И јас денеска ги вапцав јајцата. Во тенџерето ставив сол (и тоа многу сол), киселина (за подобро да фати бојата) и ги варев исклучиво на тивко. Верувале или не, на овој начин ниту едно јајце не се скрши. Ама и јајцата беа убави. Обавезно вапцувам жолти јајца, зошто белите излегуваат розеви. Иначе купив боја што оди се продава на лајче (бакам ли се викаше, не ми текнува), едно лажиче е доволно за 15 јајца. (лажичето е 20 ден.) Има потемна и посветла боја, јас секогаш мешам од двете и доаѓа црвена боја кон потемна црвена. (Мислам дека речиси и нема незадоволен од оваа боја).
Можеби сте пишале, ама не можам да најдам. Сакам да вапцам јајца со тие кристалите Може некој да ми ја објасни постапката? Прво се прават со кристалите после со боја или обратно ?
На тивко се вараат за да не се скапат внатре, инаку ние ги ставивме на 3, оти ако ги ставаш на 1 или 2, повеќе време треба да чекаш да се свараат, а така на 3 отприлика за 30 мин. се готови
Еве ги и моите први три јајца сликани на првиот утрински зрак од сонцето... Нека ни е Среќен, Бериќетен и Благословен Велигденскиот празник....
Готови се! Пет направив скрос црвени, а уште пет црвени со кристали. Две веќе си смувта моето куче, бидејќи ми напукнаа, а и морав да им ја видам внатрешноста. Првите пет ми се полу живи, а другите се супер . Бојата некаде фати, некаде не . Како за први јајца си ги сакам. Идната ќе бидат уште подобри (полоши од овие не ни може ). Ги сликав од најдобар агол. Спојлер Мајка ми само да знае какви глупости правам, утре ќе и кажам да се насмее малку.
Тоа е направено со изолир и многу ми е криво што не направивме повеќе такви Здравје, за наредна година веќе знам (ова беше тест) Можат да се прават секакви шарки со изолирот, го сечеш во каков сакаш облик и го лепиш на јајцето. (на бело јајце) Потоа го фарбаш во бојата која сакаш да ти биде основа. Мора изолирот убаво да се залепи на јајцето, зошто ако не е убаво залепен при варењето се вади. Можеш исто така прво да го офарбаш јајцето со една боја, па да го залепиш со изолир, па потоа пак да го офарбаш со друга боја.
Јас денес ке си вапцам јајца.Не сум којзнае колку по вакви обичаи,ова го правам зошто ми се интересни,а не за глупости...Мајка ми ми се дере дека денес не се вапцале јајца ама мене ич не ми е гајле....... Нема да правам многу,едно 5 јајца...
А да почекаш до утре и да најдеш некоја идеја на фемина.Штом мајка ти така вика мора да има причина за тоа.Денес е многу голем празник. Мора ли денес, може и утре само да не се лути мајкатти . Најдобро се вапцуваат во друштво.Така испагаат најнајубави .Еве ние сите заедно ги вапцуваме, мене ми беше интересно .Јас научив нешто од нив , тие од мене , се смеевме оти си ги направивме рацете лом. После биравме кој направил најубаво јајце.Верувај многу поинтересно ке ги вапцате заедно.На мајкати ке и биде посебно драго.
Јас ниту верувам во Господ ниту за мене е празник. Поголем грев е да удреш некој по глава со сета сила и тоа женско само заради себичност.Нели? Инеку се изнагледав преубави слики,браво,мн убави јајца.
Јајца се вапцаат четврток пред изгрејсонце и во сабота наутро. Само во петок не. Дури и некаде имам прочитано ако му се потрошат вапцаните јајца некому, се довапцуваат и до трет ден Велигден.
Сум заборавила да пишам...ова се моите велигденски јајца Спојлер Да не помисли некој дека се онака ставени...