Мене пак најмногу ми се допаѓаат класичните бои за јајца, декорирани по желба. Со мајка ми редовно ги правиме оние со листови од тревки (многу интересни се). Овие со желатин некако многу нашлакано ми изгледаат, а и кристаливе не ми се баш нај . Само неколку јајца шарани со кристали ми изгледале убаво. Оние, со многу бои не ми се допаѓаат. Кај мене дома и годинава ќе си употребуваме обични бои за фарбање, а оваа техника со восок ми изгледа интересно http://www.youtube.com/watch?v=9_QVaMCU ... re=related
Кај мене баба ми ги прави еднобојните, а мајка ми со желатин и секогаш убаво и излегуваат. Со желатинот се нешто посебни и многу убаво изгледаат на ,,прв поглед‘‘
Мене уникатно декорирани јајца ми се најубави. Или пак нијанси на бои кои што ретко можеш да ги најдеш. Ова со восокот и перото е вистинска уметност, браво, секоја чест за оној што може да направи вакво нешто
Жени помагајте јас прв пат ќе фарбам јајца, си купив црвена боја (пошто само такви ке фарбам) онаа со слончето, арно ама не знам да ја употребам. Хелп некој ако има трпение да ми објасни Фала однапред
Се убаво си пишува позади на упатството... Значи прво се варат јајцата, едно пакетче за 10 јајца. Прво стави ги во млака водичка за да не ти испукаат, едно половина час така нека си седат, потоа пред да ги ставиш на рингла повторно наполни млака водичка во тенџерчето, вари ги на тивко на 1, кога ќе почне водата да прави меурчиња засили ја температурата на 2-ка. Вари ги така едно 15 мин., ако почне многу водата да врие поднамали на 1,5. Земаш друг сад (некое старо тенџере зошто бојата не се мие) стави врела вода доволно за да ги покрие јајцата и истите се ушти топли префрли ги полека. Е сега во друго помало канченче на пр. оние од маргарин стави топла водичка, истури ја кесичката (за појака боја стави 2 кесички), 3-4 супени лажици алхохолен оцет и промешај, истури ја бојата во другиот сад каде што се јајцата и остави ги така додека ја добијат посакуваната боја. Ете така, со среќа и се надевам дека ќе успееш, не се нервирај ако пукаат
Фала ти накмногу за деталниот одговор Се надевам ќе успеам барем една табла неиспукани да имам, за на маса де
Па и ако ти испукаат не е страшно, си купуваш од оние ко најлонски сликички, им ставаш и имаш супер јајца
Леле мене страв ме фаќа како ќе испаднат, прва година ќе правам сама , јас не се плашам за бојата јас се плашам дали ќе бидат убаво сфарени
леле едвај чекам утре да си ги извапцам( на охридски) јајцата, толку многу мие кеф што прв пат ке ги правам јас лично, и одма ке ги сликнам да се пофалам
Ги сварив јајцата и ниту едно не ми пукна . Голема благодарност до комшијата што ми купил најјаки јајца, а се надевам и дека убаво ќе фаќаат боја (ќе видиме сабајле).
Ех многу го сакам празников! Досега не сум имала прилика да бојадисувам сама јас јајца бидејќи мајка ми секогаш го прави тоа (има време за мене ) Најчесто ги правиме оние стандардните црвени, жолти , сини. Дел од нив шараме со детелинки или други ливчиња или пак со лепенки. Досега не сме направиле со кристали , ама знам баба ми секоја година обавезно правеше. Ептен имаше мерак за украсување на јајца, секогаш сакаше да и бидат најубави А јас, дете како дете, ќе се мислев пола час кое да одберам Ах, ми фали празников многу.. штета што веќе втор пат по ред нема да го славам со моите дома Иначе се сетив дека една година ги украсувавме со тесто Така и текна на мајка ми Откако ги бојадисавме јајцата , зедовме тесто и го сечевме во различни форми , им правевме очи , уста, на некои срца и потоа со темперна боја го шаравме и тестото. Интересно излезе Ако има некоја вишок време и живци може да проба.
Правиме и на пареа исто,многу се интересни.Решетка над врела вода и сварени јајца на неа и директно од прашакот боја на нив ставате и од парејата се топи и се шара низ јајцата.Тие излегуваат многу интересни и сите се чудат како ги правиме,а не е ништо особено тешко. ???? некако не разбирам, ја ставаме решетката над пареата, па во решетката ги ставаме јајцата и над нив просејуваме од боите така?????
Баш така.Решетката над водата која врие,во неа варени јајца и од прашокот посолуваме на секое по малце и од пареата се влажни и растекува,многу интересни излегуваат.Повеќе бои така им шлапкаш на различни места и се како камени,шаренки.
А дали знае некој како се правеа од јајцата да остане само лушпата а да се ивади золцката и белката. Нешто ми текнува дека се дупчеа јајцата неварени ама не ми текнува цел процес. Фала однапред.
Баш пред некој ден гледав на ју туб го имаше цел процес, не можам да го најдам линкот за да го постирам, побарај има неколку видеа. Инаку ова се нашите Велигденски украси, распоредени се во различни простории ама сите заедно ги сликнав...се надевам ви се допаѓаат...