јас па реков темава е за дискусиха за суштината на празникотпразникот. Што се случува, за литургиите и сите тие работи ....
Помина Велигден. Фала ти Исусе што воскресе, за јајцата, мимозите, месото, алкохолот, за Џокси, за продужениот викенд итн. Се гледаме здравје боже за Божиќ пак!
Доцнам со одговорот,но да си знаеш за наредниот пат здравје. Индивидуално е тоа со замислување на желба,не е на одмет да замислиш желба и да се помолиш кога веќе си во Црква нели,но,никаде никој не спомнал дека баш на вртењето околу Црква се замислуваат желби,тоа е суеверие останато низ луѓето. За многу години Велигден.... Христос Воскресна-Навистина Воскресна
Христос воскресна! Навистина воскресна! Славете во љубов, мир и здравје. Исус го гледаш од Велигден па на Божиќ? Ова нешто како интересно требаше да биде? Одговори ми, стварно прашањево ме мачи.
А зошто замислувањето на желба е суеверие, а самото вртење околу црквите не е суеверие? Малку иронија што ја одразува реалноста на повеќето луѓе во Македонија
Не ја поистоветувај твојата реалност со реалноста на луѓето во Македонија. Иронијата не ти е на вистинското место, почитувај ја темата, а за вицеви и сдк имаш посебни теми. Не и ги испревртувај зборовите на @Rama, таа никаде не спомна дека замислувањето желба е суеверие, туку поврзувањето на тој настан со чинот на кружење околу црквата. Модератори?
@EvAngelos Христос Воскресна,прими убава вест и поздрав прво.... Па,како да ти кажам,се што се прави во Црква,за мене има некаква симболика и одредена важност,придавам значење на вртењето околу Црква кое се прави трипати,придавам значење кога попот фрла цвеќиња во вис и ја кажува благата вест а куп верници стојат наоколу со свеќа во раце. Придавам значење кога се одвива цел импровизиран погреб и распнување на Исус во нашите Цркви на сам ден Велики петок,ако не си бил,мој совет е да присуствуваш на такво нешто. Тоа е за сите верници кои не се во можност да отидат во Светиот Ерусалим,замисли и импровизиран гроб имаме и се протнуваме низ него како што верници и неверници од цел свет го прават тоа во Ерусалим. И кажи ми зошто би било суеверие кружењето околу Црква,што лошо се прави и погрешно? Кажав и за желбите и молитвите дека местото им е во Црква,ама некогаш ние луѓето претеруваме и место да се молиме,ние замислуваме неважни желби и одиме во Црква само за да се замислат тие желби,ова не е коректно и фер,затоа реков дека е суеверие
Мојата реалност е во Македонија, бидејќи јас тука сум роден и тука живеам долги години, меѓу македонците се движам у сум во секојдневна интеракција со нив 24/7, 365 дена у годината. Ок де, ајде кажи зошто вртењето околу црква не е суеверие, а суеверие е да замислиш желба додека вртиш?
И тоа протнување низ импровизираниот гроб е суеверие. Суеверие е и одењето на верниците и неверниците од цел свет на поклонение во Ерусалим. Зошто? Затоа што тие сметаат дека ќе добијат некаков „благослов“ од Бог заради тоа. Но види што вели Исус на оваа тема: „Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим... Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” (ев. Јован 4:21-24, Библијата) А знам и такви верници кои одат на поклониение во третиот крак во Грција, каде што се наоѓа според нив „светата гора“ и таму се поклонуваат на Бог. Може ќе прашаш што има погрешно во тоа? Епа прочитај го уште еднаш горниот цитат од Исус. Ништо, како што ни кружењето во рингишпилот не е ниту лошо, ниту погрешно. Лошото би било ако верникот почне да верува дека ќе добие некаков благослов затоа што кружи околу црковната зграда или пак ако верува дека ќе му се случи нешто лошо доколку не кружи околу неа. Позз и среќен празник и тебе!
Аха.Во ред.Сакаш да кажеш дека еве ти се најде паметен да се делиш од цела милионска толпа која верува во се што опфаќа православието и еден ден ти текна оти сакаш да си лутеран-протестант или што и да си?! Опааа и Ерусалим испадна една голема лага и Света Гора Не ги испревртувај зборовите на Исус,те молам,не мислам дека рекол да не се поклонуваме и придаваме значење на Ерусалим,метафорично е кажано само,за да се даде поголема важност на Духот,ама не гледам како Духот би губел на важност тука Не мислам веќе да се докажувам,едно 5 години со тебе вергламе исто,верувај и порекнувај се што сакаш,толку од мене.
Не ги испревртувам зборовите на Исус. Исус одговара конкретно баш на ова прашање, околу местото за поклонување на Бог. Самарјаните доаѓале на поклонение на планината Герасим, а евреите во Ерусалим и помеѓу нив имало расправии, кое е вистинското свето место за поклонение на Бог. Еве што го прашала жената самарјанка: Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк. Нашите татковци Му се поклонуваа на Бога на оваа планина, а вие велите дека Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.” (ев. Јован 4:19-20, Библијата) Исус на ова директно и одговара: „Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина, ниту во Ерусалим... Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” (ев. Јован 4:21-24, Библијата) Секој што има барем 2 грама мозок ќе сфати дека овде Исус јасно кажува дека физичкото место не е битно, дека не постои денес „свето географско место“ каде што луѓето треба да одат за да се поклонат на Бог. Бог е сеприсутен и не е важно каде ќе му се поклониме, се додека му се поклонуваме со духот и во вистина. Сум слушнал теолози да дебатираат околу тоа што значи „во дух и вистина“, но не сум слушнал некој да дебатира дека Исус овде јасно кажува дека географското место не е важно Значи не се работи за различно теолошко сфаќање, ниту за неразбирање на јасната Исусова изјава, туку се работи за инает Инает во смисла: абе шо сака нека вика Исус, ја има да одам на света гора или во Ерусалим на поклонение и тачка! Напротив, историјата покажала дека најголемите суеверија се создавале меѓу верниците и тоа меѓу верниците кои неразумски пристапувале кон верата, независно дали се тоа попови или обични луѓе. Ако си етнолог и сакаш да вршиш истражувања на суеверијата кај луѓето, прво место каде што треба да отидеш е во црквата, а не кај атеистите Суеверие по дефиниција значи празноверие, верба во празно, неоснована вера во нешто, верба која не произлегува од нешто реално и разумно. Примери за суеверија се: Не поминувај низ бандера - несреќа носи Не поминувај ако црна мачка ти го пресече патот - несреќа носи Ако се поклониш на Света Гора или во Ерусалим - ќе бидеш посвет или поблагословен од другите Ако свртиш три круга околу некоја црковна градба - ќе добиеш благослов Ако му фрлиш вода на првачето, ќе му тргне добро у школо Итн. Ништо од ова не се темели на разумен факт, на учење на Исус Христос или општо на Библијата. Сите овие и слични на овие се измислени од луѓе, независно дали тие луѓе носеле црна мантија и крст на вратот. Измислица е измислица и таа не зависи од облеката или позицијата на некој човек во или надвор од црквата.
Не е, затоа слободно можеме да се поклонуваме пред импровизираниот гроб во црквата. Драго ми е што самиот си го одговори тоа. За ова другово само ќе ти кажам, апостолите се основата на нашата православна црква. Да, од верници произлегле некои суеверија, но затоа и напишав погоре: Она што е од Црквата не е суеверие. Суеверие е она што го измислил човек надвор од црквата, па кој има два грама мозок ќе разбере.
Одговорив јас, и не велам дека ги немаш тие 2 грама мозок за да правилно ме разбереш, туку знам дека стравот да погледнеш 2 милиметри надвор од православието те спречува да го разбереш тоа што Исус јасно го кажува. На Судниот ден многумина ќе речат слично на тебе: Ама Господе, ти рече дека не е битно местото, и затоа јас се поклонував на каменот во Мека. Ама не е битно местото, затоа јас се поклонував блиску до идолот на Баал. Ама не е битно местото, затоа јас се поклонував пред импровизираниот гроб. Не е битно местото, ама ете така случајно се погоди да секој Велигден јас баш таму се поклонувам
Само да спомнам за вртењето околу црква. Тоа вртење го симболизира патот на светите жени мироносици кои оделе кон празниот Христов гроб на прво утро, за да Го миросаат телото на нашиот Спасител и Господ Иисус Христос. Братот @EvAngelos сакам да го поздравам со Нињето од Пасхалните стихири, кое пее: Ден е на Воскресение, и да се просветлиме славејќи, и еден со друг да се прегрнеме. Да речеме: „Браќа и сите кои не` мразите, да простиме се` поради Воскресението“ и така да воскликнеме: „Христос воскресна од мртвите со смртта, смртта ја промени(уништи, победи) и на оние во гробовите живот им даде!“
Вртењето околу црква не е суеверие, туку е симболизам. Има разлика. Одењето во Ерусалим не е суеверие, не го прават верниците тоа со мисла дека нешто добро ќе им се врати од Бог. Купување поголема свеќа наместо обична е суеверие, оставање пари на икони е суеверие, замислување желби е суеверие, гозби на гробишта се суеверие. Има разлика.
Абе ајде? А три круга ли вртеле жените околу гробот на Исус? Според тебе е ова, според други попови верниците вртат три круга околу црква како симболика на 3те дена на Исус во гробот. Трет поп ќе каже дека тоа е за света Троица па затоа треба 3 пати, четврт четврто... но во пракса и во суштината на сите суеверното вртење околу некој објект, а луѓето се плашат дека ако не свртат нешто лошо ќе ги снајде или пак ако свртат демек еве види јас колку јак верник сум, правам нешто што Исус воопшто не заповедал, али ипак сум јак верник пошто види колкава свеќа држам... упсс ми угасна пламенот, уффф види онаа каков гз има, дај од неа ќе ја запалам свеќата И вртењето околу сакрални предмети не е само во христијанството. И паганите вртеле кругови или играле некакви танцови околу нивните идоли. И за нив тоа било симболика. И муслиманите вртат 7 круга околу Кабалата за време на аџилакот во Мека. Они го бакнуваат црниот камен таму, за кој што веруваат дека е свет, и кога некои се побуниле дека тоа е идолопоклонство, се појавиле муслимани што вака како тебе им објасниле дека тоа не е суеверие, ниту идолопоклонство, туку дека тоа е симболика бидејќи и Мухамед така го бакнал каменот, па сега тие симболично треба да го повторуваат тоа. И додека имамите им велат дека тоа е симболика, муслиманите таму плачат, вриштат, се онесвестуваат од „религиозна возбуда“ дека го бакнале овој свет камен, верувајќи дека ќе добијат благослов или милост од Алах. Етнолошки гледано, сите суеверија се еден вид симболики. Немој да мислите дека порано луѓето биле до толку глупи да веруваат дека некое дрво што тие го изделкале било вистински бог. Платон, Сенека и многу други пагански филозофи велеле:„Ние не им се поклонуваме на идолите туку преку нив им се поклонуваме на боговите“. Демек тоа било само симболика. Додека учените пагани тaка ги употребувале, простодушните им се поклонувале и ги обожавале А Библијата, со нејзините над 1000 страни, е толку богата со содржина, така што за секоја паганска пракса кај луѓето можеш да најдеш некоја сторија во Библијата и да ја „охристијанизираш“ таа паганска пракса и да речеш: Ете заради ова го правиме тоа, заради ова плукаме на дрвото, затоа што и Исус го плукаа војниците... заради ова фрламе камења во реката, затоа што Давид му фрли камен на Голијат, заради ова се гориме со оган, затоа што Даниел бил фрлен во огнена печка Гледате, за секоја паганска пракса може да се најде нешто поврзано со Библијата и да се рече „ете заради ова е таа симболика“. Идолоклониците секогаш си имале изговор за своето идолопоклонство. Речиси никој идолопоклоник нема да рече да јас сум идолопоклоник и се поклонувам на ова парче дрво бидејќи сметам дека тоа е бог Не, и тој ќе каже дека тоа е симболика. Вие можеби им се смеете на суеверните луѓе што си носат иконче во џеб на испит верувајќи дека тоа ќе им помогне да положат, ама ако ги прашате тие нема да признаат, ќе речат не бе, ја знам дека ова нема да ми помогне, ама онака симболично си го носам.