Лани желатинските бои ги купив од Тинекс, ама гледам оваа година немаат. Знае ли некој каде можам да најдам желатински бои? Лани ми испаднаа супер, и плус децата супер се забавуваа додека ги правеа
Јас ги сакам традиционално, црвени. Не сакам жолти, зелени, плави...се знае велигденско јајце каква боја е И најубави ми се со листови кога се варат (од цвеќе, дрва или лушпи од кромид). Лани испробував некои нови ствари, па си земав едно миленце (сите иаме по дома) со многу дупки, ситно правено, и со тоа ги врзував јајцата па ги оставав да се варат, така се правеа шари, интересно изгледаше, вака слично Оваа година сакам да пробам со некои чипкани работи, од стари сукњи, блузи, па и завеси овде има клипче како се прават http://www.marthastewart.com/264362/lac ... ide=264362
И бидејќи не ми се дополнуваше постот еве ова и ова е интересен и лесен начин и се добиваат стварно оригинални бои и фигури, но прочитав дека јајцата баш и не се за јадење кога се варени со материјалов http://www.youtube.com/watch?v=XEQba6s5SM0
Mnogu vazno prasanje - kakvi boi za jajca kupuvate? od kade? koj proizvoditel? Lanskite mi bea totalno promasuvanje, pa morav da gi maskiram so lepenki.....ne bi sakala i ovaa godina da mi se povtori istoto [mod-kirilica:3i38smau][/mod-kirilica:3i38smau]
Најубави јајца мене ми излегоа кога купив бои од бојаџиите што фарбаат текстил. Ама некогаш многу зависи и до јајцето, т.е. до неговата кора. Ова ми е најновата велигденска декорација
Не купувајте бели јајца. Многумина мислат дека на белите јајца поубаво се фаќа бојата, ама не е така!
Јас му се мислам дали да купам фломастери и неколку бели убаво да ги ишарам, ама пак страв ми е да не се размачка фломастерот,што мислите?
Првпат слушам за ваков начин на шарање јајца. Но можеш да пробаш со едно јајце, па види дали откако ќе се исуши фломастерот дали ќе се размачкува при допир од рака. Ако имаш бело јајце пробај веднаш, па кажи ни.
Хеј девојки, да прашам како се користат оние бои во тубички или шприцеви како и да е, мислам дека на пареа се правеа.... за да изгледаат шарени како прскани јајцата? па после врз нив кристалите....ај малку да ми објасни некој сакам годинава да правам такви јајцаа
http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2 ... st_08.html Јас ова дефинитивно ќе го пробам оваа година, ми изгледа многу убаво..
Ова не е баш јасно,салфетката после се одлепува? или во суштина јајцето е обвиткано во салфетка залепана со белка? и дали белката врз салфетката или под? Ова баш обратно од се што пишува на темава,сигирна си? ако има некој друг вакво мислење нека ни пише,нема уште многу време
Црвената боја најдобро излегува на жолти јајца, а останатите бои (розева, жолта, сина, зелена, виолетова...) дефинитивно се поизразени и почисти на бело јајце. Проверено, мајка ми секоја година така ги фарба и нема утка! Ова со салфетите (од линкот погоре) ми изгледа доста интересно, би сакала да го пробам... А кога ќе се кршат јајцата нема ли да биде проблем лупењето затоа што ќе бидат обвиени со салфета?!? Исто убаво ми изгледаат и седефастите јајца, правени со желатин. Има некој искуство со такво фарбање?
а за кристали какви јајца,и усте едено прашање,дали може кристали да се лепат на јајца офарбани со седефаст желатин?