јас сега се зафаќам со процесот, свекрвами купила од тие како апчиња што се боите па ќе видиме што ќе испадни
Прв пат вапцав јајца Тазе домаќинка бе Се радувам како мало дете , си станав во 4.30, извапцав 5, многу убави ми излегоа, само едно пукнато беше , а инаку бојата ми е ептен убава, од верото грчка некоја, 55 денари, ама црвена, како црвена, темна, крв.... После ќе правам шаренки, пошаренки, нааааааајшаренки... Само ми остана мака, не каснав ништо пред да ги вапцам, се си мислев дека прочитав гладна требало, а тоа било да не бидеш гладна ...ќе ми прости дедо боже, ненамерно беше, не ми треба сиромаштија годинава Убав празник, најубав....
Вредни домакинки, браво. Јас во текот на денот планирам да ги исфарбам поголемиот дел, сум се наоружала со сите можни бои што можат да се најдат, пола ќе ми останат за до година Инаку со тие што се како капсули лани правев ама не ми фатија убаво. Тие со слончето боите најдобро испаѓаат, само што зелената и сината боја некако исто излегуваат
И мајка ми утрово ги вапцаше првите 3 јајца. Многу се убави Попладне заедно ќе ги завршиме и другите,а јас ќе се посветам на украсувањето, бидејќи јас сум задолжена за тоа
женички хелп ми вапцувам жолти јајца ама не излегуваат баш жолти туку лимон боја а ставив 4 пакетчина жолта боја што да направам? или да му турам некоја друга боја?
денес рано се вапцуваа али тоа е простено е за тие што не знаат ајде фати се за работа сега патем убаво ми испаднаа жолтите требало да постојат малку повеќе . ќе ви ставам покасно слики да видите
Алтернатива за жолта боја се користи шафран, ѓумбир, листови круша или камилица. Ако нешто од ова најдеш дома пробај
Лилит, тастатура да ти се позлати за идејава со решетка вапцање. Се депримирав уште рано пред зајдисонце, не ми излегоа ама воопшто убаво јајцата и кога ја читнав идејава пробав на едно за да го поправам и супер излегува .
Црвените, тиркизните, виолетовите и тие со кристали биднаа. Сега уште зелени, розеви и тие на пареа, морам да ги пробам и нив. Па ќе им правам фотосесија
^^^ Јас пак не сватив... Тие со кристали, ги правам првин со кристалите и после ги пуштам во боја така????? Иренке ајде и тука малце хелп
еве гледај го клипцето се тие објаснато мн убаво http://youtu.be/HQdvaYxsszA јас си ги направив моите јајценца, па после ке ги видите