Какви бои користите за бојадисување на велигденските јајца? Јас ги бојадисувам со Танимак. Каде можам да купам поквалитетни бои?
Спојлер http://www.designsponge.com/2013/03/diy-easter-egg-decorations.html http://www.designsponge.com/2013/03/eas ... -ways.html http://blog.freepeople.com/2013/03/diy- ... ural-dyes/ http://torispelling.com/blog/post/diy-chic-easter-eggs неколку блога со убаво ишарани Јајца ( за оние кои имат потреба од машта)(
Забележав дека маркетиве (тинекс,рамстор,веро) годинава се преплавени со бугарски бои за велигденски јајца од најразличен тип (обични,во капсули,желатински,седефни...).
Фарбам од 120 до 150 јајца секоја година.... Техниката е во тоа да јајцата се варат на тивок оган.... Мене ми се случува да ги варам и по половина саат 30тина јајца... Најмногу ми имаат испукано 2-3 јајца од 150...
Ќе ги вариш на тивок оган и ке ставиш сол во тенџерето (нема мерка за количината на сол, како за макарони )
Па мислам дека тоа со солта се бабини деветини... и мене ми кажуваа вака така онака... но откако искусно лице ми посочи дека треба јајцата да се варат на тивок оган, па дури и 20 до 30 мин. од тогаш од 120 јајца ми имаат испукано максимум 2-3...
Уназад години сум презадоволна од палета боите (со зајчето)... имаат и желатински, седефни, кристали и слично... Ги има и на ФБ и имаат и на ЈуТубе упатства како правилно да постапиш за да добиеш убаво обоени јајца... Фарбаните јајца од боите ми искачаат преубаво.... Према мене се многу квалитетни....
Прошлата година пробав со овие бои, но најискрено не ми искочија јајцата убаво, ги платив прилично скапо како за боја за јајца не сум задоволна воопшто... Оваа година ке правам со Желатинската боја, сите ми ја фалат и викаат дека немало утка во обојувањето...
Сакам овој Велигден самата да офарбам неколку јајца. Сакам на најблиските, заедно со мојот, да им дадеме по едно јајце за среќа. И најубави ми се црвените. Само сакам да ги направам со тие кристалите. Многу ми се светкави така.
^ Извини karenin што ќе те помачам и ќе ти досадувам, но би сакала да те прашам со каква боја ги вапцуваш јајцата? Не дека не знам да вапцувам јајца, но оваа твоја боја досега не сум ја добила. Ја сакам баш неа, убава, светла црвена. Мене секогаш ми излегуваат или розеви или премногу темно црвени. Или најдобро да ми кажеш како се правиш од самиот почеток (варење, вапцување), да не ја утнувам тука работата . Да не има тука некоја мала тајна што не ја знам.
Serafima, камо среќа мене вака да ми испаднат јајцата. Ова ми се слики симнати од нет. Јас се надевам дека ќе ја добијам оваа боја бидејќи многу ми се убави. И јас би сакала да знам, од поискусните некој совет, како да добиеме ваква црвена боја. И мене ми е потребна целата постапка. Многу е убав овој религиозен празник. Сакам да си го поминете сите многу убаво. Во љубов и почит со најсаканите.
Тогаш ги бараме поискусните домаќинки на рапорт . Ве молиме за помош ! Како да добиеме вака убаво црвени јајциња? п.с. По можност пратете некоја сликичка од ланските јајциња, да видиме .
Жени, слики немам, годинашни ќе почекате до другава недела , ама знам дека најубава црвена боја излегува кога се вапцуваат јајца со памучна боја, онаа што се користи за јамболии, алишта и слично Дури и зелена, жолта и плава, лани тек и лилави имавме, и портокалови , се со тие бои, си купивме рефус таква боја од Прилеп, и ептен беа убави јајцата, црвените беа ептен крв црвени, баш како на сликата Кристали не сакам,. мене ми се нервозни и плус ми крцкаат на раце и ме фаќа скомина, ама затоа сите бои не се на одмет
Јас би ви препорачала да употребувате строго бои кои се наменети за јајца затоа што не се штетни по здравјето на луѓето. Лушпата на јајцето има пори кои пропуштаат било каква течност, да не заглави некој на инфективно Бојата каква ќе испадне не зависи само од бојата што е купена туку и од јајцето т.е неговата лушпа. Во мое скромно неколку годишно искуство се покажа дека жолтите јајца (не белите) поубаво примаат боја. Ако во канчето кога ги вапцувате јајцата видите дека не ви излегува како што треба т.е бледа е бојата тогаш ставите ги во тенџере сосе бојата на тивок огин уште 5 мин јајцата. секогаш имајте по 2 кесички боја за 10 јајца и ставајте алкохолен оцет а не вински или јаболков. Јас сум презадоволна од таа што ја постирав претходно, слика немам да ставам али на Велигден ќе има Редактирам - не ги варете во солена вода само на тивок огин за да не ви пукаат. Сол знае да ја зезне бојата и да не се офарбаат јајцата затоа што спаѓа во група на солите нели а бојата сака киселина - ова малку хемија
Овој линк ми го препорачаа на мене, за тоа како да исфарбам убаво Црвени Велигденски јајца, ви го препорачувам и вам, бидејки мене ми успеа да ги обојам убаво ланските јајца, после лошо обоените јајца од грчките бои.... Но на кесичето мислам дека пишува дека е за 20-30 јајца, јас си земав две кесички (за секој случај), и обоив околу 35-40 црвени јајца, останатите ги правев со кристалите... Погледнете го линков и внимателно читајте го упатството, Се надевам ке ви биде од полза... http://www.youtube.com/watch?v=8x1frVajkzc
Jас секоја година си купувам БАКАМ.Една кеса за 10 јајца.Тоа е многу убава боја. нешто како пелевина од дрвца е .Стварно убави се вапцаат.Ич не скапа.Природна е не штетна за организмоти не ги валка рацете. Пробајтеи сигурна сум ке бидете изненадени, пофалени...