Јас откако открив вапцување со лушпи од кромид не сум се вратила назад на боја. Се добива темна цигла боја. Ова е од интернет ама слично испаѓа бојата, не знам како точно инаку да доловам. Исто и бакам ако успееш да најдеш. Како бордо боја се добива. И мене ми се допаѓа посебно со кромидот што не се добива онаа како розево-црвена боја на јајцето, туку е потемна. Лично ми се поубави, а и ок ми е што не е хемикалија.
Здраво , не знам дали прашањево е за тука.. но ќе прашам. Предложете ми боја за цртање на велигденски јајца, секако да се не темперни бои, бидејќи ако некое јајце е пукнато би влегло боја внатре.Па дали има некоја боја за дирекно да ги цртам без претходно да бидат вапцани во боја?
Ти благодарам За бојата на жалост не можам да помогнам затоа што татко ми ја носеше од работа ,ама дефинитивно најубава од сите бои што сега ги имаме испробано .
Овие со златно ги правеше со брилијантен желатин на танимак? Како ти испаднаа, мене ни една фолија не ми се залепи убаво.