Мене најубави ми се обични црвени јајца. Светки ова она некако ми се за торти а не за велигденски јајца.
Обичајот за најголемиот христијански празник, Велигден е вапсување црвени јајца. Дополнителните декорации со светки, кристали, ленти, слики се помодарски начин кој не ми се допаѓа и не го практикувам. Црвената боја има длабоко и силно значење и треба да се запази едноставноста.
Јас си имам НАЈУБАВИ велигденски јајца!!! Се гордеам со себе !!! Ама неможам да јаобјавам сликата пошо а објавив на фб и сите ќе ме препознаат
Мислам дека коментарот не ти е на место, во ред е ако тебе ти се допаѓа едноставноста ама нема потреба од наметнување. Може помодарски е за вас, ама за мене е најубав спомен од детството, цела фамилија собрана на куп и декорираме јајца кој како знае и умее придружено со шеги и смеење. Здравје и јас да ја продолжам истата. Да црвени јајца се всушност симболот на празникот, ама нема ништо лошо во декорирање на јајцата со цел да се развеселат најмалите. Сакам да кажам дека нема потреба да се мрчи за се и сешто.
Не е убаво што на некој начин се фалите со споделувањето на слики од вапцаните јајца. Овие денови според верата се за тагување, пред престојниот голем празник кога ќе биде сопштена радосната вест пред верниците дека Христос Воскресна. Јајцата како симбол на крвта исусова не се даваат пред објавата за христовото воскресени, а вие со објавувањето на слики со фарбани или вапцани јајца исто како да ни поделивте на сите нас што е погрешна постапка. Знам дека сите сакаме да се пофалиме со нешто што сме направиле ама кога веќе се декларирате како верници не треба од тоа да правите „циркус. Поставете си го прашањето како му било на Исус во овј период пред распнување и запрашајте се дали е добро да се фалите со нешто што е симбол на неговата крв. Не е ова критика туку само кажувам помладите да знаат. Исто така вечерта одењето во црква треба да биде посветено на молитва и доближување кон бога а не за правење селфи или утредента да се фалите како сте си поминале. Нај глупото прашање кое може некој да ви го постави овие денови е, како си помина во црква. Затоа не поставувајте и не одговарајте на глупи прашања. Не фалете се како сте ги исфарбале јајцата туку посветете се на вератаи молитвата доколку се сметате за вистински верници. Исус ќе биде многу посреќен кога ќе види дека вие сте посветени на верата отколку да имате совршено исфарбано јајце. @mimiiiii грешиш коментарот на поента е сосема на место.
@Mrs.Bass со што ги правеше толку многу ти светат преубаво јајцата ? @mareane ти со салветки ли ги правеше некако подебели ми стојат или ? супер ви се на сите. За белката од јајцето не треба да биде разматена нели ?