И јас купувам од тие бои. Оваа година ќе ми биде трета по ред како ќе фарбам јајца. Планирам да исфарбам цела табла, во повеќе бои - црвени, зелени, љиљакови и портокалови. Овој пат ќе се обидам да ги декорирам јајцата. Баш ме интересира какви ќе бидат.
http://www.youtube.com/watch?v=XlUn7yMB0hk Девојки каде можам да најдам ваква палета со златен ефект?
Овој линк го има под видеото https://www.facebook.com/pages/Paleta-7 ... 9996228242 отвори го, па прочитај тоа што те интересира.
Иако не ми е прв пат да фарбам јајца 10 години живеам сама и секогаш кога сум била во можност сум фарбала, ама оваа година ептен ме фати меракот за фарбање и украсување (изгледа имам вишок слободно време ). Нели јас како „млада невеста“ да ве прашам вас поискусните домакинки на што ги ставате јајцата откако ќе ги офарбате? Јас до сега секогаш ги враќав го нивното паковање и секогаш на дното од јајцето ми се појавувало она како кругче кое се прави од исцедувањето на бојата ( е сега незнам колку ме разбравте ) На youtube гледав дека ги ставаат на салфети, ама не знам дали нема да ми се тргне бојата на местото каде што ќе стои јајцето на салфетката?
Убава идеја. Ај ќе пробам и јас, онака ми изгледаат интересно и нема многу мака и труд за истите. Светките на јајцето се лепат со лак за коса. Само ќе треба светки да си купам. Црвено и златно убава комбинација че биде. ( че го пишав на мој дијалект ) Елена не ми се лутиш нели што ти ја крадам твојата идеја мала шала.
Уште немам купено бои, ама планирам да бидат од шарените со светки (оние со пипета), а и секако обични во боја, најмногу црвени. Налепници никогаш не практикувам.
Да ве прашам нешто... да не има нешто за мама да им стави на јајцата за да не и пукаат кога ќе ги бојадисува?
и мене ме интересира тоа, слушнав дека од сол напукнувале па вчера пробав да сварам 2јајца без сол ама пак ми пукнаа најверојатно лушпата им е тенка
Клечиња од кибрит се ставаат кога се варат за да не пукаат, а сол се става за полесно да се лупат. Инаку нека бидат помали јајцата, и големината е важна.
Фала ти многу за советот...... ама да те прашам шо се тоа клечиња, тоа кафенкото горе на кибритот или не?
Година првпат ке вапцам јајца. Ама незнам кои бои да ги купам, за џабе да не фрлам пари и да се разочарам да не испаднат убаво. Меракот ми е голем. Кои би ги препорачале? Мајка ми вели танимак да не зимам, не е задоволна.
За постојаност на бојата и да не остава траги во допир со кожата 1 лажица оцед се става. За сјај се премачкуваат со малку масло натопено во хартиена салфетка или некое крпче.
Има ли некоја да сподели искуство што по природен пат вапцала јајца,без хемија? Слушнав дека имало финта со цвекло па некој ако знае нека сподели искуство
Јас знам за боење на јајцата со лушпа од кромид, но излегуваат портокалови, онака темно портокалови, зависи од тоа колку време ке отстојат. Имаат некој посебен вкус, една година ги пробав и сега инсистирам секогаш така да ги бои. Не знам дали затоа што баба ми ги вапца со многу љубов, или до тоа дека се обоени со природни бои, но мене секако, ептен ми се допаѓаат.
и мајками ги фарба со лушпа од кромид, посебно убави и интересни испаѓаат од црвениот кромид, како вишна боја и испаѓаат, ама како ги фарба незнам