Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Ќе се видат и овој ќе сака да биде со неа ама она ќе го брка. Ибрахим ќе дознае и ќе им однесе во соба отров и ќе им рече Бирајте кој од вас да го испие и Лео ќе го испие отровот и ќе умре. Хурем никогаш нема да му прости и понатаму ќе проба да го отруе Ибрахим, но веќе ќе му биде венчана жена на султаонот. До тука е серијата до сега, тоа иде 43 епизода оригинална. Денеска игра 44 па се надевам брзо ќе ја преведедат :D
     
  2. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    не Махидевран е првата жена која му родила син и затоа е толку почитувана но засега ниедна не му е венчана сопруга.Сите девојки од харемот се негови.
    Да тој е заљубен во неа.Од сите жени кои ги има ја сака само Хурем Султан така е запишано секаде низ историјата.А тоа што спие со која што ќе посака од харемот нема врска со неговата љубов кон Хурем.Затоа и во Турција читав деновиве се кревало многу прашина и луѓето биле лути зашто во серијата ни една работа не е измислена и зашто е прикажано се што се случувало во харемот вклучувајќи го и спиењето на султанот со многуте жени.Епа зошто се навредуваат де кога така било....таква им била традицијата.Во секоја историја го пишува тоа.Јас би рекла полигамноста на султанот дури и објаснува многу работи......Така да немојте да гледате на јутјуб туку отворете некоја историја и таму ви е се многу подетално опишано.Во филмот ништо не е измислица.се е така како што е прикажано.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Султанот ќе нареди да го убијат Ибрахим. :worried:
    [​IMG]
     
  4. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    зошто?
     
  5. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Величествениот го убива Ибрахим
    Паргали Ибрахим-паша е грчки христијанин кој му бил пријател од детството на Сулејман, откако според девширме-системот (данок во крв) бил донесен во палатата, по што го примил исламот и се школувал во престижната Школа на палатата. Султанот постојано го промовирал Ибрахим на високи позиции, за во 1523 година да го постави за свој главен везир и командант на целата отоманска армија, иако самиот паша не сакал толку да напредува. Сулејман го именувал Ибрахим и за владетел на Румелија, областа во чиј состав е и Македонија.

    Според д-р Ѓеоргиев, токму поради интригите на Рокселана, Ибрахим подоцна бил убиен во Топкапи палатата, по наредба на султанот.

    - По еден поход на Истокот против Сефавидите во Иран, Ибрахим-паша кон своето име ја додава и титулата султан. Тој цели 13 години бил голем везир на Сулејман, па дотогаш стекнал огромно богатство и денеска, во Истанбул, наспроти Султан-ахмедовата џамија, во близина на Аја Софија има сарај што му припаѓал на Ибрахим-паша, кој сега е галерија за уметност. Освен богатство, Ибрахим стекнал и голема политичка моќ. Имал многу блиски луѓе до султанот што нему му биле доверливи. Kога Паргали си ја додал титулата султан, Сулејман се исплашил, но бидејќи му ветил на својот пријател од детството дека никогаш нема да го убие, побарал да се издаде фетва (правно мислење од муфтија), за да го погази ветувањето. Откако ја добива фетвата, Сулејман издава наредба Ибрахим да биде задавен. Но, пред да го убие својот другар, султанот чувствува огромна грижа на совест и седум дена откако е издадена фетвата, тој постојано вечера на само со Ибрахим-паша. Сулејман се надевал дека Ибрахим ќе го убие него или дека ќе избега таа недела пред да биде убиен, а според некои писма најдени кај Ибрахим, и тој знаел за фетвата и бил свесен дека ќе биде убиен, но се согласил седум дена да вечера со Сулејман, а притоа ништо не му рекол и му останал верен, чекајќи егзекуција. По смртта на Ибрахим-паша, според некои автори, Сулејман се променил, се затворил во себе, станал полош и до крајот на животот жалел за убиството на својот најдобар пријател - раскажува историчарот Ѓеоргиев. --- статијата е извадок од весникот Дневник.

    како лео успеал да се спаси од татарците нели тие и го убија семејството?
     
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Во колку саат е репризата денес дека не гледав вчера?
     
  7. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Лео не е дел од семејството.Ако се сеќавате кога Хурем ја сонуваше мајка и ,таа и кажа дека сите се заедно само Лео го нема со нив.....Тој и беше сакан на Хурем и планираа да се земат...Значи Лео успеал да избега кога се случи нападот во црквата.... :)
     
  8. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Скопјанка во филмот или во приватниот живот? :^)
    Јас не почнав да го гледам од почетокот, сакам да знам како Хурем стана султана? Прво миленичка ли била или како? И значи ли дека ако некоја од миленичките му роди дете ке стане султана?
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Хурем најпрвин му стана миленичка на султанот, тој секоја ноќ беше со неа, потоа остана бремена и му роди син т.е. принц и со самото тоа стана султанка и Хурем ќе е еднинствената венчана жена на султанот. Според историјата Хурем била исклучително убава жена крупна, со црвена коса била многу паметна и била пример за наредните султанки, а во филмот е прикажана како хистерича а и како благо ретардирана.
     
    На INSIDIOUS и maca99 им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.441
    Допаѓања:
    22.869
    Пол:
    Женски
    Скопјанка во приватниот живот, таа е македонска Турчинка. Моментално живее во Турција каде се снимаат уште 2 сезони од филмов.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Не ли учествуваше она во Наше маало? :?: Името и презимето ми се многу познати, како да ги имам видено во наше маало :D
     
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    ^ Да, и мене ми се многу познати и откако слушнав дека е македонка си викам сигурно е од некоја серија македонска или сл. :D
     
  13. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    во 17Ч
     
  14. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Сега гледав. Нема да го убие, ова ќе биде само лош сон на Ибрахим. :)
     
  15. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Многу ми се допаѓа филмов,еден од моите омилени филмови....
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Девојки епизодите од втора сезона кај ги има?
    Свекрва ми се заразила, ги изгледа првите на мегааплод, и сега ја бара втора, знам имаше линк негде низ темава ама неможам никако да го најдам.
     
  17. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Канал 5 објави дека ја купиле и втората сезона.
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Изледав до 27 епизода, нешто на мегааплоад, нешто на јутуб (без превод)...на натабану не ми ги пушта, ниту една епизода.
    Нена дај линк каде гледаш. :)
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Лолита ги симињам на торент. еве ја страната http://www.najnovije.net a за сите дешавки околу преводите и каде се ставаат и дали се ставаат за гледање се информирам овде https://www.facebook.com/velicanstveno.stoljeceFAN. А сега ја гледам онлине новата серија директно од Турција. :lol:
     
    На stilas7 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  20. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Денес учевме за Султан Сулејман :D.
    Ех колку ми беше интересен часов,иначе ич не сакам историја :lol: