И мене Велигден ми е еден од најомилените празници. Секогаш ме фаќа некоја празнична еуфорија пред овој празник, секогаш убаво се чувствувам, плус дека е во пролет - уште повеќе се радувам. Кај нас првите јајца на Велики Четврток ги вапцува баба ми, а после другите мајка ми и ние со сестра ми и помагаме. Секогаш вапцуваме црвени јајца, понекогаш вапцуваме и во други бои ( жолти, сини, зелени, розеви, портокалови) имаме правено со кристали и задолжително им лепиме сликички и ленти, а имаме боено и со темперни бои. Лани направивме јајца со гриз - ги сваривме јајцата, па ги оставивме да се изладат. Потоа, ладни, ги измачкавме со течен лепак и ги пепелвевме во гриз, па ги оставивме да се залепи гризот и после ги боевме до темперни. Беа многу убави и изгледаа како да се правени со кристали. Јајцата ги ставаме во плетени кошнички декорирани со слама. Имаме неколку велигденски украси - пилиња и зајачиња, па и нив ги „изложуваме“. Скоро секоја година постам пред Велигден и се причестувам. Секогаш се собираме заедно за ручек, па ги посетуваме другите баба и дедо ( на мајка ми родителите), кумовите и поблиските роднини. Го сакам празников, ме прави среќна.
Beчерва се чуваат лушпите од јајцето и се удира со лушпите по тој што го сакаш демек ќе те засакал така хехехе јас планирам да направам вака а ако не го видам тој што го сакам тогаш и по непознати ќе гаѓам .
само што се вратив од црква,беше преубаво,моите дечиња пресреќни.Нека ни е среќен празникот, само мир и спокојство за сите семејства.Христос воскресна !!!
Нека Бог ги исполни нашите домови со радост, здравје и мир. За многу години нека ни е празникот. Христос Воскресе!
и за многу години нека ние, само здравје, среќа и благосостојба за сите, добрина и трпение помеѓу нас луѓето!
Ајде и овде да речам како што е ред: Христос воскресе! За многу години Велигден. В година порадосни, повесели!
Значи најубавиот празник според мене е Велигден вчера бев со моите другар4иња до црква и баш најубо си поминав ....... денеска од сабајле бев кај најблиските роднини и многу убаво си поминав на овај ден се гледаш со луѓе со кои си изгубил контакт некако како посебна еуфорија да има меѓу луѓево за празников. Штета што трае само 3 дена .... ●▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬ஜ۩۞۩ஜ▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬● (¯`’★♫ ♪ ♪ ♪ ♥ ♥ СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ ♥ ♥ ♪ ♪ ♪•♫♪★’´¯) ●▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬ஜ۩۞۩ஜ▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬●
Христос воскресна! Навистина воскресна! За многу години, господ да ви даде само најубави работи во животот! Среќен празник на сите
Кога бев помала се карав со сестра ми кој празник е поубав, дали Велигден или Божиќ, затоа што секоја тегнеше на своја страна. Јас накај Божиќ, таа кон Велигден. Сега Велигден го гледам само како формален оброк со родителите и роднините, затоа што сум договорена да ми ја почитуваат религијата и обредите, доколку јас го правам истото за нив.