Епа тогаш ке ги ставам кристалите во водата без боја,каде сто се вареле јацата,па после ке ке ги мачкам во бојата.слободно смејте ми се ако тропам глупости за боењево
Девојки, да ве прашам, имал ли некој искуство со овие бои за јајца, ги гледам во Веро,,,, па не ми се експериментира,,,,
може да видите неколку станици наназад имам јас испробано со салфетки минатата година, и поставив слики, мн е лесно и навистина се интересни јајцата. Јас не ги ставав цели салфетките туку ги сечев сличината и ги лепев, а откако ке ги скршиш јајцата нема никаков проблем после со лупењето за да ги правиш јајцата со кристали најдобро е да не бидат претходно фарбани, да ги свариш, а потоа да ги ставиш во кристалите, да им се залепат кристалите и после има бои посебни за да може да си ги шараш јајцата со кристали
t.i.n.k.e.r.b.e.l.l јас пред некоја година имав земено од тие бои од Веро и ништо посебно не се ме разочараа дури а и не се ефтини. Лани најубави ми испаднаа со боите со зајче ама не знам каде ги има сега...а и нешто не сум многу расположена за вапцање јајца годинава претходно барав бои ко луда, желатински, восочни, за кристали, вакви-онакви техники за шарање, лепење..ама сега изгледа на црвено ќе се задржам.
мене многу ми се допаѓаат јајцата со салфетки така да одам денес по убаво дизајнирани салфети и се надевам дека ке испаднат убаво исто така планирам да правам и со кристали Па ке ви постирам
Според моето искуство дефинитивно не.Знаци јајцата ги вариш и во садот во кој ги вариш ги посипуваш со кристали и само благо ги превртуваш да се нафаќаат од сите страни.Кога водата потполно ќе се олади ,ги вадиш и дури се уште влажни ги накапуваш со бои.За кристали не е важна бојата на јајцето.Се надевам помогнав.
Фалаа ти многу, да не се баш ефтинки..... Затоа и се мислев.. Мајка ми секогаш вапца со оние бои за ткаенини, ги има во чаршија, со нив нема утка! И знаеме да земеме некоја нијанса на розеникаво од оние со слонче..
Домаќинки, во колку ќе стануваме утре за да фарбаме јајца? Во 6 часот изгревало сонцето, еден саат порано да станам доволно ли е?
Јас мислам дека се станува околу 4-5, пред да изгрее сонцето секако, така да добро ти е во тоа време да станеш.
Женски јас сега ги спремам јајцата и видов дека немам дома оцет вински (имам јаболков само) може ли без оцет да се исфарбаат јајцата , само со вода или?
Ajде девојки мала помош...каде да најдам убаво дизајнирани салфетки ...за да ги лепам на јајцата ? ако купувам од веро ќе треба само 1 вид и тоа 10 такви и послем ќе бидам шворц со пари...ајде помош...зошто ги немам сега тие што си ги чував и собирав ко мала
Нема везе стави јаболков, јас сум ставала, а без оцет потешко се фаќа бојата на јајцето. По правило треба алкохолен оцет ама таков не купувам и не користам. Имаш и во Тинекс убави и во сите поголеми маркети ама цените Можеш и од еднобојни да исечеш разни фигури и да ги залепиш - како поевтина варијанта
да но ако купувам од тинекс треба да купам знаете како по 10 а ја сакам и различни...мислев да не има во сева во џамбо по 1-2 што се продаваат..
По една две...помини по гости, кај што ќе ти стават во чинија, собери ги нема такви. Појди во други продавници побарај, стварно се скапи салфетите, ти побарај од оние 1нослојни што се, не од Палома или Перфекс