Годинава повеќе се иживував со јајцата и задоволна сум како ми испаднаа. Еве ги пред да ги украсам со моите креативни испади: А еве како ги украсував, декорирав и сместив во дневната: Декорирани со панделки, циркони, светкави лепаци, чуда, кристали итн... Можеби вака делуваат too much, ама секое јајце е приказна за себе и е различно од другите. Вака одвоени едно од друго делуваат пет пати поубави! Тешко ќе ми биде кога ќе треба да ги раздавам.
Ги украсив јајцата, сега чекам мама да дојде па да се изненади. После ќе ги сместиме заедно. -лепење без врска ама со смеење со помалиот брат.
Може јајцата и не изгледаат којзнае како, ама децата се изнауживаа затоа што им дадов комплетно тие да ги прават И со желатин, и со кристали, се испошлакаа, правеа корпи за јајца, и ништо од тоа не изгледа совршено, ама на нивната радост им нема крај затоа што ги правеа сами Среќа што ги правевме во двор, дома ќе требаше да реновираме, дворот сега ми е во 1000 бои, како да е елка! Само боите со кристали ме разочараа. Некако малку кристали ми се налепија на јајцата, а и боите многу се мешаат, особено кога ги нанесуваат деца од 4 и 6 години А желатинските бои се супер. Топло ги препорачувам на сите што имаат деца желни за шлакање велигденски јајца
Оваа година ги направивме скрос обични нашите јајца со мајка ми. Не ги сликнав,но вакви беа: Нека ви е среќен празникот на сите.Поздрав.
Еве ги нашите оваа година, велигденските украси не ги сликнав ме мрзеше, друг пат ќе ви ги покажам. И уште некое корпе фали. П.С ја не вапцав
Најпрво морам да кажам дека пробав да ги правам како Геа, со шарени прстени- не при првиод обид си го изгорев прстот и баталив ....а толку се прекрасни, уште еднаш браво Геа. Ги шаравме со мајка ми, но имавме купено бои од две различни фирми и едните беа за никаде Сепак, јас сум задоволна од резултатот Оние желатинските не ми се допаѓаат поради тоа што кога се лупи јајцето цела боја се разводенува и ти останува по прсти Еве како изгледаат моите јајца, ги правевме заедно со мама
^ ако убаво ме служи памтењето ФБИ имаше напишано предходно дека купила лепак со светки, најверојатно оние малите тубички, па претпоставувам со тоа ги цртала цветовите а јас ќе ја прашам дали на топли или на ладни јајца? СРЕЌЕН ПРАЗНИК! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Ако ги ставиш на топли, ќе почнат да течат и да се раскашуваат. Јас така згрешив и упопастив неколку јајца. На ладно е поубаво да ги црташ, а и побрзо ќе се исушат.
Во право е Спанко, ги цртав со светкави лепаци. Ги купив од Џамбо. Јајцата ги цртав оладени, ми беше попрактично, само ми се сушеа подолго време оние на кои им имав ставено подебел слој Дефинитивно овој начин на шарање ќе го применам и наредниот Велигден
Доцнам со сликиве од јајцата ама сега ја видов темата ... ( 2 табли јајца со комсивката ги украсивме од 09.00 - 0200 часот ) ви се допагаат??
Едвај чекам да дојде денот за вапцање јајца,имам некои идеи со восок и желатин сакам и со монистра ама незнам со каков лепак да ги лепам??? Обожавам такви пипкави работи,ме релаксираат