^^ Ова како сестра ми да ја читам Исто и неа ја фаќа некое лудило за празникот, па купува се што стигне! Ама буквално се! Минимум 10 бои, кристали, спрејови, светки, машнички, ленти, сено, сликички.....од сабајле до вечер ги правиме. И сите се различни и убаво испаднати, па жал и е кога треба да ги подарува. Се мисли по пола саат кое на кој да го даде. А мајка ми е задолжена за црвените. Една година не се случило да ги утне, и излегуваат крв црвени, па ги премачкува со зејтин за да светат поубаво. Многу убав празник, навистина.
Еве една интересна идеја за декорација ( ќе пробам да ја направам, се надевам ќе ми успее) http://www.youtube.com/watch?v=AV9JpPAR4tA
Лилитке ја директно на јајцата ги ставам, до сега не ми се скршиле. Многу убаво изгледаат јајцата на пареа фарбани. Ми збореа за некој сад од Цептер, многу добро се фарбале на пареа со него, ама штом може и со обично тенџере и решетка , да знаеш дека ќе пробам да ги направам. Секоја година и пченица садам , ама оваа година заборавива да ставам , а сега ми е касно, нема да ми порасне
Јас годинава прв пат дознав дека водата на која пее попот за велигден во вашата куќа се става дел од неа дали сакале да вријат јајцата во неа или со неа да ги пропрскате јајцата сеедно. Битно таа вода е за здравје, а секое изедено јајце е за здравје. Ние обично дома пропрскуваме со неа или ќе се напиеме, сепак велигденската вода била за велигденските јајца. Иначе мајками во четврток утрото пред изгрејсонце прави неколку црвени велигденски јајца. Инаку сонцето според верата се создало во четврток и плус тоа е една од причините поради која пред изгрејсонце се прават јајцата. А потоа во сабота си правиме секакви, различно секоја година, некад си шараме со кристали или во јаки бои па често и лепиме цвеќенца и ливчиња од растенија или ставаме мрежички. И стварно најтешко е потоа кое јајце да го подарам. И после 1 недела јас се прејадувам јајца. Во текот на годината ретко имам желба за јајца. Ама на велигденските мав им правам
Девојки каде поточно да најдам да купам желатински бои за јајца?? Барав во Тинекс, Веро...такви нема, не видов поинакви освен обичните, а последниве години ич не ми излегуваат убаво ни грчките, ни боите на танимак.
Ги има во ТУШ, јас од таму си купив желатинска боја со седефаст сјај, а има и само со сјај.Околу 90 денари беа
Многу зависи до јајцата. Купувај бели јајца и танимак бои, супер ке ти излезат јајцата. Мајка ми секоја година фарба со Танимак и секогаш се мн убави јајцата.
Каде има во Скопјево Туш маркет? На друго место каде има освен таму? Бели пред 2 години земав не излегоа ништо подобри, па после некој ми рече дека белите иако се бели не примале убаво боја, подобро да сум си зимала обични. Лани земав обични и пак не ми се свиѓаа. Големите грчки бои ем поскапи ем полоши ми се чини од танимак. Не знам можеби јас нешто во постапката на боење грешам. Некој ми спомна на палета дека убаво испаѓале боичките ама во тинекс видов само црвена боја од палета ставена како подарок во некој велигденски украс. Сум решила оваа година убави велигденски јајца да направам )
Кога ќе ги исфарбаме со желатински бои, после може ли и кристали да им ставиме? Да не се растечат боите кога ќе ги ставиме јајцата во вода? Не ми текнува како сум ги правела. Мислам дека може ама не сум сигурна. Ај хелп П.С. Желатински бои има во Жито маркетите и се 75 денари
Велигден е мојот омилен празник, најмногу го сакам...Еве вака се радувам Сама како тазе домаќинка почнав со фарбање јајца пред 4 год., секој Велики четврток станувам пред изгрејсонце и фарбам 3 или 5 јајца само црвени, со едното кога ја бањам ќерка ми и правам по лицето- црвена, бела, здрава -три пати.. Инаку сум манијак за украсување, целата куќа ја китам, ставам велигденски чаршавчиња, велигденски дрвца украсени со вештачки шарени јајца, кошнички-зајчиња, пиленца со вештачка слама, во нив ставам пиленца, велигденски и чоколадни јајца...целиот дом е шарен и весел Што се однесува до фарбањето, ќерка ми сака во сите бои, така што фарбам црвени, розеви, зелени, плави, лила, портокалови...сите бои...ги украсувам со купечки сликички, ги шарам со светликави лепаци во разни бои, фарбам и со кромид, ливчиња од цвеќиња, тревки (претходно ги мијам јајцата, на секое му ставам ливче претходно натопено во зејтин и го обвиткувам во холахопка)..Купувам танимак бои, најубаво ми фарбаат, имам пробано и со кристали ама не ми успева, па само се нервирам и затоа ги баталив. А најмногу се нервирам кога ќе ми испукаат...белите јајца најубаво фаќаат боја ама и најмногу ми пукаат, ми кажаа дека малите јајциња помалку пукаат па ќе видиме оваа година како ќе ми излезат..секако ќе постирам слики.
Јас како што знам од баба ми, а така прави и мајка ми: за сите бои употребува бели јајца, а за црвената оние обичните жолтите. Поубаво испаѓала на нив црвената. Не знам дали е ова на баба ми измислица, ама многу убави црвени јајца има
Сите бои поубаво испаѓаат на бели јајца, ама белите имаат многу тенка лушпа и многу пукаат при варење.
Стави ги јајцата во ладна вода и стави им сол ноќта пред да ги фарбаш.Сабајлето ке видиш кои се испукани и ќе ги тргнеш.Водата треба да ги покрива јајцата.
А нели кристалите се ставаат во тенџерето каде што се варат јајцата заедно со нив ... а после можеш да им капнеш некоја боичка ама за желатинска не сум сигурна , нели таа се трие на јајцето па кристалите ќе паднат....
А нели кристалите се ставаат во тенџерето каде што се варат јајцата заедно со нив ... а после можеш да им капнеш некоја боичка ама за желатинска не сум сигурна , нели таа се трие на јајцето па кристалите ќе паднат.... [/quote] со кристалите има специјални бои со кои се капнуваат јајцата додека се мокри.на паковањето има упатство за употреба.
со кристалите има специјални бои со кои се капнуваат јајцата додека се мокри.на паковањето има упатство за употреба.[/quote] Е сега ептен ме испобунивте. Знам дека се капнуваат јајцата додека се мокри и додека на нив има кристали, Ама не може да се капнуваат желатински бои?
Најдобро било кристалите т.е. винската киселина да се стави кога на јајцата ќе се нафателе ситни меурчиња кога ќе се стават да се варат. Јас кога сум ги правела порано со кристали памтам дека најубаво се растекуваше бојата по нив додека се уште мокри, после тоа тешко оди боењето и влакненца од памукот се закачуваат на кристалите. Најдобро било со синтетичка волна да се ставаат бои врз јајцата со кристали, а не со памук. Прв пат кога боев јајца со кристали ми кажаа дека треба со прехрамбени бои за торти и колачи да се бојат. Такви бои тогаш најдов во Европа ама беа во поголемки кутичиња и внатре бојата беше како крем. Не потрошив ни осмина од бојата во кутичето за боењето на јајцата и видов дека е неисплатливо да се зима толку боја, а после тоа немав за што да ги искористам и морав да ги фрлам. Помала количина на такви бои од тогаш не успеав да најдам, а не знам дали со обичниве бои и со желатински бои може да се фарбаат на ист начин јајцата со кристали?
Иренка,па не знам,нас ни се случи повеќе пати да ни се дупнат јајцата,баш кај што имало повеќе концентрација од правот.Што знаеш,може и до јајцата да е,моиве кокошки не јаделе калциум доволно! Со желатински бои не се бојат јајца со кристали.Логично,ако ги боиш со желатинот па ги ставиш кристали да фатат,у врело,ќе падне бојата,а врз христалите не можеш,зошто бојата е густа и ќе ги покрие,само ќе ги направи рапави,а не светкави,да не речам бербат работава. Ние па секогаш дома ги правиме јајцата со другите бои,а не со тие капалките.Мајка ми ги правеше со кристали,уште пред да почат да се продаваат во кесички.Ги купуваше од аптека,рефус,тоа е некоја киселина ли што е,не знам,ама има име,некоја колешка хрватица и кажа за ова и уште тогаш и до ден денес,ги капнуваме од боите од другите јајца.Изгледаат понежни.
И јас колку што се сеќавам порано кога почнаа да се прават јајца со кристали по аптеки се зимаа состојките за кристали, и ако добро се ме држи помнењето се зимаа 2 вида на киселини и тоа едната винска, а другата не се сеќавам... Сега гледам само винска киселина се продава по сите маркети. Не сум фарбала со желатинска боја и не знам како изгледа бојата затоа прашав дали може со таа да се бојат јајца со кристали со неа ама чим не бива најверојатно ќе треба со обични бои или некако поинаку.