Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Да. Баш жално за сите нив. :(
     
  2. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Си разгледував по темава и го прочитав мислењево:


    Потполно се согласувам. Ај тоа што го уби невиното коњче, туку поради неа настрадаа и други луѓе: работниците во шталата, Нилуфер...
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ај сега сите нека ме цитираат. :)

    Хурем се отарасувала од сите што ја повредиле, а Величенствената сака да се отараси од првата жена што се спротивставува на све живо што прета во Сарајот. Уште од самиот старт почна на сите да им се спротивставува, и кога видоа дека дава отпор и они и враќаат. Што е тука чудно? Водат `тивка војна` која ја започна Хурем, а не Валиде.
    Величенствената сега дури почна да и враќа, предолго време ја тинтраше.
    Да не започнувам со сите од кои сакаше да се отараси и се отараси Хурем.
    Ако Валиде индиректно го уби коњот, тогаш Хурем директно го однесе на смртна постела Ибрахим и неговото дете, ради отровот од Јакуп.
    Што мислеше она? Дека рацете со отров на Ибрахим нема да го допрат детето? Или Хатиџе? Дури и Величенствениот? |(

    :clap:
     
    На E...V...I...L и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  4. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    ^ Си го искажував своето мислење, затоа те цитирав :)
    Инаку да, во право си за тоа дека Хурем се отарасува од сите што ја повредиле, а Величествената сака да се отараси само од Хурем. Нека го направи тоа, нека се отараси САМО од Хурем, а не поради тоа да страдаат други луѓе.
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Да.навистина и мене ме интересира.Кој ќе одговори ?? :)
     
  6. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Нора
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Тролаш?
    Малку рима де
    А мене ме интересира зошто Хурем не и го прости животот на Нилуфер кога таа беше нејзина робинка. Заради предавството можеше да ја избрка од сарајот, не мораше вака да заврши.. Па и на Сулејман можеше да му рече само да се најде виновникот, да не настрадаат луѓе заради тоа што му се случи на коњот, а што се случи? Сите работници заминаа заедно со него.
    Што говори уште еднаш дека се исти, таа не е нешто подобра од Величествената и компанија, само што против Хурем не смее ништо да се каже.
    А иначе мене пак, за Нилуфер и не ми е нешто многу жал, таа не мислеше два пати кога принцезата требаше да се зарази со чума.
     
  8. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Коњот и е подарок од Величенствениот така да само тој може и како тој сака ќе го казни виновникот: Дали ќе ја протерал од сарај, дали главата ќе и ја сечел... како и да е одлуката е негова а Хурем не смее да се спротивстави на волјата на Султанот, еве еднаш му се спротивстави во врска со Изабела и што - пак ништо, не ја послушал и си го направи ќеифот ја легнал и никому ништо.
    И да Хурем Е подобра од величенствената затоа што Валиде иако била принцеза донесена за Султанот Селим сепак не успеала да го задржи само за себе за разлика од една робинка (Хурем) која ќе го преврти и небото и земјата само за својот сакан Сулејман.
    И мислам дека ја разбрав причината на Валиде за нејзината попустливост кон Махидевран:
    Едноставно кога ја гледа неа, се гледа самата себе! И двете биле немоќни да го освојат срцето на својот Султан па затоа и помага... НО ЗАЛУДНО :devil:
     
  9. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    А како можеше Хурем самата да си донесе одлука Нигар калфа да остане во сарајот? Не и беше гајле што велат другите, едноставно им нареди иако на крај Величествената требаше да реши. Значи Хурем има авторитет и тоа каков кога се работи за судбината на робовите. Зошто не отиде да го помоли султанот да ја помилува Нилуфер? Демек тој не ќе и ја исполнеше молбата на саканата Хурем :D Па и да не ја послушаше, видовте да се заложи барем малку за неа? Контроверзна сцена, Хурем стои пред врата и чека да и го изнесат телото откако претходно не видовме Малкочоглу и султанот да се договорија за нешто. А и таа разговараше со Малкочоглу. И во позадина музика што и прилега на Украинката која од роб станала моќна султана која нели сега, може да одлучува и за туѓи животи. Значи не е добра. И не е ни подобра од Величествената. Величествената ВО СЕРИЈАВА убива зашто се плаши за својот живот,
    и тоа убива коњи
    Хурем труе луѓе, им подметнува змии и подготвена е да ги заразува со лоши болештини. Зошто? Му се свиѓале на Сулејман :D
    Остај тоа што нe се заложи за Нилуфер исто како што не се заложи за Лео, Величествената барем ќе се заложи за Ибрахим, како што Ибрахим се залагаше за Мустафа и како што од почеток остана во добри односи со Махидевран. Овие барем се крепат едни со други.
    А Махидевран и Валиде не можат баш да се споредуваат, мајката на Сулејман му била омилена жена на султанот Селим, и на почетокот на серијата баш го спомнуваа тоа, па и пишувал поеми како Сулејман на Хурем и т.н.
    И нешто поназад читав како Махидевран била фина и добра, плашлива и смотана :^) и затоа го изгубила султанот. Нема врска, си покажа таа на почеток колку е добра :D Таа не смее ништо да направи зашто знае дека не само што може да лета од сарајот, туку може и полошо да ја снајде. Правеше се што можеше на почетокот, и со добро и со сила, ама Суљо едноставно ја засака Хурем и тоа е.. Хурем со ништо не се покажа поспособна од неа, само што ја има љубовта на Сулејман, затоа мене ми е неповрзлива серијава со историја, зашто Хурем била најпаметна, а овде не се двои од другите многу, па Суљо да ја сака или нешто.
    А и за Нилуфер заборавив, не ја жалам и затоа што испадна глупа, да отидеше кај Хурем да и каже се ќе се спасеше :)
     
  10. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Жално бе ;(. Сите во сарајот ги испоубија за еден коњ, Малкочоглу убаво и кажа на Нилуфер дека само си го заштитила животот :!:.
    Инаку што ќе биде со Махидевран? Слушам ќе ја избркале од сарајот, ама незнам зошто :?:
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Да, ќе ја избркаат после смртта на Мустафа.
     
  12. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    не заборавај дека ДАЈЕ ја замоли на Величествената за да остане Нигер. :!:
    Како може Хурем да е виновна за Лео? :fubar: :fubar: :fubar:
    На тебе да ти даде некој отров и да ти каже или ти или тој до тебе ќе мора да умре,
    кој ќе е крив? ТИ ли ке си крива?
     
    На Shpagetta и musicgirl55 им се допаѓа ова.
  13. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Полека малку со ова :fubar: До толку соживување не е потребно. Едно е муабет и анализа..
    И добро, ти го читаш останатото или само болдираното? Зошто Хурем се зазеде за Нигар, а не го направи истото за Нилуфер? Јас разбирам зошто, Нилуфер ја предаде, ама вие инсистирате дека Хурем била подобра од останатите. Овде само нејзините грешки не се бројат. :)
    И ајде сто пати да повторувам за Лео.. НЕ бе ич не е крива. А дозволи нејзин близок да се отруе пред нејзини очи без претходно да ги разгледа сите можности и начини за да му помогне, а нели многу паметна и снаодлива иначе, алал да и е.
    Пак испаѓа дека е најголемо ѓубре од сите тука :rofl:
     
  14. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Да се одлучи дали некоја калфа-слугинка да остане во сарајот или не, не му е од битна важност на Султанот...
    Си има задолжен човек за тоа, тој е Султан и нема потреба да се замара со глупи работи тој треба само за походите и со државата да се замара. И да иако Хурем нареди Нигер да остане, да не беше молбата на Даје, Валиде ќе ја исфрлеше.
    Јас не велам дека Хурем немала авторитет токму тој авторитет од Сулејман и е даден, но се си има своја граница дури и да го молеше за животот на Нилуфер залудно ќе беше, затоа што убиството на коњот воедно преставува на некој начин напад и кон него и неговиот авторитет како Султан а тој мора да се реши од сите непријатели кои сакаат да го поразат (иако Нилуфер не беше и тој знаеше дека мајка му е виновникот но некој мораше да умре) сурово но вистинито. Вистина е не видовме да се договараат Сулејман и Бали-бег, но истотака не ја видовме ни Хурем.
    таа дури му кажа на Бали бег дека за сето ова се крие некоја важна личност а не му кажа дека треба Нилуфер да ја убијат. Истотака и Хурем убива зошто се плаши за својот но и за животот на своите деца, таа знае дека како омилена султанка на Сулејман истотака не само што на себе си помага да дојде на власт туку и на своите синови и ќерка.
    А ако Валиде му била омилена на Селим Султан, зошто тој не ја прекршил вековната традиција за неа? Нели му била омилена? Очигледно не била... Хурем се покажа пред Сулејман кога му отиде и го замоли да ги исфрли робинките Тања и уште една беше а ако не да ја убие на лице место. Од тогаш тој ја засакал уште повеќе и дури среќен му кажуваше на Ибрахим за љубовта на Хурем кон него, и тоа со насмевка. И имаш право Нилуфер да и кажеше сега уште ќе дишеше.
    Хурем не е ниту малку крива во врска со Лео, била принудена затоа што се работи за животот на нејзините деца а и на својот и плус била бремена (со Селим мислам дека беше тогаш) што е поголем грев: Еден маж да умре? или Една бремена жена да умре?

     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    А вечер има?
    И ај кажете ми која е онаа цело време што седи со Величенствената и со Хатиџе? Баш во последната епизода седеа сите заедно кога прашуваше Хурем да направи добро дело.
    Која е таа?Што е? На Ѓ и беше името мислам :wasntme:
     
    На priti му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413

    Тоа е Ѓулфем - првата конкубина или робинка на Султанот. Статусот султанка не и траел долго зошто кога ги родила децата одма и умреле и сега и служи на Хатиџе иако нејзиното присуство во серијава е стварно непотребно а и антипатична ми е, во се се меша и сегде се става со султанките и Валиде а што ме нервира уште повеќе е тоа што кога Сулејман оди на поход и таа е таму кога семејството се собира и го испраќаат. И сега мислам дека ова е неправда иако јас не ја сакам Махидевран (стварно не ја сакам, одвратна ми е) после смртта на Мустафа она е избркана (што ми е мило :P ) а зошто и оваа не е избркана?
    ова сега непристрасно го зборувам и мислам дека не е фер кон Махидевран. И Ѓулфем требаше да ја избркаат!
     
    На antonina и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Е Ѓулфем не се закачаше со Хурем, затоа останува :D
     
    На Sara123, hrcace, priti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Девојки стварно мислам дека не е потребно некои од вас да се поткачуваaт заради серијата. Сепак тоа е само серија. Јас не велам дека не е убаво да ги анализираме ликовите но, до толку мислам дека не треба да оди работата.

    Малку изгледате смешно кога ги читам вашите коментари :)
     
  19. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    E добро де, ако ти е смешно смеј си се :) Никој не ти брани
     
    На Shpagetta и E...V...I...L им се допаѓа ова.
  20. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    смешно е ама сите не тера да искоментираме по нешто :D за Лео мислам дека Хурем не виновна бидејќи таа цело време инсистираше тој да замине велејки му дека таа е сега со султанот и мајка на неговите деца но тој не ја послуша и си плати за тоа ;( инаку за Нилуфер случката не ја искажаа доволно па сега баш и не се знае кој е поточно крив |( ако наредил султанот што може тука Хурем таа не е баш семоќна ( неуспех со принцезата )сепак мислам дека е доста окрутна само за да СИ ЈА ОСТВАРИ ЦЕЛТА :devil: а љубовта и моќта и се испомешале во срцето :D
     
    На priti му/ѝ се допаѓа ова.