Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ^ Истиот актер ги глуми и двајцата близнаци.

    Види ја ти Нигар Калфа, какви соништа имала, блазе си и. :)

    И друг пат спојлери кога се открива содржината. Еве сега мене тој дел нема да ми е интересен :)

    A и не дека серијава е нешто многу интересна, многу нешта испаднаа под моите очекувања. Да не беше историска, со вакви провидни сплетки, немаше да ја пратам. И се надевам дека кога ќе се земат овие Хатиџе и Ибрахим ќе престанат патетиките околу нив, стварно многу ја тупат со таа забранета љубов која види жити се, воопшто и да не ти била забранета. :^)
    А убиството, јас ќе го склопев пологично. Истиот ден кога Хурем и се заканува на Ајше, Ајше ја ,,провалува,, Садика, па оваа е приморана да ја убие, а во меѓувреме Хурем ги брка слугинките, бара да спие сама. Ех, до толку коинциденции... И после кој е крив што ја сметаат Хурем за виновна? :) Демек вакви случајности има во реален живот. И Турциве многу гледале шпански серии на времето. :?:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.464
    Допаѓања:
    250.990


    Баш така, како таа вечер се случи убиство де.
    Друго, не ја пребараа собата на Ајше, девојката што ќутеше до сега дека видела како ја убиват.
    Султанот одма поверува и ја испрати Хурем во другиот Сарај.
    Овие Хатиџе и Ибрахим ми се доасдни со тоа рецитирањето, требаше уште претходно да кажат дека имаат чуства и ќе ги венчаа.
    Инаку Хатиџе како лик ја сакам многу.
    Хурем, исто така. Во Сарајот се виде дека полошиот преживева.

    И за мене серијата како да се губи, особено кога се работи за врската на Султанот и Хурем. Нели тој бил лудо заљубен во неа? Мене не ми личи како да ја сака толку :^) .
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  3. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ^ За убиството требаше малку поинаку (кога веќе мораше да се случи убиство |( ). Оваа Садика кога ги слушна Ајше и Хурем како се расправаат, пологично ќе беше во тоа да видеше шанса да се ослободи од Ајше, која нели беше единствена што не и веруваше уште од почетокот, па намерно да ја убиеше, знаејќи дека сите прво ќе ја обвинат Хурем. А не вака, случајно :^) . Башка, така и ликот на Садика ќе испаднеше поголем психопат, (ќе и одговараше и на изразот на лицето :D ).
    Требаше јас како режисер да се испробам, молам некој да ми даде шанса во тие води :rofl:
    И за Хурем се согласувам, жената била страшно јак карактер, од нигде никаде дошла, после сите маки што ги видела на сите им ги поматила сметките и си го истерала своето на крај... Ама во оваа серија некако не ми е доловена како што треба. Не ми се допаѓа тоа што постојано хистеризира, воопшто не е сталожена :^) Инаку никој од ликовиве не ме иритира посебно, ама бавноста на самото дејствие е таа што нервира.
    Се на се, се губи поентата, а верувам дека меѓу другото тука има удел и тоа што нашиве ги кратат епизодите, една епизода ја даваат пет дена.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Убава серија, поразлична од другите. :) Не сакав да почнувам со нови серии, но се навлеков, што да правам... :$ Омилени ликови ми се Нигар калфа и Ѓулнихал. Колку убаво, фер и храбро од нејзина страна што тргна со Хурем. Инаку и Хурем си ја сакам, ама не колку нив. Убава ми е (освен бојата на косата) а и смешна ми е понекогаш, не во негативна смисла туку така интересна. :D Инаку го разбирам нејзиното однесување, така се живеело тогаш, колку повеќе машки деца изродиш, повеќе ќе те почитуваат и ќе имаш некакви права. Ако не здравје... Само сака да се избори за себе, ништо повеќе! Махидевран многу ме нервира :@ ми иде да влезам во телевизорот и да ја убијам. И ако и е, ако не ја сака султанот. Нека пукне!!! Кога таа беше бремена Хурем ништо не и кажа. А оваа нејзе ја претепа, ја труеше, ја колнеше и ништо. Оваа величествената пак покрај неа. Овци едни! :D И Хатиџе ја сакам како лик, ама ова со Ибрахим многу го тупат. Досадни се веќе! Тој ми е убав, ама ме нервира. Што сега ќе ја уценува нешто Хурем, зошто?! Едвај чекам да видам што ќе се случи понатаму, ако знае некој нека раскаже во спојлер. :D
    А да, и овој Сумбуљ ага-така ли се викаше? И него обожавам да го гледам, и да го слушам богами. :D
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Аух, и јас да ви кажам искрено пукнав да ги видам веќе Ибрахим и Хатиџе заедно. Се измачија додека да дознаат за нивната љубов, ама добро, вредеше. И сакав да прашам тие што гледале
    Дали Хатиџе ќе биде трудна и ќе го изгуби бебето или ќе го роди?
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Ќе го роди, ама после некое време кога ќе го дои, ќе заспие од умор врз него и ќе го задуши и ќе се шекне!
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    навистина тоа со хатиџе ....црн хумор ...лелеее не е фер ако се случи тоа :/
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Слушнав дека Зумбуљ ага го толкува Сашко Коцев затоа мене од некаде ми е познат гласот и полн погодок, баш Сашко Коцев одговара на ваков лик како што Зумбуљи инаку најмногу го обожавам, ма срцка е. Ми иде да го :* и :hug: .

    А кога даваат реприза освен викенди? :?:
     
  9. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Офф леле, сиротка. :(
     
  10. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Си ја сакам серијава,прекрасни фризури,фустани и елеганција.
    Не ја гледам предвреме,едноставно ќе си имам одмор секој ден во 19 часот и со кафенце ќе уживам.
     
  11. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Некој што ја гледа серијава на нет ,може да ми каже кај да ја гледам ,пошто ја гледав на натабану ,ама неможе повеќе :(
     
  12. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    А Нигар Калфа ќе се омажи,деца ќе има? :?: Мене искрено нај добар лик ми е она, слушнав дека била скопјанка колку е точно незнам.
     
  13. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Да, да, по потекло е од Македонија.
    Е сега, незнам колку е точно ова, но мислам дека ќе се заљуби во Ибрахим, зошто ќе го сонува, а за мажење и деца незнам.
     
  14. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Хурем и слутанот ми се најјаки леле за малце ке го видше лео.........
     
  15. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    24
    nena2010 незнам што е работата ама се појава некоја слика и не сака да се вклучи за да ја симнам серијата...
     
  16. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    хмм немам гледано неколку епизоди ама денес ми се виде дека Хурем станала подобра и посмирена..
    каква ќе биде во наредните епизоди? Ќе остане вака смирена и добра или пак ќе скренува?
    Иначе Ибрахим ми е право шеќерче мн си го сакам :inlove: . Исто и Хатиџе ми е вистинска принцеза, нежна.

    и како што разбрав дека Хурем ќе направела некои заговори и Величенствениот ќе го убие Мустафа, баш ќе ми криво ептен е мило детето. Исто и криво ќе ми биде ако Величенствениот го убие Ибрахим. Овие работи се случиле во вистинскиот живот не знам како ќе биде на филмов :)
     
  17. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Во 17:00 часот мислам :?:
     
  18. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    лео и бил вереник на хурем или погрешно сум разбрала :^)
     
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Па да, вереник или само дечко не сум сигурна, важно нешто и бил. Ама па ја сега не сакам да се видат и Хурем проблеми да си има. Сакам со султанот да си остане. :$
     
  20. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    ај ако некој знае што ќе се случува понатака нека пише многу ме интересира посебно дали лео ќе ја види хурем или хурем ќе го види лео плс некој нека пише фала однапред