Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    А зошто да е срање? Овде се работи за историски настани.. сценаристите не измислуваат.
    Отвори Википедија и ке видиш дека Хурем Султана му родила на Султанот Сулејман 5 деца,
    а Махидевран изгубила неколку и останал само Мустафа. Тоа сето се случило. Можеби некои работи во серијата ги преувеличуваат, ама вервајте дека во тие времиња било баш така како што е претставено. Сите се јаделе меѓусебе, се правеле какви не завери за да се стигне до тронот. Историјата кажува дека СУлтанот го убил синот Принцот Мустафа за да не му го превземе тронот, замислете.. синот да си го убие :fubar:
    А за ова со децата, па тогаш немало друго што да се прави.. тоа му било единствена занимација во вечерите.. а и не знаеле за контрацепција уште хахах.. :^)
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.392
    Допаѓања:
    114.503
    Пол:
    Женски
    Обично не сакам да анализирам ликови од серии и филмови зашто се фикција и не се замарам со анализи , ама бидјеки ова е серија за луѓе кои постоеле и дејства кои се случиле морам да и контрирам на Теси за мислењето на Хурем. Не си воопшто во право за Махивердан дека Хурем и е крива за тоа што не е со Султанот. Сама си е крива. Сама го оттргна од себе. Ако ја пратеше внимателно серијата до сега ќе видеше колку пати Валиде Султан и велеше да не се спушта на ниво на една слугинка како Хурем. А таа па проба и да ја труе, ја истепа и што се направи. Нека е среќна што не и ја исече главата султанот за тоа. Кога отиде Хурем во другата палата, Махивердан отиде кај султанот и кога овој сакаше да ја бакне, му излезе пред очи тоа дека она донесе отров на неговата маса, во неговата одаа, отров наменет за Хурем кој лесно можеше тој да го изеде. И затоа и рече Ти го отру нашиот однос. Така да ако не беше Хурем ќе беше некоја друга. Таа самата требаше да свати дека тој сега е Султан и дека нема да може само неа да и се посвети како во времето кога живее заедно сами со Мустафа. А за Хурем, не е лоша, само ја сватила играта во харемот. Преинтелегентна е. Знаае дека ако она не јаде луѓе, неа ќе ја изедат. А за магиите и све остало, сите тоа го прават таму.

    А за Ибрахим дека му е лојален, не би рекла. И тој е ист како Хурем. И Хатиџе не ја сака искрено, туку само за да има поголема власт. Ако Хурем се тепа со жениве за љубов и власт помеѓу жените, за да стане Султана и да им обезбеди престол на децата, Ибрахим е исто г***но само со инакви манири. Инаку зашто
    кога хатиџе ќе си го задуши детето не сакајки на спиење, и психички ќе се разболи, овој одма ќе легне со Нигер Калфа??
    од љубов??
     
    На Danilela, JuLleE и Cence им се допаѓа ова.
  3. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    Сулејман не го убива синот за да не му го превземе престотлот..туку заради тоа што Мустафа ќе скрои план против својот татко и нечисти игри за да дојде до тој престол.А и тоа со децата не го правел од занимација него тој навистина сакал да има што е можно повеке деца.....секако принцови....жените исто така се бореле за тоа..така да немале никаква потреба од контрацепција.
    Инаку Рокселана....нејзиното прво име е Александра Лисовска со потекло од Русија.Успеала да го заведе султанот со нејзината ведрина и насмеано лице и затоа и го дал името Хурем што значело насмеана.Хурем успеала да го направи она што никоја друга не успеала во претходните 130 години т.е да го маѓепса султанот и тој се жени со неа во 1530 година .Таа била едниствената негова венчана жена.Рокселана исто така има големо влијание во владеењето со државатаМу раѓа 5 деца....Мехмет,Михримах, Селим II, Џихангир и Бајезид од кои Селим доаѓа на престолот после Величенствениот.
    Во чест на Рокселана се насликани многи слики и направени многу композиции како Симфонијата бр.63 на Јозеф Хајдн.
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Султанот инаку бил многу грозен ( не дека овој глумецов е лепотан ) со многу издолжено лице, многу слаб, со голем нос и вдабнати очи, но бил многу харизматичен. Филмот целосно се води според историјата само нормално некои работи де додадени, увеличени нормално за да биде поинтересна серијата.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас не ја сакам Хурем, не е добра, не е човечна. За сопствено дете да вика дека не го сака зашто е женско. Башка продава некои лажни морални вредности од кои ми се се**. Убаво и' кажа мајка и' кога и' се појави на сон „Не се прави дека ова го правиш од одмазда, за себе го правиш.“ Премногу е лоша. Таа не ли труеше? Другарка и' колку беше добра со неа и оваа и' стави отров во крзното што и' го даде султанот и таа кутрата со превез на лицето па пак нон стоп до неа беше. Не може да си ја контролира лошотијата, гази и на оние кои ја сакаат.

    Не само Махидевран, туку и Хурем не може да се помири со тоа дека султанот не може со една жена да остане. Многу е цинична и злобна, одма и' отиде на Махидевран во соба да и' се сити кога разбра дека не била бремена.

    Лоша и крајно без никаков осет за морал.

    Море ко шо гледам од серијава, титулава негова, сепак била “похаризматична“ од него :lol:
     
  6. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Хурем брзо си ја засака ќерката, не е толку долго колку што си пишала во претходниот пост. :lol:
    А што зарем Махидевран не беше цинична и злобна со Хурем. Колку пати само таа си тераше сеир... И пак ќе кажам неказнета помина за се, обид за убиство- нели величествената не сакаше убијци во нејзиниот харем?! Ама ете госпожата Махидевран се ослонуваше на неа и на тоа што на почетокот никој не ја сакаше Хурем. Што се однесува на престолот, па такво време било, што вредат жените таму?- Ништо!!! Ако не израѓаш деца и самата ако не се снајдеш трпи, никој и ништо си!

    Btw вие што сте ја гледале серијата дали знаете кога и како ќе ја разоткријаат оваа Садика? Ме нервира веќе. :devil:
     
  7. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    не знам кога ќе ја откријат Садика но само што ја гледав онлајн 43 епизода.....уффф многу возбуда допрва следува во серијата....доста плукајте по Хурем....такви биле времињата снајди се па живеј....него многу не уфилмаа со овие другиве серии каде сите живеат среќно до крај на живот па сеа ни е чудно коа гледаме нешто празлично.
    Инаку сплетките допрва следуваат....Хурем ќе им го дотера умот на сите...а во наредните епизоди ќе видите колку само злобна е Махидевран и на какви лоши работи ќе го тера синот Мустафа
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Садика ќе оди да служи во новиот сарај како придружничка/слугинка на Хатиџе. Хурем и султанот ќе им одат на гости и додека Ибрахим им дава опција на Хурем и Лео кој да ги изеде отровното благо (ми личеше на локум), Садика во дворот ќе оди да го послужи султанот и ќе го нападне со нож, но тој ќе ја совлада. Потоа ќе ја однесат во зандани за да откријат кој ја најмил (гледав на јутуб без превод) и видов дека Ибрахим ќе дознае дека Сезнајко и` помагал (наивно, не сакајќи) да испраќа писменца нели до Лајош (така мислам се викаше) и Сезнајко ќе ја одведе со чамче и ќе ја удави мислам по наредба на Ибрахим.
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
  10. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Извини што ќе те цитирам, но и јас исто!
    Ајде бре веќе, тууууу! :D
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски


    Јас па цело време го чекам со Хатиџе и нивната првна брачна ноќ аауу кој знае колку пердуви ќе излетаат хахахаха ама овај со Нигер ми изгледа само како од корист :D :D
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ауу вака ли се викала серијата :^) ....јас ја знам како Величествениот Султан,барем така ја кажуваат на канал5 :D

    Иначе мене оваа Хурем ми има многу лигава фаца,а мајкава на султанот ептен се занесува,почнува да ме нервира веќе....Пупи,нели ја забележа реакцијата на Нигер кога ја допра Ибрахим по лицето,така да не ме чуди ништо ако завршат заедно.

    П.С:Ама цицки вртат,ко балони им се :lol:
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Добро бе луѓе, ставајте ствари во спојлер што сте ги гледале унапред, а на ТВ се каде-каде поназад!
    Аман, не секој сака да знае што се дешава и кој кого задавил, убил однапред! ;)
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.469
    Допаѓања:
    251.020
    Девојки колку пати ќе ви се повтори дека треба да ставате во споилер кога откривате информации од епизодите.
    Почитувајте го ова правило - Ако сакате да откриете детали од содржината на серијата, користете го BB-кодот spoiler за да го поставите тој дел од вашето мислење како скриен текст.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски



    Па и тој нека легне нешто кога може султанот да спие со Хурем и да ја мува Садика зошто и Ибрахим не, а за цицки Хурем цела млечна шо е од неа за матура ќе барам :geek: :geek:
     
    На CIA и anneyy им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски


    Добро Џули не го знаев тоа, не ме тепај :lol:
     
  17. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Алелуја! Се случи и тоа. Овој момент треба да биде овековечен. Хахаха :D
    Баба ми вика "Ќе знаат ли да се бацат овие бе?" :rofl:
    Ама многу се убави како пар. Хатиџе&Ибрахим :inlove:
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.469
    Допаѓања:
    251.020
    Не се однесува само за тебе, повеќето не внимаваат, инаку стои погоре во правила на категоријата, јас болдирав бидејќи неколку недели се потворува тоа ;)
     
  19. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Ја знае некој песната што ја даваат секогаш за Хурем (мислам таа песна не е на турски а неможам да ај најда) може некој да ми помогне
     
  20. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Шекер Ага и Зумбуљ Ага ми се најјаки :) како Онлио и Станлио се хиихих