Ради,имам убаво пишано погоре,да не се повторувам на рамен сад ,со памук,вода ,најгоре пченица,и чекај,во меѓувреме долевај водичка И да ви се пофалам,мојата пченичка веќе расте,цела е зелена и има боцкави ливчиња од два-три сантиметри.И денес купивме боја за јајца.И жолта,најубаво се прават со неа Сега само уште да дојде четврток
Мајка ми е задолжена околу делот за фарбање на јајцата (сите ги фарба во црвена боја), а мојата задача е да ги украсувам и исрено уживам во тоа. Инаку Велигден е празник над празниците и секогаш сум еуфорична. Семејни ручеци, одење во црква, одење кај најблиските... прекрасно чувство, нема што повеќе да посакам.
Стави го на топло ако го направиш денес, мислам дека сепак има време за да никне, ако не за во недела, за другите два три дена и мило ми е што ви се допадна како идеја, мене масата најукрасено ми изгледа со вакво.Зелено, шаренило од јајца, преубаво е, прашајте ја и Емче
Леле.... Јас годинава планирам да офарбам некое јајце.... многу ми фали одењето во црква и ручеците... ова Америкава ме уништи, ни празник сум видела последниве 2 години ни ништо....
епа девојки дојде и тој ден.јас веќе си ги спремив јајценцата.ајде да ве видам вас кој какви направил јас си ги имам црвени(стандардните) потоа сини, зелени и шолти и и јас си купив кристалчиња и една табла ми се со кристали а на др. им лепев сликички.
И мене Велигден ми е еден од омилените празници,покрај Голема Богородица,додуша треба подеднакво да се почитуваат сите празници,меѓутоа тоа што најмногу ми се допаѓа кај празникот Велигден е тоа што се собираат луѓето во најблиската црква,нормално како и пред соборниот храм.Кога ке го видам тоа како луѓево се собираат толку многу и стари и млади,најискрено душава ми се полни со позитивна енергија,многу ми е мило и интересна работа што сум забележала е тоа што некако сите се насмеани,со некаква еуфорија го чекаат празникот.Веројатно е тоа нели и поради фарбање на јајцата,кршење,кое е традиција,но сепак треба да биде и повеќе духовен почит спрема празникот.Дома со мајка ми кога фарбаме јајца тоа е најчесто со црвена боја,која сепак има поголемо значење за разлика од другите бои дали жолта,зелена итн.
Е па денес со мајка ми офарбавме црвени ( најмногу ) јајца, жолти, лилави, тиркизни, планирани беа за сини ама излегоа уште поубави, розеви, и тие беа за црвени ама ништо Сите се кој од кој поубави За плус украсување не знам , изгледа нема да ги лепам, вака ми се супер :up:
taka e i jas isto ne sum zadolzena za farbanjeto jajca taa dolznost e na majkami a jas i mojat sestpa sme zadolzeni za sarenjeto na jajcata pozzzzzzzz
Уф...дури ми е срам да кажам, оти црквата е до мене, ама не стасав.Се расчистив по дома, и не стасав да се средам. Ама утре секако одиме, денес повеќето се оние што постат.
Јас да си кажам дека бев, си запалив свеќа, една и за во рака си зедов, си зедов и цвеќенце од црквата...
за ВЕЛИГДЕН можам само да кажам дека го сакам пазникот како и сите останати празници....ама некако ВЕЛИГДЕН И БОЖИЌ посебно ми носат мир и спокојство на душичката....некое неопишливо убаво чувство
И мене велигден ми меѓу омилените празници.Вапцавме јајца во скоро сите бои, еднобојни разнобојни, секакви.И вечер одиме на црква со друштвото.
Црвени фарбаме наутро на Велики Четврток, бидејќи црвената боја ја претставува крвта,а јајцето телото на Исус. Инаку ги правиме со кристали. Прекрасни се. Прекрасен празник. Ви посакувам на сите убаво да си поминете за Велигден!!
Бев и вчера во црква,запалив свеќа и целивав.Јајцата се од четвртокот вапцани и сите се црвени.Неколку дена постам и прекрасно се чувствувам,не ми фали мрсна храна ич.Вчера направив слатки и сега повелете дојдетe! Го сакам Велигден како празник,верник сум и ми се допаќа таа позитивна еуфоричност,традиционална топлина што ја носи со себе,ми создава некое спокојство,исполнетост.. Ви го честитам на сите и убаво да си поминете!