, за да ни биде храната попроста и вистински да го почувствуваме постот. Кратко кажано: Ако можете воздржете се, но ако ви е од потреба, пиете го. Спојлер Пример јас честопати имам напад на мигрена. Воопшто не пијам кафе, ама пак кога имам мигрена, пијам кафе и главоболката ми поминува. Тоа ми е лекот, па и ако добијам напад во строг пост, јас би се напила. Сепак го чувствувам како лек, но не како задоволство.
Ја постам првава недела без масло и ќе се причестам во сабота,а и последната недела планирам само да не се зарекувам здравје
И јас постам без масло , во сабота ке одам да се причеснам , ... сто милите дали во сабота после причесната можам да постам ама со масло или да издрзам и сабота без масло , планирам да го постам цел пост. Инаку за кафето прва пат слушам , јас си пиев кафе , но еве сега од ко дознав нема да се напиајм до причесната. На здравје да ви е постот на сите
Ме интересира сите вие што имате напишано дека оваа недела постите без масло, и ќе се причестите во недела, после причеста ќе продолжите или само по една недела си постите?
Првата недела се причестува во сабота, инаку ако се причестиш значи прекинуваш со постот, а доколку решиш да продолжиш не се причестуваш барем јас така знам.
Мила продолжи си да постиш со масло (во сабота и недела). Ако можеш и сакаш, можеш да постиш без масло од понеделник до петок (најправилен пост, за целиот пост, сите 7 недели), но ако не можеш, слободно пости со масло. Риба се јаде само за св. Благовештение и Цветници. Да не се заборави . Ако мислиш на пост без масло (да го прекинеш тој пост), можеш слободно да продолжиш на пост со масло. Мила, ако мислиш потполно да прекинеш, подобро не се причестувај. Подобро да не се причестиш, отколку да се причестиш и продолжиш со мрсна храна. Морам да ти кажам дека ќе направиш голем грев .
Не е убаво така да се практикува? Јас па знам многу луѓе што ќе испостат една недела без масло, ќе се причестат и после не постат веќе. Прв пат слушам за ова од тебе. Ама па и не е логично некако така да се прави.
Навистина е така, ако одиме по правилата за постот. Светите отци ги споредуваат со Јуда, сите оние луѓе кои тоа совесно го прават. Го предаваат Господ. Зашто и тој на Тајната Вечера се причести со сите апостоли, но сепак излезе и го предаде Господ. Така и сега. Едноставно сакаме да го излажеме Господ. Постиме, се причестуваме, а потоа пак по старо. Не само со мрсна храна, туку воопшто не воздржание за се друго.
Намерно го поставив прашањето затоа што знам многумина кои постат една недела без масло се причестуваат и после пак јадат мрсна храна. Знам дека е грев тоа, но многумина го прават. Правилно белигденските пости се постат без масло, единствено во сабота и недела мислам се јаде масло. Но тоа е многу тежок пост, па најчесто луѓето постат со масло и една недела пред причест без масло. НО најдобро е за тоа да се разговара со отец и тој ќе ви каже. Може некој е болен па сака да пости, не може без масло. Како и да мој совет ако веќе се причестувате постете ги целосно постите. Мене за време на пост не ме загрижува толку храната колку духовниот мир. Да се смириш целосно, да не се расправаш со никој, да постиш со срцето и душата,да знаеш се покаеш.. тоа за мене е вистински пост. Нека ни е лесен постот.
Jas denes se pricestiv postev bez zejtin..I ke prodolzam da postam kolku sto mozam, a ako mozam i poslednata nedela bez maslo ke postam.Inaku ima mn jadenja.. na pr BEZ ZEJTIN :Grafche,Mandza so kompir,Blag oriz ( namesto mleko voda kje mu staish), Kompot , Marmalat , Ovozje banani mandarini portokali jabolka, med ii dr ne mi teknuva.. SO ZEJTIN ima pOve: Kompiri przeni vareni..,Ajvar,Supa posna,urda posna,kaskaval posen,Soja,zelka salata, turshija, grafche, manza so kompiri,gjevrek,gricki solenki smoki blabla.. .Ima poveke ama me mrzi da pisuvamm )
колку луѓе толку мислења,не знам чие мислење е правилно но јас вака планирам здравје да постам.од чисти понеделник постам со зејтин и ќе го употребувам се до пред последната недела пред големата недела т.с. последната недела од велигденскиот пост ќе ја постам без зејтин и кафе.во првиот мој пост пред неколку години постев 7 недели без масло и верувајте беше многу тешко да се издржи сега со текот на годините се реков дека ќе го употребувам зејтинот,а само во последната недела нема.за време на пост конзумирам грав,компир манџа,варени компири или печени,тавче ориз си компири одозгоре,варен ориз,печени лепчиња со кечап,посни житарици,многу овошје и зеленчук.
Ќе постам последната недела, Бидејќи неможам сега имам тренинзи ми треба енергија, многу сум активна. и така.
^ако може дата да ми напишеш, не ги знам по ред кои како одат постите прва година ми е и затоа, од кое до кое дато?
И ако веќе се изјаснив дека не сум верник, од постите го прифатив делот на постот кој се однесува на исхраната. Прв пат ги постев минатите Божиќни пости, пред се затоа што претерав со чоколади и кафиња - таков ми беше периодот, немав време за нормална исхрана. Не ни планирав да ги издржам сите пости, ама само што почнав, секој ден наоѓав некоја нова убава страна. Хајлајт е дефинитивно рибата - многу сакам риба, а ова беше изговор да ја јадам речиси секој ден - туна во конзерва, димен лосос, пастрмка, што има по ресторани... и тоа не делува како да претеруваш со барањата па бараш риба, туку постиш, нормално е. Друг момент е путерот од кикиритки, кој многу го сакам, ама немам навика да го јадам. Се изнапив секакви можни чаеви, по неколку дневно, и открив нови вкусови кои не сум ги пробала претходно. Уживам во баклава и гурабии, кои при чоколадо на располагање, не би ги пробала. Никогаш немаше да посегнам по малиџано - го доживував како варијација на ајвар, кој патем ич не го сакам. Многу сакам да јадам и печурки, а ова е одлична можност да уживам во нив секој втор ден. Има денови кои со сласт јадам леб и еден зачин - италијанска мешавина, што содржи сол, рузмарин, и не знам уште што, а јас сум ненормално навлечена на него. Уживам во вкусот на печен компир, без месо во комбинација, а питата со праз со готови кори до крај на постот ќе ја доведам до совршенство . Ниту еден друг период нема такви гевреци како во време на постите!. Дури и во маалскиот млечен ресторан прават симит погачи за викенд - а инаку ги прават само преку недела, па за викенд ако „правам“ појадок таму, завршувам со бурек, наместо со посакуваната симит погачи. Гурман си е гурман . Задоволство може да се најде во секоја храна. Се прашувам само - да бев верник, и да требаше во постот да имам откажување од задоволства вклучувајќи ја и храната, како ли ќе го постигнев тоа? Што и да јадам, си наоѓам начин да уживам во него! Откажување од задоволство би постигнала само ако ми се забрани пристап до храна