Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Зумбули Ага :inlove: ...ахх колку ми е само интересен. Најпозитивен ми е од сите :rofl: :rofl:
    Иначе гласот му го сихноризира Сашко Коцев.Браво за Сашко. :clap: :clap:
     
  2. Royal

    Royal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Кој го синхронизира гласот на Ибрахим, мислам истиот глас е на Полат од волците . Ама не знам кој е?
     
  3. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Рубенс Муратовски е Ибрахим.
    А Султанот јас некогаш и не го разбирам што зборува, му одговара гласот, ама не се разбираат некои зборови.
     
  4. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Серијата засега е супер, но многу почна да се занесува миленицата на султанот Хурем итаа ќе му роди мн деца мислам дека 7
     
  5. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    Да и таа ќе му биде едниствената венчана жена.......а султанка ќе биде и онаа грозната виткорија која прави сплетки..
     
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Хурем ќе му роди 5 деца на султанот ,а нема врска Викторија нема да му биде ништо на султанот ќе ја убијат нејзе !
     
  7. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Мене Нигар Калфа ми е најдобра. Многу е паметна и итра, во секоја ситуација знае како да постапи, и многу добри совети дава :!:
    И Зумуљ Ага :lol: го сакам човекот :D Незнам зошто ама ми асоцира на Гоце Тодоровски :|
     
    На TS-310 и pupi.girl им се допаѓа ова.
  8. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    На roberta-rubi, aaaaa, musicgirl55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    a што првата жена и оваа не му се веначани сопруги? :^)
     
  10. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Серијата е супер,историска.....ке почнат и други интересни....се мислам дали да почнам да ги гледам....од 19 часот до 23 се укочувам....придремувам,пак станувам .....и се така секоја вечер....Иначе Хурем е убава кучка,има прекрасна боја на косата(сакам и јас таква).....итн.....
     
  11. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Ибрахим заслужено доби таква позиција. :) Па живот му има спасено на султанот.
     
  12. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Според историјата, Хурем му родила 3 деца на султанот.
    Хасеки Хурем Султан била раскошна убавица од руско потекло која сосема го маѓепсала големиот турски владетел

    Хасеки Хурем Султан или Рокселана му била најдрага, најомилена жена на турскиот султан Сулејман, кој во наполно разбирање и хармонија ги поминал со неа најубавите години од својот живот, ама и кога починал, вечното почивалиште го имал до својата сакана. Серијата за султанот Сулејман моментално се прикажува на телевизијата Канал 5, а ликот на убавата Хурем го толкува актерката Меирем Сарех Узерли (1983).

    Хурем му влегла на султанот под кожа, иако тој ја надживеал за осум години, ама во неговото 46-годишно владеење, таа му била најважен консултант, што би се рекло и емоција и разум. Патем, оваа серија не наиде на убав прием во Турција, најмногу поради тоа што главните, најинтригантните настани се врзани за приватниот живот на султанот и на неговиот харем, од кои, како што пишуваат турските весници, повеќето се имагинација на сценаристот отколку што ја следат вистинската приказна за големиот владетел.

    Годината на раѓањето на Хурем е мистична - се наведуваат 1500 и 1506 година, таа имала црвено-портокалова коса , била вита, убава, шармантна и нежна, жена со особена харизма. Се претпоставува дека убавицата потекнува од некогашна Русија, поточно од Украина, вистинското име и' е Александра Лисовска и била донесена на дворот како бели робје.

    Инаку, во Османлиското Царство таа дошла благодарение на Ибрахим-паша (1493-1536), кој од благодарност кон својот пријател, султан Сулејман, му ја подарил огнената Александра, која била сместена во харемот заедно со 300 жени. Каде што се жените, таму се и проблемите, а нив на дворот постојано ги имало. Како и сите млади девојки од харемот, и Хурем во почетокот добивала лекции по турски јазик и по ислам. Всушност, учела се' што сметале одговорните дека може да и' притреба - да чита, да пишува љубовни писма, да шие и да плете, да пее, да танцува, да вежба грациозно движење... Невообичаено убавите робинки биле учени и на еротски вештини - 12 најатрактивни и најталентирани биле обучувани за „гедикли“, т.е. за собарки на султанот кои требало да го облекуваат, бањаат и да го ранат. На Александра не и' било проблем да го привлече вниманието на султанот – всушност, таа го привлекувала вниманието на сите поради што го добила прекарот Курем или Хурам - насмеана и радосна.

    Многу бргу таа му станала придружничка на султанот во кревет, ама не само поради страста. Како мајка на можните наследници, таа се покажала и како добар соговорник и искрена пријателка, па дури и како животна сопатничка. Хурем беше во состојба со својата природна веселост да ја брка меланхолијата на својот сакан султан. Тој, пак, со неа можел да менува песни и да води политички дискусии. Хурем била во состојба да му дава добри совети и имала разбирање за сите негови стравови, кои единствено нејзе ги откривал. Поради тоа, Сулејман се' почесто ја запоставувал својата жена Махидевран Гулбехар (по потекло од Црна Гора или од Албанија), која го имала прекарот Пролетен Цвет и која му родила четири деца од кои само Мустафа останал жив.

    Во 1522 година Хурем го родила своето првенче, синот Мехмет, па за младата мајка почнува драма во нејзиниот живот. За по смртта на султанот да се спречат граѓанските војни, Мехмед II издал закон според кој секој негов наследник, откако ќе го добие султанатот, да ги убие своите браќа. Со тоа, секое седнување на престолот се повторувал ист ритуал. Околу 1523 година, Александра го родила свој втор син, кој имал грпка, па немал право да стане султан. Му дале име Гијангир и тој бил опишан како љубезно, весело и убаво момченце. Бидејќи имал мила ѕвезда, бол омилен кај сите, па и кај својот полубрат Мустафа, ама и кај татка си, кој го ценел поради убавите муабети што ги воделе. Во 1526 година Хурем родила трето дете, нејзината единствена ќерка Михрима, која стана галеничката на султанот. Таа подоцна се омажила за Рустем-паша, голем везир со српско потекло.

    Поради чувствата што ги имал спрема Хурем, сулеман го запостави и својот главен везир Ибрахим-паша, кој бил оженет со сестра му Хатиџе. Кога пораснал Мустафа, Сулејман го ставил за прв човек на Маниса, град во западна Турција, а според обичаите и редот, неговата мајка Махидевран морала да патува со него, со што Сулејман целосно и' припаднал на Хурем. Близината си го направи своето и султанот се обидувал да и' ги исполни сите желби на својата сакана, а во 1530 година љубовта кулминирала со голема свадба.

    За веселбата се пишувало, се пеело и се пиело. Било богато прославена во дворот и тоа со гламур што ги надминал сите дотогашни славења. Во 1531 година им се родил третиот син Селим, а четвртиот Бајазит, најдрзок од сите деца, го здогледал светот во 1532 година. Во народот за Хурем се' повеќе се зборувало дека се занимавала со магија и дека единствено така за себе го врзала големиот водач. Народот зборувал, а тие се сакале и љубеле - кога не биле заедно, си пишувале писма со што ја одржувале својата страст. И така со години!

    Кога единствениот пријател на султанот, Ибрахим-паша, со својата ароганција и однесување го потценил својот владетел, Сулејман му ја исекол главата. Велат, и тука Хурем замешала прсти, ама по овој немил настан, таа му станала најдобра пријателка, неговата десна рака. Со само 21 година, умира нивниот прв син Мухамед, кој требало да го наследи Сулејман, а во народот се зборувало дека исплашена за животот на тројцата синови, Хурем му раскажала на Сулејман дека Мустафа се подготвува да го тргне татка си од престолот. Повторно трагедија! Сулејман го убил синот Мустафа и неговите деца.

    Историјата раскажува дека во 1558 година умира Хурем, а султанот останал да самува. По неа, и не помислува на некоја друга жена, на друга љубов. По осум години, умрел и големиот султан, кој своето вечно почивалиште го има покрај саканата жена.

    Претходно им наредил на своите луѓе да биде погребан покрај Хурем, во раскошната џамија на Сулејманија.
    Извор http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D44A ... B74A765668
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Серијава понекад ја ѕиркам само ради Хатиџе и Ибрахим, да видам како им оди. Све живо друго ми е антипатично, особено Хурем бљак, бљак...
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  14. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Пет биле 100%. И во самиот текст што го имаш постирано, пет се набројани. Мехмет, Селим, Бајазит, Гијангир и ќерката. :)


    Инаку почна да ме нервира оној Ахмет-паша, напорен ли човек, само јаде го*на и оговара.

    Туку... Хурем-султан нешто не е во форма деновиве :D
     
  15. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Зумбуљ Ага за султан! Цар е човекот, која фаца и став го има :rofl: Едино тој може да ме насмее.
    А да бе и Махидевран кога и рекоа дека Хурем има тежок порагај и оваа рече нека пукне :lol:
    Жани бре жении...
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Вистина Махидевран пак ќе ја повика султанон ...(знајте каде)
    Да не му роди уште синови?? |( |(
     
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Женски не знам за вас ама мене Ибрахим ми е многу убав, па што уста има полна мммм :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • okan-yalabik.jpg
      okan-yalabik.jpg
      Големина на фајлот:
      34 KB
      Прегледи:
      413
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      8 KB
      Прегледи:
      413
    На dancing.queen и Evellyn им се допаѓа ова.
  18. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    и јас го бендисувам, :inlove: , тој е и најубав во серијата сите се кој од кој за никаде.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    5.588
    Пол:
    Женски
    некако не ми е јасно...пишува во статијата дека керката е трето дете а во филмот е второ дете...а пред некој ден во дневник имаше статија од еден историчаар читав дека прво умира султанот па потоа хурем????
    а што султанот ке ги убие сите деца?ај пишете вие што сте гледале/позз
     
  20. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Според историски извори кои јас ги читав,Хурем умира 8 години пред Султанот.По негова желба, тој е погребан покрај неа.
    И не, не ги убил сите свои деца, туку само Мустафа и неговите потомци.