А јас би сакала да се надоврзам. Не ми е јасно концептот на пуштање машина за време на празник. Јас сфаќам дека на рака не треба да се пере, да се шие итн а не машина да не се пушта искрено не сфаќам како е тоа грев. Ако е така ни машина за садови, ни шпорет ни бојлер ништо не треба да е вклучено Не знам еве не сфаќам, а никогаш кога ќе отидам во о црква не ми текнува тоа да прашам П. С. Христос Воскресна, Среќен празник
Дали утре наутро има Литургија во сите цркви или само во некои? Ако знаете каде има во Битола, ве молам за информација.
Утре би требало да има во сите градски парохиски цркви. Во Битола веројатно ќе има во свети Димитрија, Пресвета Богородица и света Недела.
Христос Воскресе! За многу години и честит Велигден Славете христијани, Семоќниот ја победи смртта, за оние кои ќе поверуваат во Него да ги дари со вечен живот.
Здраво дечки, јајцата ги исфарбав денес па се надевам не направив некоја грешка.. некои велат не се фарбале на Велики петок..
Така знам и јас, секогаш се бојадисува на велики четврток или велика сабота во петок не. Јас од кога знам ние се вака.
Сите денес објавуваме слики од Христовото распнување. Се обидуваме да ги најдеме најстрашните. Објавуваме инсерти од филмови кои се обидуваат да го оживеат тој настан. Се правиме како да сме тажни, молитвени, не правиме ништо, гладуваме... како да го оплакуваме Исус... А дали помислуваме дека во нашата околина денес има луѓе кои плачат, кои се тажни, кои се гладни, болни, немаат пари за лекови и основни потреби? Дали помислуваме дека има такви луѓе во нашите семејства? Го сожалуваме Христа, а родителите кои одвојуваа од нивните усти за нас, ги заборавиме и повредуваме. ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА КАКО ДЕМЕК ГИ ГЛЕДАМЕ, НО НЕ ГО ГЛЕДАМЕ СТРАДАЊЕТО НА ЛУЃЕТО КОИ НЕ' ОПКРУЖУВААТ. Не можевме да му помогнеме на Христа на Голготата, но можеме да им помогнеме на нашите ближни.... сега, веднаш!. Тоа го бара Господ од нас. Не да тагуваме по Него, туку да ги нахраниме гладните и да ги израдуваме тажните. Ние го осудуваме народот што го распнал, но не знаеме дека ние го распнуваме со секој наш грев. Да не дозволиме Неговото страдање да не биде за наше спасение. ДА СЕ КАЧИМЕ НА КРСТОТ СО НЕГО, ДА ЈА ПОЧУСТВУВАМЕ БОЛКАТА НА ЧОВЕКОЉУБЕЦОТ И ПОБЕДАТА БОЖЈА! ДА ИМ СЕ ПРИБЛИЖИМЕ НА НАШИТЕ БЛИЖНИ, ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ, ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ, ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ОНИЕ ВО НЕВОЛЈА... ТИЕ СЕ ХРИСТОС! Сега, веднаш! Да не одложуваме. -Отец Бојан Крстановиќ
За Велигден СВЕТИ ГАВРИЛ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ редовно им делел по едно црвено велигденско јајце и им велел: "Деца, изедете ги јајцата, згмечете ја лушпата и расфрлете ја по градот за да видат сите дека Христос воскресна!"
Христос Воскресе! Денеска е денот на Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, Кој според зборовите на Свети Јован Златоуст е „темелот на мирот, почетокот на помирувањето, престанокот на непријателствата, уништувањето на смртта, поразот на ѓаволот“. Па дури и нашата духовна слабост не може да биде пречка за неделната радост, зашто Христос со Своето воскресение ни дава надеж и гаранција за спасение, ни дава вера во победата над гревот и смртта, нè прави учесници во вечниот живот! Навистина Воскресна!
Донеси им Велигденска радост на болните, сираците и страдалниците - оди таму, никогаш нема да згрешиш - таму ќе го сретнеш Христос. Во овие денови на Велигден, ако пречекаш просјак, нахраниш гладни, ги посетиш страдалниците, оние во болница, во затвор - ќе го примиш самиот Христос Воскреснат. Не пропуштајте! Во овие денови пред Вознесението, Христос сигурно ќе дојде кај вас, и вие сигурно ќе Го видите и сигурно ќе ја почувствувате радоста на оваа средба. Схиархимандрит Зосима (Сокур)