Никој не верува дека нешто лошо ќе му се случи ако не изврти три круга. Си ги помешал малку поимите Да, да веруваш дека нешто лошо ќе ти се случи би било суеверие. Вртењето на црква е симболика, не суеверие.
@EvAngelos , кога сте толку против традициите и обичаите, зошто на вчерашниот излет кој го организирало друштвото „Еклесиа“ дечињата се кршеле со јајца? Тоа не ви е паганизам? И дај пофали се како ти помина предавањето на прв ден Велигден?
Литургискиот пристап кон празниците, особено кон Велигден, наликува на една долга христијанска драма, која за некои трае цели седум недели, колку што им трае постот, а за многумина трае пократко, започнувајќи од времето кога се вклучуваат активно во драмата. Во тие денови, одрекувајќи се од „мрсна“ храна, и со посебни режими на исхрана и во некои посебно одбележани денови, луѓето се концентрираат на Велигден. Како се приближува Велигден, така литургиската драма добива на тензија. Последната недела, тензијата кулминира. Сега се Цветници, Христос влегува во Ерусалим, Осана на висините! Потоа, доаѓа Велики Четврток (најчесто на луѓето им е мачно да глумат во христијанска драма цели седум недели, па се вклучуваат некаде од Велики Четврток). Сега е времето на Тајната вечера, сега е времето за вапцање јајца. Потоа, доаѓа Велики Петок. Во драмата се вели дека тоа е најтажниот ден во христијанството. Сè е зацрнето, молчете, шшшш ... Христос умира денеска. Строг пост, намуртени лица, како Христос навистина денес да умира, а не дека умрел пред скоро 2000 години. Па, Велика Сабота, Христос е денес во гроб ... чекајте, само што не воскреснал. Народот се собира по храмовите, илјадници на број. Како се приближува полноќ, тензијата расне, Христос сега ќе воскресне, ние ќе се ослободиме од мачниот пост, ќе се радуваме. И свештениците го бркаат народот од внатрешноста на храмот, затоа што сега Христос треба да Воскресне; народот кружи три пати околу црквата; свештениците велат дека тоа биле трите дена на Исус одлежани во гроб, а народот не знае точно за што станува збор, ама знаат дека треба да кружат околу црквата, затоа што ова е клучното време на замислување желби; секоја желба што ќе си ја замислиш, ако ја додржиш свеќата запалена, ќе ти се исполни ... Пази бе малку, ми ја запали косата со свеќата! Види ја бе оваа, ми се буцна во свеќата и ми ја угасна ... Хм, желбата нема да ми се исполни!? И свештениците, објавуваат: Христос Воскресна! Навистина Воскресна! (како тие навистина да го виделе настанот, за разлика од обичните смртници кои надвор чекаат да дознаат дали Тој навистина воскреснал). Камбаните ѕвонат; значи Воскреснал. И доаѓа празникот, се кршиме со црвено јајце ... сега можеме да мрсиме ... фала Богу. Ајдееее, песна, јадење, пиење. Утре на гости, јајца, јагне, винце, уживанција, песни весели, на крајот песни пијани ... И тебе сам сит кафано, да Бог да се запалила...позлатила!!! Следната недела, црквите празни ... штама. Па, кај се сите тие илјадници луѓе? Готово, драмата заврши. Сега луѓето си имаат други обврски. Празникот помина, сега сè е по старо. Јас успеав да бидам во драмата цели седум недели! А, јас не, јас само една недела учествував во драмата, последната, најважната! Јас учествував во драмата од Велики Четврток па натаму. Кој како ... Но, драмата заврши за сите, сега веќе не се во улога на христијани кои го очекуваат Велигден, сега се си тие што се, вистинските, онакви какви што се низ целата година - без потреба од редовна молитва, без самоодрекување од гревовите, без грижа за добри дела,без читање на Светото Писмо (ок тоа ни за време на Велигденската драма не го прават). Драмата заврши, готово е. Убава беше драмата, ама заврши, ајде да му се вратиме на животот.
Малку имам истражувано од каде поттекнува фарбањето на јајца, ама од она што знам, да има пагански корени, а никако христијански. Сепак, воопшто не е грев да обоиш јајце, или орев или шишарка, уметност е тоа, и најчесто луѓето го прават од уметнички причини, ги цртаат, се фалат колку убаво ги нацртале и сл. Ама ако го правиш со религиозни побуди, верувајќи дека јајцето е осветено, дека ако се избањаш со него на Велигден дека ќе те очисти од гревови, ќе ти даде здравје, бериќет итн. тоа не само што е паганизам, туку тоа е суеверие и идолопоклонство. И кај нас во центарот Еклесиа доаѓаат секакви луѓе, ние сме отворени за секого, и се разбира дека сите сме грешни, несовршени, не сме „светци“, а на многу од луѓето има треба период да се очистат од паганизмите, суеверијата и идолопоклонствата со кои биле растени. На некои им неколку месеци за да престанат да се поклонуваат на икони или да упатуваат молитви на упокоени луѓе (св. Петар, св. Јован, блажената Марија итн.) Одлично помина. Наскоро ќе има и видео снимка, ќе ти пратам ако сакаш Зборував за историските (библиски и вон-библиски) докази дека Исус навистина бил распнат, дека сигурно бил мртов и дека телото сигурно го снемало од гробот. Потоа ги дискутирав сите можни опции кој се би можел да го „украде“ Исусовото тело од гробот, покажувајќи дека никој немал интерес да го украде телото. Потоа наведов историски извори дека стотици Христови следбеници сведочеле дека го виделе Исус воскреснат и заради тоа маченички биле погубувани и дека тоа го потврдува нивното сведоштво. Потоа, како дополнителен доказ, ги изложив и старозаветните пророштва дека Исус ќе биде распнат и воскреснат. И завршив со импликациите од Христовото воскресение за нас денес. Од присутните многу дојдоа да ми кажат дека никогаш не ги слушнале овие историски податоци и заради тоа сега беа силно убедени дека Исус воскреснал. Верувај, нема поголемо празнување на Велигден од тоа некоја душа пред тебе да поверува дека Исус воскреснал и Исус да воскресне во нејзиното срце и да стане Божјо чедо (Зборам конкретно за една жена). Тогаш со цело срце и душа може да рече „Навистина воскресе“ и потоа навистина да го видиш Исус жив во нејзиниот живот
Ова едноставно не е точно, и тука нема некоја дискусија. Ако бараш за критикување, во практиките на православието ќе најдеш многу, aма со ова си избегал малце. Штета што се концентрираш само на барање критики, па и преувеличуваш во голема мера. Не знам дали си преобратен... во тој случај, ми изгледа ко да не си се потрудил да ја сфатиш својата тогашна вера пред да се преобратиш. Ако вака си ја разбирал, си учел од погрешни примери и требало да пробаш да ја разбереш во суштината. И страшно ти е агресивен пристапот. И сам си верник, знаеш дека кога некој атеист ти се потсмева за тоа што веруваш дека Христос бил роден од девица, нема да те натера да се откажеш од своето верување. Епа, исто. A овие гарант мислат дека колку погласно пеат, поголема желба ќе им се исполни! Паганизам на нивоу. Гарант ако згрешат збор мислат дека несреќа ќе ги прати оваа година. Или не, а? Си ја чувствуваат верата и на овој начин се поврзуваат со Бог, така? Епа, исто.
Никој не пости од страв, ниту бојосува јајца од страв, ниту врти црква од страв. Уште не сум сретнала некој што е православен христијанин од стравопочит. Останува секој од нас да си тера по своето, па на крај Бог ќе ни суди на сите. Според тоа твоето, тоа што секој ден одиш во теретана е исто паганизам, или што секој ден си правиш смути за доручек, или што секој втор ден одам кај иста другарка. Се што е повторувано од сопствена волја и желба е паганизам?
@EvAngelos Од кај ти е силата да си земаш за право група од милиони и милиони верници да нарекуваш луѓе без 2 грама мозок? Човеку,опседнат си со православието,молим те олади малку,форум е ова,да за дискусија сме тука,ама не бе,ти не дискутираш,ти деградираш само!! И кој си ти да кажуваш кој како пости,и како сите оделе во Црква од Божиќ на Велигден,која осуда ја кажа во рефератите од минатите страници,запрепастена сум,навистина
Не сум рекол такво нешто. Еве што пишав јас: Милионите верници што се клањаат во Ерусалим или во Грција, тие не ја ни знаат оваа Исусова изјава. Така што не ги навредувам јас нив. Не те навредувам ни тебе, бидејќи јас сум сигурен дека ти многу добро разбираш што Исус погоре вели, ама повеќе ти е важно што ќе кажат луѓето, отколку што вели Исус. Иначе ехеее и те како сум сигурен дека имаш повеќе од 2 грама мозок Не сум опседнат. Велигден беше, темава стана актуелна и си го пишав моето мислење. Не е убаво да глумиш жртва на вербално насилство само затоа што некој напишал различно мислење од твоето. Да форум е ова, не е православен блог и затоа ако некој напише нешто различно овде, тоа не значи дека е опседнат или дека објавил меѓурелигиска војна или сл. туку едноставно има различно мислење. Аман веќе со овие цимолења.
@EvAngelos Не,не цимолам.Напротив доста долго ќутев и трпев. Не велам дека не сме биле досега во конфликт јас и ти на темиве за религија,ама исто така често се повлекувам од расправии,досега не сум била ни опоменета ни банирана,а членувам 7-8 години,замисли е истото повлекување го правам и во реал лајф,ама искрено ми се смачи од твоиве упорни верглања кон нас. Имај си став,никој не ти го брани тоа,ама уште стојам на тоа дека претеруваш.
На сите верници им посакувам среќен празник, да сте живи и здрави и само убавини да ве пратат понатака во животот, нека ви е за многу години !
Христос воскресе! За многу години, уште долги години да го славиме овој празник. Слава му на Господ на небесата. ❤
Се бања секогаш на секој празник, слободно бањај се, никаде не пишува дека е забрането. Знам дека доцнам со одговор, ама ионака сум тука да кажам дека постојат стари (суеверни)муабети дека не се бања на деновите пред Духовден, т.е на "мртов петок, и мртва сабота" оти излегувале мртви коски по телото, јас секогаш се бањам на тие денови, па гајле немам
Се избањав и на Велики Петок и во неделата.Не можам мрсна да седам и таква во јавност за се шетам. Плус да влезам во црква небањата нема шанса. Мајка ми ми збореше не се бањало ова она а и лани се бањав Фала ти