Христос Воскресе!Честит и долговечен нека ни е празников . Патем Божиќ и Велигден ми се најубавите празници .
Е добро де сум згрешила во рачуницата Значи вака , може и на прв и на втор и на трет ден Велигден. Јас всушност го фрлам на втор ден Велигден пошто одиме по гости тогаш и по пат ми е рекичката. Годинава значи ке го фрлам на втор ден , на 13- Април во Понеделник....И секоја година истото го правам, во понеделникот го фрлам ланското јајце. Поздравчееееее
Некој искуство со саденње пченица на памук за Велигден? И дали давте подароци јас да правм пакетчиња лани со цоколадни зајчиња украси... Годинава велигденска честитка (сеуште барам текст) еден украс во форма на срце пишува среќен Велигден, чоколадни јајца и велигденски салфети. Сето тоа ставено во кутија велигденска куќичка. Инаку за мали деца има и боенки итн...
Ако сеете пченица, подобро посејте ја во чинија со земја. Ако ја посете само во памук голема е шансата да скапи. (Најдобро е долу памук ред земја, пченица, ред земја). Ако веќе пишувате честитки, а сакате Христијанска содржина, убаво е да напишете: „Христос воскресе!“ , а се` останато од типот: „Добра Пасха!“, „Честит Велигден!“ и слично е второ степено. Кога сме кај зајаците. Да внимаваме да не го направиме Велигден од празник на Христовото Воскресение и празник на Пасхата(Преминот) од смртта кон Животот, во празник на зајаците (што несат јајца).
Има ваков јас го викам млечен лепак во џамбо, а верувам дека го има и во поголеми поснабдени книжарници, прашај ќе те упатат вработените. А ако не можеш да се снајдеш со лепакот, може истово да се направи и со шербет, значи една чаша вода и чаша ипол или две шекер. Нека проврие малку нека се олади и имаш замена за лепак
знае ли некој каква е симболиката на зајакот за велигден и зошто толку форсирам еукраси со зајаци за празников?
Во едно северногерманско или данско кнежество, кокошките ги фатила пипка и сите изумреле. Останале за Велигден без јајца. Тогаш кралот кој бил добар увезол јајца од некоја подалечна земја. Децата прашувале кој ги снел јајцата и одговрот бил - зајаците. Како и да е, за жал во последно време се си мислам дека Велигден станува празник на зајаците, а не празник на Христовото воскресение.
So mir vo dusata, ljubov vo srcata, so verba vo Gospod, da se raduvame, da prostuvame, da se sakame, da se pocituvame... Neka e srekjen praznikot prijateli, za mnogu godini!
Среќни Велигденски Празници Живи и здрави, најсреќни. Ви посакувам на оваај убав ден да бидете целосно опкружени со позитивна енергија. Ете денеска, беа последните подготовки со мајка ми. Слатки, кифли, мафини и други работи кои ја красат велигденската трпеза. Симболично црвената боја на јајцата. Поздрав. Имајте убава вечер.