Како тоа "светица и шифОњер" се офтопик, а "мувата на капата и сФаќа" не се? Ај конечно научете да бришете како што треба или не бришете ич. П.С. Барем отстранете го мислењено кај што пишува шифуњер , очи може да откорне.
Ај не претерувајте. На Велики Петок се работи низ дома и се меси и се чисти. Исто и на Велика Сабота. За што подостојно да се пречека Велигден. Во однос на јајцата, најдобро да се вапцаат на Велики Четврток (Македонска традиција), ама и на Велики Петок да се вапцаат ништо страшно.
Христос воскресе! Нека е за многу години Божји благослов за здравје и мир. На сите што го испостивте велигденскиот пост, нека ви е на здравје и спасение. Уживајте во празничната атмосфера
Навистина Воскресна! За многу години! Бог да ги благослови сите со здравје, љубов и спокој. На здравје и спесение на сите што си се причестија.
Дали некој знае што треба да направам со ланската свеќа од црква? Кои се најточните верувања во врска со свеќата?
Христос воскресна од мртвите, со смртта, смртта ја победи и на оние во гробовите, живот им даде. Ставете ја на свеќник и нека изгори.
Може ли некој да ми објасни зошто се вапцаат јајца, каква христијанска поврзаност имаат јајцата со овој голем христијански празник, и од каде зајакот? Фала
При второ Христово доаѓање. Сигурно не воскреснал без причина и сега на тоа ќе остане. Вечен живот ќе има за спасените.. Спасението зависи од самите нас Господ ни го дал. Наше е дали ќе го прифатиме или не. Верата е битен фактор, покрај неа доаѓа и начин на живот, однесување итн
Па за некои тоа е можеби и утре. Не знаеш кога ќе умреш. После смртта следува тоа - воскресение или второ Христово доаѓање. Некои ќе го дочекаат живи не се знае кога. Ама дали ќе се спасиш до тебе е.
Имаше задгробен живот, но не во рајот, туку само во адот. Рајот, беше заклучен. Дури и свети Јован Крстител беше таму и им проповедаше на умрените. Христос го врати паднатиот Адам во небесниот рај, односно во заедница со Бога. Вистинскиот живот е само кога сме заедно до Бога. А, кога сме разделени од Бога тоа е смрт. Во однос на јајцата, по воскресението св. Марија Магдалина, отишла при царот Тивериј да се жали од Понтиј Пилат, за неправедното распнување Христово. Тогаш му однела за поклон црвено јајце и го поздравила со: Христос воскресе!
Дали може поопширно објаснување за Свети Јован? Не разбрав баш, тој бил во адот и проповедал таму или? Благодарам.
Значи, Рајот е затворен, а Пеколот отворен (ако смеам така да се изразам) И што значи болдираното? Не разбрав... Може подетално?