1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велигденски јајца

Дискусија во 'Рецепти' започната од cindy, 27 март 2011.

  1. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Инаку заборавив да кажам дека јас велигденските јајца на крајот ги премачкувам со зејтин за да добијат поубав сјај ;)
     
    На mira.mira и marama им се допаѓа ова.
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
     
  3. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    20
    Јас вака ги бојадисувам јајцата=на памук ставам од 4 разлицни бои и потоа го завиткам јајцето стои околу 5 минути и е веке бојадисано.Испагат многу убави и саени во сите бои.
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    И јас ја знам таа финта.
    Ама тие што ке ги правите со кристали, не ги мачкајте со зејтин :)
     
  5. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    каква боја и само од бојата ли ставаш вода или нешто друго нели треба
     
  6. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Со мајка ми ги украсуваме заедно. Најчесто имаме неколку црвени, а другите шарени.Шарените ги правиме со боја за јајца во капсули и на салфетка капнуваме од секоја боја и јајцето се мота во салфетата,по некое време се одмотуваат и секое јајце е различно едно од друго.Немам ниедна слика од јајцата да видите како излегуваат но ветувам сега за велигден ќе сликам и ќе ставам слика. :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Мајка ми и баба ми ја имаат оваа задача дома... јас најмногу ги сакам да се сите црвени, а потоа дополнително украсени со разни сликички. Не ги сакам во разни бои.
     
    На izaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    Јас секоја година правам по неколку црвени а останатите се најшарени:со кристали,со лепенки,па во најразлични бои со кристалчиња ,сатенски ленти мониста и сл. Во секој случај уживам кога ги правам,само за жал немам слики, ајде оваа год. ќе ги сликнам.
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Многу си ги сакам а немам време да ги фарбам затоа што скоро секој Велигден сум на пат :(

    Порано кога бев дете, нормално си фарбавме јајца а потоа мајка ми со скалпел црташе на нив гребејќи, право уметничко дело ни беа. Сите деца доаѓаа кај нас по јајце :lol:

    Сега кога можам, си купувам веќе готови и си го китам станот.
    Минатата година во едно дуќанче на приземје во Буњаковец најдов преубави црвено-бели, карирани јајца и годинава си ги извадив повторно.

    Инаку оваа година се водам со правилото - тоа што не ти е вкусно, не го фарбај. Така да чоколадните јајца ќе доминираат на мојата трпеза. Варени јајца и онака не јадам. Ќе си земам по едно чисто за кршење :)
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    Сакам да фарбам јајца со децата и нивни другарчиња, ама после тоа ако може да не кречам и реновирам по дома :D
    Има ли некоја боја што се нанесува без јајцето да се вари во бојата, или евентуално на сварени во боја да се нацрта нешто се некаква боја што нема да ти остане на прсти кога ке го земеш јајцето во рака?

    Ако нема алтернативи - ќе си земам јајца од стиропор, и ќе ги боиме тие. А со оглед на тоа што децата се прво одделение па и помали, можеби најдобра опција е само да лепат сликички на јајцата.

    Може ли некој да ми објасни како се користат желатинските бои? не сум баш искусна на тема велигденски јајца - обично сум ги добивала како готов производ, аа оваа година имам голема желба да си ги правам сама :)
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.095
    Допаѓања:
    155.625
    Ариел,боја за јајца ко за малишани,а да не ти направар растур по дома,не ќе да има,ама можете со темпера.
    Желатинските се засекуваат на врвот и се ставаат во врела вода да се стопи желатинот,а потоа на јајцето ќе капнуваш по малку и ќе го трпиеш низ раце,секако рацете во ракавици и излегуваат интересни,како камени,плус има желатинска боја за седефест сјај,па и од тоа ќе капнуваш и така.
     
  12. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Да да желатинските бои се многу поубави од обичните што се ставаат во вода па во нив да седат јајцата за да се офарбаат. Имаме пробано со мајка ми од тие бои и преубави се, јајцата добиваат јаки бои и плус многу убав сјај имаат. Ние имавме купено од тие со седефаст сјај и оваа година пак со такви ќе фарбаме :) А инаку не лепиме сликички, само така во разни бои, поубави ми се :)
     
  13. lapngoltni

    lapngoltni Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Ова се моите од минатата година фарбани со танимак боите а оваа година се надевам поубави ке бидат :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    A има ли некоја финта за да се нафатат кристалите на јајцата? Пошто овие нашиве со кристалчиња последниве години ич не испаѓаат .. :(
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Ги ставаш јајцата во топла вода и истураш кристали. Ги оставаш додека не се излади водата.

    Претходно не смееш јајцата да ги поминеш со зејтин (нели за да светат си ги премачкуваме со зејтинче, ама ако сакаш кристали да им ставаш зејтин никако).


    Ако и покрај ова не ти успее, кристалите не ти чинат :lol:
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Јас секоја година фарбам јајца со кристалите и тие капалките.
    Јајцата се варат на тивко, кога ќе бидат сварени, ќе ја исклучиш ринглата. Врз секое јајце ќе наросиш од кристалите и ќе оставиш да се изладат. Јас прво наросувам кристали од едната страна, па после 15- 20 минути внимателно ги вртам и наросувам и од другата страна. Јајцата треба да се изладат во водата, после се вадат и им се капнува боја од капалките. Ракавици обавезно, ама јас не ги трљам јајцата мегу раце, туку ги ставам на тањир , ги шарам со капалките, а бојата што истекла си паѓа на тањирот па јајцата ја упиваат.
    :)
    Многу го сакам овој празник, во мене чучи едно мало уметниче и само за Велигден се буди :)
     
    На mira.mira и enca.69 им се допаѓа ова.
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Значи кристали се ставаат на необоени јајца, додека се уште водата е топла? во водата се додаваат или на самите јајца? и се остава да се излади и тогаш се залепени? Ај Иренке, или било кој друг нека ми пише...
    Јас мислев на исфарбани јајца некако се додаваат кристалите... :worried:
    А потоа не сметаат кристалите при боењето?
    Еден куп прашања, ама тазе домаќинка, првпат сама ќе фарбам... :D
    И уште за тоа, со 4 бои на салфета, како оди подетално некој да опише? Од кои бои треба? Вода се става?
    Секој одговор ми е добредојден :D
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Необоени и по можност бели јајца ( не од тие жолтите ) се варат тивко, кога ќе се сварат ринглата се исклучува, јајцата се сварени, необоени и во вода. На нив се ставаат кристалите, водата е уште врела од варењето, дури може уште да вријат откако ќе ја исклучите ринглата, само да не клокотат, да не се скршат. После се бојат со капалките. Нема потреба претходно да ги фарбаш.

    Јас купувам повеќе кристали, малку ми е едно ќесиче за 10 јајца. капалките се во 3 или 4 бои (жолта, црвена, сина ). Капалките ми стигаат и за повеќе јајца, а кристалите малку паѓаат воводата па затоа си купувам едно ќесиче плус.
     
  19. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Ние само црвени праиме дома, а јас секоја година си земам по едно јајце и го правам со лакови за нокти и си седи за украс, на никој не го давам :wasntme:
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.095
    Допаѓања:
    155.625
    За мој вкус многу се јарки боите со капалките,па дома со мајка ми ги правиме од сите останати бои од другите јајца што се фарбале,па изгледаат како свилени,нежни,светло розе испаѓа од црвената фарба,сината како небо и така.Ако сте за понежни бои,пробајте и вака.А се случува и цели со кристали да ги пикнам во една боја,па испаѓаат многу убави,особено розевите.Инаку,не ги ставајте директно на јајцето кристалите,пошо киселината може да го нагризе и дупне,не еднаш ни се случило и ова.Туку само растопете и остајте сами да се лепат за јајцето како што ќе се ладат и полека вртете ги.Поеднакви се и покрупни испаѓаат така.

    Правиме и на пареа исто,многу се интересни.Решетка над врела вода и сварени јајца на неа и директно од прашакот боја на нив ставате и од парејата се топи и се шара низ јајцата.Тие излегуваат многу интересни и сите се чудат како ги правиме,а не е ништо особено тешко.

    Леле многу го сакам празников,креативноста ми излегува на површина ама скроз.На бели јајца со татко ми цртаме,тој особено убави ги прави оние тн јајца кинески порцелан.Со сина боја,темпера (а лани и со желатинот ги правеше,ама малце покомплицирано е и бара брзина) на белите јајца прави шари како на оригиналниот кинески порцелан.Од интернет ги баравме,па скици сме правеле прво првата година.Смешки,ама ептен убави се.После едноставни цветови на бела основа,ептен елегантно изгледаат.

    А како ги подарувате?!
    Мајка ми секоја година купува корпи интересни,им става од она вештачкото сено,става јајца колку што членови има тоа семејство и пушта ситни чоколадни јајца и чоколадни парички.А на малите,им купува чоколадни зајаци,киндер јајце,ситни чоколадни јајца и по едно посебно шаренко јајце.

    А инаку,еве може некој знае,ама може некој и не знае,најубави се оние грчките фарби од Веро.Поскапи се,ама стварно убави излегуваат јајцата.

    Леле не знам дали сум домаќинка или мало дете...ама многу сакам да ги ццкам уште од мала.
     
    На Angel4eeee, Hopeful, BlueEyess и 5 други им се допаѓа ова.