Според македонската традиција велигденските јајца се вапцуваат на Велики Четврток, а тој ден е идната седмица...
Ме интересира кога ќе дојде Велики Четврток, што правите со првото црвено вапцано јајце што го чувате од претходната година?
Пријатели, во Недела во Скопје во 11ч ќе држам предавање на тема: „Велигден: религиски мит или историска вистина?“ Еве линк од фб постот за детали. Повелете и ако дојдете, слободно претставете ми се пред или по предавањето п.с. Модератори, само сакам да си ги поканам пријателите овде, не правам маркетинг реклама затоа што воопшто не ми е потребна бидејќи постот на фејсбук има преку 150 шерови, над 4100 лајкови и над 260 коментари - значи веќе има прекумерна видливост, така што смешно би било да имам потреба од дополнителна реклама на фемина форумов, туку едноставно сакам да си ги поканам пријателите со кои си дискутирам овде. Фала на разбирањето.
Може некој да ми објасни за кружење околу црква на полноќ?Точно ли е дека на секој круг се замислува една желба?Вечер одам за прв пат.
Нека е честит овој голем велигденски пра3ник на сите верници од православна вероисповест и нека ни донесе многу 3дравје и бериќет. Нека е 3а многу години и Христос воскресе
Честит празник на сите што го слават, да сте здрави и среќни и нека ви донесе мир, љубов и толеранција
Христос воскресна! Радувајте се христијани на овој свет ден, на овој најрадосен настан. Бог толку не возљуби, што го даде својот единороден син, та кој поверува во него да не погине, но да се спаси. За многу години, здравје, радост, мир и љубов да ни дарува.