Велигден

Дискусија во 'Религија' започната од Tweety-Girl, 19 март 2010.

  1. Tweety-Girl

    Tweety-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    2
    Сега е активен муабетот околу Велигден. Ајде дами кажувајте како ќе фарбате јајца, во какви бои итн. :)

    Чекам одговори :D
     
  2. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    26
    Јас уште не сум домаќинка,ама сепак имам по некое задолжение околу фарбањето, и за декорациите сум главна :D Мора да се строго црвени,потемни и да имаат сјај,и секако некоја шарка
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Јас лично не фарбам,мајка ми е задолжена за тоа,ама да ги шаркам,лепам,редам во украсни кошнички,е тоа веќе ми е ритуал,најубавиот дел од годината.Инаку,фарбаме по многу јајца,оти ни идат многу гости,кога одиме во црква носиме,и вечерта и дента,и мора да има за сите три дена.НАјмногу црвени,во онаа старинска темно црвена боја,ама колку за ќеиф,правиме и по некое жолто,сино,зелено,или шарено со кристалчиња.И иако имам 21 година,го обожавам оној ритуал,кога баба ми ,која е веќе многу стара,со првото јајце што се вапцува(по нашки :D ) на велики четврток,кога ќе станам сабајлето ме трие по образот,и ми пее црвено-бело :D .
    Плус подготвуваме слатки,кифлички,печиме јагнешко,целосно традиционално :D
    И да ви кажам една убава идеја за украс,можеби некој ја знае,ама еве сепак.Во рамен тањир ставете памук,убаво наместете го врз него,во круг,врз цела површина.Потоа убаво натопете го со вода,памукот целосно да се упие,и врз него посејте жито,пченица,и ставете го некаде на потопло место,на прозорец пример.Од време на време повторно полевајте го со вода и ќе видите како пченицата почнува да р’ти и да расти.За две недели имате прекрасна зелена површина :D Јас секогаш така си паравм,ако ми израсне повеќе од десетина сантиметри во висина ,со ножица ќе ја истрижам како сакам и врз неа ги ставам обоените јајца,пиленца и панделки.На маса изгледа прекрасно :D
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Леле едвај чекам да дојде Велигден, омилен празник ми е. Сета еуфорија со јајцата, па семејни ручеци, па црква... пролет :D :D
     
    На sweet10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    11.355
    Допаѓања:
    54.440
    Пол:
    Женски
    Jas ovaa godina ke gi farbam jajcata , obicno majka mi gi farba crveni , pa potoa i vo razlicni boi , sina , zolta , rozeva , ljiljakova , zelena. Potoa jas nesto docrtuvam so temperni boi , i kupuvam kristali ili mali slikicki :)
     
  6. Tweety-Girl

    Tweety-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    2
    Milo mi e sto pisavte devojki.Jas za veligden ke bidam nagosti kaj deckomi :) pa ke farbam jajca za prvpat godinava so idnata svekrva :) ajde ke cekam da dojde toj den pa ke ve izvestam so i kako sme napravile. :) backi
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.801
    Мојот омилен празник. Го обожавам секој дел од празникот. И фарбање јајца и ручеци и одењето во црква вечерта :D
     
  8. marija28

    marija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    mnogu go sakam toj praznik inaku jas farbam sareni jajca i po nekoe crveno.Sarenite jajca se mn ubavi a gi farbam sareni stavajki go sekoe jajce po 1 min da postoi vo 4 do 5 razlicni boi. :P :!: :!: Boite gi pravam pogusti ...t.s.so pomalku voda a vnatre po 2 do 3 kozurci od niv bojata e najubava a farbam i so gotova boja so zelatin/.Probajte i ke imate najubavi oboeni jajca so sreka......
     
  9. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    и јас секоја година го правам ова :D и баш денес планирав да го направам за да ми порасне, се ближи Велигден.
    Инаку мајка ми фарба јајца, но јас се врткам околу неа во делот кога ги украсуваме и најмногу ги сакам тие со кристалите.

    Твити убаво да си поминеш и да се покажеш како добра фарбачка пред свекрвата :lol:
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    Прекрасен празник со големо значење. Патем со себе ја носи и пролетта :)
    Ручеци, собиранки, поздрави, муабети, врзување со луѓето, прославувањето во црква, кршење јајца... :D
    За фарбањето на јајцата се грижи мајка ми :) Секако сите ги прави со црвена боја :)
     
  11. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    43
    дефинитивно најубав празник во годината пролет супер за шетање црква неработни денови подобро здравје :D :D :D
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.432
    Многу убав празник на кој вообичаено се посветувам на семејството - традиционалните семејни ручеци со потесното и поширокото семејство.

    Оваа година сепак ќе го скокнам. Ќе одам да прошетам малку. Не можев да и одолеам на визнава либерализација, во комбинација со 4 неработни дена :lol:
     
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Најубавото од овој празник ми е одењето на црква навечер, кога се кружи околу црквата три круга, со свеќа во рацете, и по можност таа да не ти изгасне :) После си ја менуваш со саканата личност или со симпатијата :) Како мала ја ставав под перница свеќата демек да го сонувам оној за кого ќе се омажам ( иако никогаш не го сонував :D ) А сега си ја чувам во новчаник за среќа :)
     
  14. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Едвај чекам да дојде Велигден.За фарбање јајца е задолжена мајка ми,а јас им лепам сликички од оние златните со крстови што се.Јајцата ги фарбаме во црвена боја старинската.Фарбаме и неколку шарени бидејќи брат ми нив мн ги сака.Секоја година си купуваме нови украси од убави поубави.Најубав дел ми е кога вечерта се оди в црква,па ајде чекаш ти таму да го видиш,па одиш свеќата од кај него да ја запалиш :lol: За велигденскиот ручек кај нас мајка ми прави јагнешко месо и пилешко за мене,со тоа одат и домашно лепче,слатки,предјадења триста и др.Најинтересно ми е кога мама со првото јајце ми прави црвено,бело,дебело :lol:
     
  15. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    И јас едвај чекам да дојде Велигден. Посебно ме прави среќна вечерното одење во црква и секако неделниот ручек каде обавезно има јагнешко (инаку обожавам). Меѓутоа оваа година ручекот со јагнешко дефинитвно ќе го скокнам бидејќи сум на веридба точно за Велигден и се надевам дека ќе си поминам прекрасно :D :D :D
     
  16. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    26
    А одите ли на подпршка,така кај нас се вика,се оди три вечери по ред,на велики четврток петок и сабота во црква ,навечер и претежно млади?
     
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Definitivno praznik za celoto moe semejstvo .Pokraj boenjeto na jajcata ,spremanjeto na bogata trpeza ,odenjeto vo crkva i vo poseta na moite naj bliski.... ovoj den go posvetuvam na mojot vnuk HRISTIJAN na kogo mu e imenden I na toj den mu gi ispolnuvam site zelbi SRCE NA TETA
     
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Срцуш јас го направив денес,и сега ќе почекам два-три дена да ми никне :D
    Девојки,треба и ние да почнеме да се учиме како да ги фарбаме,а не само да се врткаме за украсување ;) ама знам оти ако ми ги остави мене мајка ми ,не и бега три табли јајца да запустам :oops: :lol: :lol:
    Ајде,па ќе видеме на која јајцето и е најтврдо за кршење(пупање) :D
     
  19. tigrica

    tigrica Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    4
    Jas poslednive nekolku godini ne i dozvoluvam na majka mi da se fai za nekoe jajce da farba toa e mojot omilen del na veligden mnogu obozavam da bidat so kristali ... itn..itn
     
  20. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    22