Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски

    султанот ке ја испрати абигје дома да се види со нејзините, а малкочоглу ке ја придружува по патот, откако ке заминат ефсун ке и каже на махидевран дека тие всушност побегнале заедно и нема да се вратат. махидевран ке каже на ибрахим и ке ги вратат од патот, а малкочоглу ке го затворат, во најавата за наредната епизода го покажуваат убиството, таа епизода сеуште не е искочена во турција, не се знае дали стварно ке го убијат или некој сонува
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Како што пишувате уште малце епизоди остануваат од оваа сезона... што ќе гледаме после :worried: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MilickaDo

    MilickaDo Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Додека вие разгледувате други можности :rofl: у везе серијава, јас да си прокоментирам ;)
    Многу јака епизода имавме вчера- особено кога Хурем и Суљо влегоа да им кажат на овие дека се венчани! :clap: Браво Хурем!!!!!!

    :!: Да не заборавам и да го спомнам делот кога Михримах рече дека ќе се омажела за Бали! :lol:
     
  4. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Muhteşem Yüzyıl (2011-2012) [Post-production]-Hazal Kaya
     
  5. bikk

    bikk Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    па нормално дека Махидеевран ке сака синот да и биде султан,тоа е нешто најнормално што се чудите,Хурем за нејзиниот син да го наследи Суло ке прави секакви интриги за да го убијат Мустафа
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Точно така секој сака сопствениот син да биде Султан.Кој будала не сака? :^)
    Ама барем Хурем ќе жали и ќе биде до величествениот додека тој е во постела-
    На Махидевран убавицата ќе и се види вистинското лице. :devil: :angel:
    __________________________________________________________________

    Океј јас разбирам и ја подржувам дека сака синот да и биде султан ама па ако има барем трошка почит нема да се радува на смртта на В.Султан.Или пак нека не се сожалува себеси не била со љубовта на нејзиниот живот. :| Се поднесувам и можам да истрпам само не тоа што прави лице и позади грб е сосема друга личност.Па после ај нека се рече го љубела величествениот.. ;)
    Хурем има една добра страна- се си кажува во лице а не позади грб да ти мати триста интриги.Барем вака сите јавно ќе знаеме што и како мислиш а не да се лажеме и да глумиме дека сме во најдобри односи. :)

    Ги анализирав Хурем и Махидевран во многу кратки црти ај сега да прашам нешто во врска со епизодите што следуваат.
    Кој ќе го поттикне бунтот од робинките во харемот...ама безобразни ќе чукаат се ќе кршат па и уште ќе ја истуркаат Хурем од вратата и ќе и ја лупнат пред нос.Ќе има само една група на нејзина страна.Дали величествената ги подржува ..логично е.Од каде тие таа храброст да ја избркаат Хурем и да се однесуваат арогантно кон жената на Султанот?? :o Кој ќе ми каже?
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ^ Во врска со анализата
    А Хурем одшто е душичка ќе седи до Суљо :D Нормално ќе и е страв да не умре, зашто ако Суљо скине конци предвреме, Мустафа ќе стане султан.
    А Махидевран ништо чудно и ништо за осуда да се однесува така како што напишавте погоре, после се што и приреди Сулејман сите години.. Можеше со уште неколку жени да легне, а само кога беше Махидевран во прашање и се правеше верен на Хурем. -.-
    И Хурем не била лицемерна :D Малку да не и се поклонуваше на Величествената за да се покаже пред Суљо :D Па пред него и фина со Ибрахим, со Махидевран, па ова, па она..
    Сите се тие исти, Хурем не се покажа нешто особено храбра и искрена. Затоа не можете да ја браните на таа основа.
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Абе да во право си.Ама Хурем и да сака неможе што ќе и текне да зборува пред Величествената.Сите видовме дека на почетокот кога и плесна на Валиде нешто во лице баш онака,во затвор ја ставија.Во тоа конзервативно време друго било.Ама кога се сами со Ибро да можат и душа ќе си извадат. :lol:
    Кој ќе ми каже нешто повеќе за бунтот од робинките..??Баш ме интересира. :)
     
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Величествената и Махидевран! Сето тоа плански. Зумбулот ќе им каже на робинките дека сега ќе добијат повеќе пари од обично, ама групата што е на страна на Хурем не! Тие неколку робинки ќе и се пожалат на Хурем и оваа ќе оди кај валиде и ќе и каже дека не треба да ги дели робинките. Бидејќи валиде нема да го смени мислењето, Хурем на нејзините робинки ќе им даде пари. Ама величествената па после на овие другите нема да им даде, демек ја послушала Хурем, ама само демек! И сега фактички едните имаат покачување а другите не. Се надевам ме сфати. После онаа страшната Фатма ќе ги украде сите пари и ќе ја обвинат таа една робинка не знам како се вика ама миленичка му е на Мустафа. Ќе сакаат да ја избркаат и она ќе се буни, нели сака да остане и да биде со принцот, ова-она. Тука ќе настане голем бунт и робинката сама ќе се запали. И сега овие другите за се ќе ја обвинат Хурем и ќе и отидат во соба да ја запалат. Сето тоа уствари е план, што мене многу ми е глуп, јас разбирам да ги боцнат робинките, ама па како во нив внатре да се, па знаат што понатаму ќе направат... Инаку на сите приврзаници на Хурем ќе им постават замка. Махидевран ќе ја повика Нигер калфа и после нема да ја пушти да излезе. Децата не сум сигурна ама мислам дека величествената намерно ќе ги земе кај неа, а Ѓул ага ќе го затворат во пералната. Абиге ќе слушне и ќе проба да ја спаси Хурем, ама робинките се многу и ја совладаа. На крај само Даје ќе трча да помогне.

    Ете тоа е тоа. Комплицирано е, не знам како ти објаснив, се надевам сфати. :)
     
  10. Shekerka

    Shekerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    25
    ^
    Daniela срцка си.. фала ти многу :D
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    What the hell ? ?? :o
    Тие проклети робинки кои за ништо не вредат се осмелиле така а?? :devil: Чекај чекај Хурем ако не им врати на тие шлакнати избезумени девојчиња јас Сара да не се викам.Па логично е да бидат подржувани од раководителите на харемот.Инаку никој не смее да зуцне.Вака чудно е Хурем загрозена.. :?: Ама таа неможе да биде жртва во никој случај.Се надевам дека ќе си го добијат она што го заслужуваат на крајот нели???Абе ајде едни робинки ќе ја буткале Хурем и ќе ја палеле.. Баш ме интересира како ова ќе заврши.. :tmi:
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.785
    Допаѓања:
    116.935
    Пол:
    Женски
    Хурем кје ја изгори таа што ќе ја изгори нејзе.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    После тоа знам кога ќе се врати Султанот, тие робинки кои ја изгореја ќе ги избркаат.
     
  14. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    се изнасмеав на ова :)

    ааа да не се некои роднини султанот и Хатиџе? дека имаат исто презиме, Ергенч :)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. spiderboy5

    spiderboy5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    19
    Така е Сара. Не дека се правам паметен ама магистрирав на слична тема на Филозофски Факултет и имам добри знаења, а и прочитав неколку книги во врска со Хурем и Сулејман. Во серијата таа случка е нереално вметната заради поголема возбуда на гледачите. Инаку ниту робинките, ниту конкубините немале право до одат кај зградатаna на Султанките и нивните принцови. Имало огромна стража и дури и различни ходници. Робинките немале право да излегуваат ниту во двор. Немале право да одат ниту кај омилените конкубини, а сега во серијава неколку робинки се качиле и ке ја убиваат венчаната жена на султанот хаха.. Бре бре бре. Или пак ке и префрлаат- ГЛАВА ЌЕ ИМ ЛЕТАЛО БЕ. А па сега да се надоврзам. ќе се појави нов лик Принцеза Ајбиге, внука на Валиде. И неа ќе ја сопрат робинките да неможе да и помогне на Хурем - ПАК НЕРЕАЛНОСТ. Принцеза од османската империја и сите султанки се шетале со 2/3 Калфи и некоку кастрирани машки стражари. Ама тое е, ако би било се ок нема да ни беше интересно :)
     
  16. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Навистина тоа е толку нереално направено.Па Хурем штом круна на глава стави значи дека никој повеќе не смее да и противречи а не пак да ја убива.Гледав една епизода од бунтот па уште робинкиве ќе ја избуткаат од вратата и ќе ја пратат да си оди.Леле величествената на кое ниво се симна.Се виде дека страв и е од Хурем.Да не и беше немаше да и прави интриги и преку робинките. :o Тоа е направено само за гледачите...не дека е реално.Во тоа време така да и направеле главите уште од првата секунда ќе им биле долу.
     
  17. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    На loveme-4ever и perlaa им се допаѓа ова.
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Убаво е ти да не го правеше ? :D :lol:
    Не да ги избркаат,да ги убијат треба. :devil: :angel:
     
  19. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Убаво е ти да не го правеше ? :D :lol:

    Не Саричке, не бев јас една другарка моја (која истотака е во клубот на Хурем) понекогаш заедно и си гледаме “Величенствениот Век“ го направи видеото хахах :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Хаха какво видео сте направиле :) , интересно е.
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.