Благодарам за информацијата! Јас сепак и јајцата би ги правела со маркериве, така ќе можат и да се јадат!
Да ви пофалам една боја, Captain`s од Веро ја земав а ја има и во Тинекс, течна, прекрасна црвена боја излегува од неа. Нормално ко секоја домаќинка рано станав и си офарба 3 јајца, едно за мене, едно за мм и едно за Дедо Боже.
Еве ги моите јајца од утрово, сликани со мобилен, набрзинка... ги бојадисав со црвената боја на Палета 7, со зајчето на слика, ми се бендиса како излегоа. Иначе имаат шари некои од тоа што ги варев со сол, ама не сакав да ми испукаат, па затоа и ставив. Значи ја бива Captain's фарбата? Да си знам за другпат, се мислев дали да ја купам, ама решив да не ризикувам, да одам со проверени бои. Следна година здравје, од нив ќе купам.
Анатке бојата е феноменална, такви црвени одамна не сум видела јајца. Иначе Омбре и јас ќе ги правам, си најдов убав туторијал и сега едвај чекам дома да подсуредам, да седнам и јајца да вапцам, му кажав и на мм, ручек нема денес
Еве уште една убава идеја. Направено со изолир трака. Туторијал од Марта Стјуарт http://www.marthastewart.com/921434/how-make-scrambled-lines-and-letters-eggs#226375
Еве ги и нашите .Офарбавме 20 и неколку јајца и тоа се у црвена боја. Декорација некоја голема нема.но сепак тој е стилот кој кај нас се запазува. Драги фекимнки и фемини за многу години нека ни е овој голем христијански празник ВЕЛИГДЕН.
Да ги прашам поискусните домаќинки.Кога ги правите јајцата само со една боја, како да ми остане рамномерна на целото јајце.Јас кога ќе го оставам веќе обоеното јајце врз некој сад или било што, од онаа страна каде што лежи јајцето се прават кругови и бојата станува нерамномерна.Имате ли некоја техника,некоја финта
И јас рано, рано пред изгрејсонце фарбав јајца, многу ми испукаа и тоа сварени додека се ладеа. Добри излегоа, особено сум горда на црвените затоа што се фарбани со црвен кромид.
шарените јајца оваа година ги правев со желатин од палета. Има 3 бои и едно за сјај. Ставив по една капка од сите бои и измешав со рака. Вакви ми излегоа. Инаку прв пат правам јајца со желатин претходно ги имам шарено со повеќе бои ке ги ставев на салфетка и ке го завиткав јајцето и ке го нашарев. Позз