кошнички направив само 10 за најмалите Овие со салфетка ги правев прв пат, не се многу убави, али за прв пат добри се
Годинава не успеав да ги сликам моите, само ова,кое ми е најмилото јајценце од сите,ми го даде мачорот. Морав да го споделам неговиот талент. Сонце.
украс за јајца од домашни продукти *http://radmegan.blogspot.com/2012/03/seeds-tea-and-herbs-oh-my-making.html **
Домаќинки, јас имам едно многу важно прашање... Дали е возможно јајцата кои се офарбани со кристали да се исфарбаат со црвена боја? Односно само со црвена, бидејќи за овој Велигден ван домашната табла со јајца ќе ни требаат уште 120, кои мора да бидат црвени, само многу ми се убави овие кристаливе...
Јас колку што знам кристалите се ставаат заедно со бојата. Тогаш најдобро се фаќаат. Од сега се спремаш за Велигден?
Зошто да не е можно.. Можеш да си ги свариш јајцата со киселината како што си се прават обично и после на нив да нанесуваш само црвена боја како што тоа се прави со различни бои, само ти нели ќе им ставаш една. По мене најубаво обоени јајца со кристали се добиваат со оние прехрамбени бои што се продаваа во европа како во теглички, не оние што сега се продаваат последниве години растворени течни во тубички. Внатре бојата беше густа и по малку се зима и се тапка на јајцето (додека е мокро од водата) и баш имаше убава црвена боја таква.
не, најпрво се прават јајцата со кристали, значи бели јајца се варат со кристалите на нив најубаво факаат, а после има посебно бои и се шараат јајцата а на веке обоени црвени нема да ти се залепат кристалите на јајцата, а и веке се сварени така, нема да ги вариш два пати
Собирам искуства до Велигден, не сакам ништо да осавам за во 5 до 12, затоа што ќе треба со мајка ми 150 јајца да офарбаме. И сакам да најдам нешто што е едноставно за да не ги фрлам сите на крај од ц'цкање, а да изгледа пристојно, да не е само обично црвено јајце.
Еве убави светкави јајца меѓу кои и прекрасни црвени, но не ќе да се со кристали правени (дури ни на вистински не личат ) па може да каже evelyn993 како се правени. Спојлер