Јас без зејтин постам оваа недела пошто сакам да се причестам во сабота и мислам дека мармалад од толку што јадам секој ден, веќе нема да сакам да пробам годинава
i jas postam ovaa nedela без зејтин, од понеделник до воскресението, до понеделникот не постев, а убаво е човек да ги почитува постите, многу е здраво, се прочистува организмот, а и се покажува вербата кон бога, моите родители се постари, у ги постат речиси сите пости и немаат холестерол ниту притисок, а другите роднини не постат и постојано се на “диети“, и пијат апчиња за холестерол и висок притисок
Па зависи кога ќе се причестис. Ако се причестип во Сабота можеш да се омрсиш вечерта, но ако планираш да се причестуваш во Недела, не смееш вечерта да се омрсиш дури не смееш ни вода да пиеш додека да се причестиш. А ако не планираш да се причестуваш можеш слободно во сабота вечер да се омрсиш
Јас имам едно прашање.Дали ако има некој починат од фамилија во последниве месеци,ние смееме да се причестиме. Слушнав од една жена дека ако има некој што починал не смее да се причестуваме. Ај кажете ако знаете случајно.
^Јас мислам дека смртта на некоја личност од семејството/роднините не е причина за човек да не се причестува. Никогаш порано ова не сум го чула. Патем, колку повеќе се причестуваме, толку подобро.
Не е така. И јас го делев истото мислење се до лани. Свештеник од Св. Јован Бигорски ми кажа дека баш напротив треба да постиме кога имаме такви случаи и да се причестиме. Само не стигнав да прашам за причината, зашто имав уште многу прашања... Само сум сигурна дека можи.
и јас мислам дека може да се причестиш, ако веќе си постела, зошто да не, сепак прашај некој свештеник денес или утре, причестата е недела наутро, после литургијата
Планирав утре да се причестам, ама ко за бељата еве денес ми дојде. И сега знам сум чула дека неможе така да се причестиш. Ве молам нека ми каже некој, да знам што да правам, многу ми е криво.
Сега ми кажаа дека требало утре сабајле,т.е. во сабота да се причестам,а не во недела. Може и во недела,нели? Колку трае литургијата после воскресувањето,цела ноќ или...? Може прашувам глупости
Што подразбираш ти под верна христијанка ? Или доволно е тоа "Јас верувам во Господ" ? Не се мешам во твоите одлуки,меѓутоа што е толку тешко да се пости ? Јас мислам дека барем еднаш и можеш.Исус кој заради нас бил малтретиран и ние еднаш да не можеме да издржиме да постиме,што не е ни упола од тоа што тој го претрпел.
Vo vrska so prvite prasanja za toa deka ne e fer nekoj so posti edna nedela samo da se pricesti, ete go odgovorot: Carstvoto nebesko lici na domakin koj izleze nautro rano ds naeme rabotnici za svoeto lozje, pa stom se pogodi so rabotnicite po gros na den, gi prati vo lozjeto svoe. Potoa koga izleze okolu tretiot cas i vide kako drugi stojat na pazarot bez rabota im rece: Odste i vie vo moeto lozje, pa sto e pravo ke vi dadam i tie otidoa. Pak izleze okolu sestiot i devettiot cas i napravi isto. A okoku edinaessetiot cas odnovo izleze i najde drugi kako stojat bez rabota i im rece: Zosto stoite tuka cel den bez rabota? Tie mu odgovorija: Nikoj ne ne povika. A toj im rece odete vo moeto lozje i sto e pravo ke dobiete. A koga se stemni gospodarot na lozjeto mu rece na svojot nastojnik: Povikaj gi rabotnicite i plati im, pocnuvajki od poslednite pa do prvite. I dojdenite okolu edinaesettiot cas dobija po eden gros. A koga dojdoa prvite pomislija deka ke primat poveke, no i tie dobija po eden gros. I stom dobija nagoduvaa protiv gospodarot i velea: Onie poslednite rabotea eden saat, a ti gi izednaci so nas, sto ja pretrpivme tegobata na denot i zegata. A toj im odgovori i rece na eden od niv: Prijatele ne te onepravduvam; neli se pogodi so mene za gros? Zemi si go svoeto i odi si; i na ovoj posleden sakam da mu dadam kolku i na tebe; zar nemam pravo da cinam so svoeto sto sakam? Ili ti e okoto zavidvo dar? Ova e samo edna od prikaznite sto gi kazal Isus za da razberat lugeto