Постам без зејтин, а имам дома едни бисквити во составот пишува билна маст. Мајка ми вика дека можам да ги јадам, јас мислам дека не се посни. Знае некој да ми каже дали се или не?
Сончогледот го јадете за време на постењето без зејтин, бидејќи мајка ми ми вика дека од него прават зејтин па демек не се јадело, вие јадете?
И јас се прашував за оваа билна маст да ми каже некој... а инаку не јадам сончоглед за секој случај, мислам дека е мрсен.
И јас се соочувам со истиот проблем, исто така оваа билна маст постои и на посните суми. Ако има некој да знае нека ни каже. Фалааааааааааа
Има посни бисквити, најчесто на нив и пишува дека се посен производ. Важно е да нема млеко, сурутка, млеко во прав, јајца... Растителна маст е посно, може да се јаде. Јас не сум слушнала да не може сончоглед затоа што од него се правел зејтин?? Нема логика, масло се прави од различни растенија, тоа не значи дека не смее да се јаде. Мислам, може да се прави зејтин, ама се уште не е зејтин. И штом постите, најдобро е да си прашате свештено лице, вака по народот, колку луѓе, толку мислења. Јас кога постев си прашував една постара колешка чиј татко бил поп, учела од него, таа ми беше најточен извор. Ама и таа секогаш вели „Јас така знам“, се оградува, не вели 100% е така.
Состав: Пченично брашно, шеќер, билна маст, глукозен сируп, средства за нарастување сол, емулгатор-соја лецитин, природна идентична арома (ванила), пченичен глутен и млечни материи. Еве го составот. Во секој случај не ги јадам, ниту пак сончогледот. Леб, мармалад, мед, костени... и така натаму.
може да се јаде гравче и леќа манџа не потпржени без зејтин, компири варени без зејтин, цвекло, салата без зејтин, шпагети и макарони само со зачини, овошје, зеленчук, сушено овошје(на пр. грозје), има доста јадења како за една недела, доволно да преживееме
и јас ја постам оваа последна недела, сакам да се причестам...има доста работи што може да се јадат, една недела не е многу, може да се преживее..еве јас денес си јадев варен зеленчук, утре варени компири, па варен ориз,јаболки, било какво овошје и навистина мене барем не ми е тешко
девојки... ај ако некоја знае нека ми кажи кога има причесна последнава недела од постењево?? дали ќе има во петок и во сабота сабајле??? фала однапред
Колку ми е криво што не можев оваа година да постам. Причината се здраствените проблеми Но како и да е четврток и петок ќе постам, барем тие строгите.
И јас постам,ама оваа последна недела ја терам со строг пост и сега да прашам,ме интересира дали смеам да јадам ореви? нели дека и од оревите се прави масло,исто како сончогледот,бадемите и сл. ? Ајде ве молам за одговор..
Причесна ќе има во четврток, во сабота и во недела за Воскресение . Само во петок нема да има. Слободно можеш да јадеш ореви, сончоглед, маслинки, бадеми... Само не треба да се приготвува храната со масло .
Како сакаш, јас тие ќе ги постам без зејтин и повеќето луѓе што ги знам обично тие ги постат без зејтин. Сепак ти си знаеш, дали можеш да издржиш и се тоа, ако не, па пости си со зејтин.