На мајка ми многу и пукаа ама последниве 2 години ја смени бојата и не знам им става нешто па одлично и излегуваат.Најчесто ги фарба црвени а и мене ми се најубави, само неколку фарбам во боја и ги шарам за помалите во семејството
Бакамот што јас го купувам е за 20-30 јајца, и не е како пилевина, прашкаст е, и веке денеска си купив од истиот што и лани купив, од кој сум презадоволна. Но јас секогаш купувам по две кесички, ако пакетчето е за 10 јајца јас две кесички си купувам. На кесичето пишува Варзило-Палета. Погоре видов дека некоја особа има ставено и линк . тоа е тоа што го купувам. Оваа година ке фарбам како и секоја 120 јајца минимум. Ке се обидам да најдам слики од ланските јајца и ке постирам да ги погледнете.
Јас имам видено порано варзило како пилевина, порано баба ми употребуваше такво ама мене не ми се допаѓаше зошто јајцата излегуваа некако темно црвени, па дури и како кафени изгледаа. Makedonka84 каде ги купуваш боите на Палета 7? Секоја година имам проблем да ги најдам тие бои зошто во поголемиве маркети ги нема.
мене најмногу ми се допаѓаат црвени. кога бев мала нормално мораше да се шарени и шљокичасти и овој пат ќе бидат црвени, како и последниве 2-3 години.
Штета што немам слика да ви покажам колку убави јајца фарба мајка ми секоја година за Велигден, исклучиво црвени. Исти како на сликата погоре и јас оваа година како млада домаќинка мора да се покажам и да се потрудам јајцата да ми бидат најубави. Ја купува бојата од пазар со слонче на сликата (исклучиво таа) и еден ден претходно во тенџере со вода става 3-4 кесички боја оцет и сол (пишува во упатството на бојата) и ја остава водата да изврие, затоа што колку повеќе бојата стои, толку е подобра. Нареден ден става јајца, ама да не е преполно тенџерето со јајцата туку да има простор меѓу сите и додава боја колку што сака да и бидат црвени и постојано ги проверува со лажица. Од прилика уште 1-2 кесички на веќе обоената боја. Откако ќе ја добие саканата нијанса ги вади со лажица и одма ги става под чешма со ладна вода, никако триење со раце, се внимава да не се изгребат со лажицата и се ставаат на сува крпа за да не ви остануваат капки на јајцата. После 5 минути откако ќе се изладат се влажни крпа или салфетка со зејтин и нежно се тријат јајцата за да засветкаат малце.
Ги купувам од зелено пазарче... А еве и слики од ланските jajca... Ке ме извините за квалитетот на сликите...
Јас пак вака ги правам со Бакам.Прво одбирам јајца.Бели и по можност домашни.после Бакамот кисне една њок со оцет.Другиот ден берам ливчињаод багрем од јаготки,по можност помалечки.Ги лепам ливчињата , јајцето го ставам во хулахопка , па врзувам со конец и се така Го ставам бакамот и ги варам на тивок оган.Сол не ставам ама овде ставаат да се лупат јајцата оти ако се пресни не се лупат, а не за да фати бојата.Пола час ги варам и стојат во вода додека да се изладат. Штом се изладат го вадам секоеод хулахопката на оние книжни табли за јајца да се исцеди вишокот боја и да се исушат.Со памукче ги мачкам за сјај и да не пуштаат боја.Ке ги видите ај Обавезно ги сликам .На многумина и се допаднале, посебно на децата кои делат искрени комплименти.По нивните реакции ке видите дали сте ги погодиле јајцата. Црвени плус со сликички.
За да се така убави светкави јајцата мајка ми од кога ќе ги вапца,мислам дека одкога ќе оладат или додека се уште топли одозгора со крпче ги поминува со масло за јадење.
Како релативно млада домаќица и јас 4 години по ред вапцам со Бакам-Варзило некако ми е најбезбедно и најприродно,без разлика што сите останати бои кои се наменети за јајца се "безбедни" мене ми е шубе кога ќе прочитам од кај се и што се соджат. Една замерка ми е што бакамот не е повеќе ист како порано,кога бев дете и мајка ми ги вапцаше со варзило кое беше со друг квалитет Подобар. Затоа снбдете се со повќе кесички во зависност од тоа колку планирате да фарбате една кесичка е доволна за 20-30 јајца но јас за 30 јајца ставам 2 кесички варзило и поубаво ми фаќа баш убава црвена боја (ако најдам слика ќе постирам) Поубаво фаќаат жолтите јајца за разлика од белите,јас ги варам на најтивко и досега дали 2-3 ми испукале. Лани покрај црвени правев и декупаж кои исто ми искочија фантастични ама си бараат повеќе време и трпение за такви јајца се потребни бели јајца,салфетки по свој избор,четка за премачкување и белка од јајце разматена како фиксатор. Би му дошло вака (сликата не е моја)
Еве една идеја за вашето прво вапцано јајце . Многу години ги меркам, ама оваа година морам да направам барем едно .
http://www.kafepauza.mk/zivot/10-origin ... ite-jajca/ http://www.kafepauza.mk/zivot/napravete ... ski-jajca/ http://www.kafepauza.mk/zivot/kreativni ... ski-jajca/ http://www.femina.mk/забава/слободно-време/бојадисување-на-велигденски-јајца http://www.femina.mk/забава/слободно-време/велигденско-украсување-на-јајца
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕеееее, Веќе им бапнав сол и почнав да ги варам. Не ми е сефте да фарбам, но оваа година прв пат земав од грчките бои што ги препорача slavica999. Ај да видам како ќе испаднат. Лани не бев задоволен. Ќе ги оставам сега на кец па идам да дремнам до 4 . Утре сум на работа.
za mn godini domakinki.gi vapcavte prvite jajcinja?jas da jas ke gi ukrasuvam so livcenca ovaa godina.mn mi se bendisvaat taka.pozzz do site domakinki i za mn godini da ni e.
И јас и сестра ми станавме уште во 4 часот и ги исфарбавме првите три јајца. Ги ставивме во мала корпа, покрај прозорецот да ги фати првиот сончев зрак. Многу им се радувам на нашите празници, поготово на овој. Сега чекам да се врати сестра ми од работа и да ги исфарбаме и преостанатите. Купивме желатинозни бои, веќе трета година со нив ги фарбам јајцата и многу ми се допаѓаат. Штом бидат готови, ќе ставам слика да ви се пофалам
Јас со години ги користев бугарските бои од кесичка, бидејќи се прехрамбени и да пукне јајцето не сум се секирала. Годинава направивме само црвени со варѕилото од Палета и излегоа преубаво. Варѕилото го купив од Зелен пазар, го има на многу тезги и чини 20 денари. Со ќерка ми направивме повеќе работи за декорација со јајца од стиропор, коноп, орнаменти, глина и сушени цвеќиња. Кажете како ви се допаѓаат!