Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^^овде ја дава 60 епизода, ама се снајдов и го изгледав првиот дел од епизодата, кога ќе ја изгледам цела ќе напишам коментар :D
     
  2. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Ја гледав 63 епизода т.е финалната епизода на 2сезона ,ептен добар завршеток на 2сезона напраија алал нека им е . :)
     
  3. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Да од која епизода и да копирам линк 60 се отвара не знам зошто.
     
  4. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ете ја изгледав епизодата... :D
    Хатиџе се разведе од Ибрахим.......нивната огромна љубов....многу жално изгледаше кога и викаше на сестра и да му каже на Ибрахим да си оди :(
    а Махидевран...не можеше да отиде кај Сулејман и да му каже дека Хурем ја наместила за тоа со Ѓулфем? :?: ама сепак е виновна за задолжувањето, а плус во Маниса ќе биде до Мустафа :)
    и уште ова..ќе има нова епизода во Турција во среда? :D
     
  5. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Збунета сум ова ќе се случи во третата сезона? :^)
    Зарем Валиде не умре во втора сезона???
    http://www.youtube.com/watch?v=PoBzrjfdTBQ
     
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Ова не ти е траилер за 3 сезона ,туку пишува инфо за новата сезона што значи можеби е за втората или пак првата не се сеќавам баш најдобро од која епизода е тој исечок :)
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.570
    Допаѓања:
    131.164
    Пол:
    Женски
    нема да има. Заврши втората сезона сега здравје трета на есен.
     
  8. analia13

    analia13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    31
    може ли некој накратко да ми раскаже што се случи во претходниве две епизоди? бидејќи не бев во Македонија
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.805
    Пол:
    Женски
    Според она што го видов досега, особено по разговорот на Сулејман и Ибрахим кога овој пак му го поштеди животот, сфатив дека и да сакал и да се трудел, тој не можел да ја засака Хатиџе. Тој си е човек (очигледно) кој сака да биде над жената, да му се восхитува, да му зборува работи од типот на јас сум твојата робинка, јас сум ништо без тебе, јас сум дел од тебе, засекогаш сум твоја, дрн, дрн. Со самото тоа што султанот почесто го вика Паргали отколку Ибрахим Паша, на некој начин го потсетува од кај дошол и каков бил. Такви биле мажите тогаш, дигни им го егото до бескрај и после врти ги околу малото прсте. Не дека некои не знаеле убаво да го искористат тоа што жените тогаш не биле независни. ;)

    А и самиот рече, на најмалата сопка сите ме потсетувавте (веројатно мислеше и на самата Хатиџе затоа што тоа го рече откако султанов спомна за неговата љубов кон Хатиџе) кој сум јас и од кај сум дошол, дека сум син на сиромашен рибар. Зар болно амбициозен човек како него може да сака жена во таква ситуација?!

    И не, не ја мразам Хатиџе, не е таа за ништо виновна. Не е глупава, туку како сестра на султан и галениче на Харемот, премногу е заштитувана од лошите работи кои се случуваат во вистинскиот живот и така таа не ни може да си замисли дека ќе легне со маж и` некоја на која таа и` го става лебот в уста. Таа е најверна и најдобра жена во харемот. Како само си го чека од секој поход, не ни размислува да прави сплетки некому. Не е ни во ситуација, не ни била, тоа Хурем многу убаво го користи за да го уништи Ибрахим а со тоа и неа.

    Напротив, Нигер Калфа ја мразам. Ја користи љубовта како изговор за сите нејзини ниски и подли постапки. И интересно ми е тоа што почна да прави некои потези дури откако Ибрахим стана паша. И претходно се сакаа, ама претходно таа не му се вртеше во неговата соба. Од старт ми е некако...не знам, лоша, себична, мисли само на сопствените желби.

    Штознам, јас искрено Хурем (вистина, во историјата) повеќе ја замислувам со карактер баш на Нигер Калфа, отколку како што е прикажана во серијата. Некако наивно ми е од тој аспект што таа секогаш ги издава нив кога ќе направат нешто, а тие неа не. Па зарем не би требало со душа да ја чекаат секоја нејзина грешка...а Хурем не ја прикажале како некоја искрено што го сакала султанот. И каква и е таа нејзина љубов кон Сулејман штом сака сестра му која тој толку ја сака да прави да страда...Махидевран им стави отров во собата, но Хурем ја повредува Хатиџе, сестрата која тој толку ја сака. Се` е исто, само различни отрови користат...Сулејман за се` бил интелигентен али дека не знаел да си избере жена, не знаел. Мислам, Махидевран, Хурем!?

    Eте ги последиците од учењето на Хурем. Таа кутрата ќе си живее во заблуда дека браќата и сестрата се сакаат еден со друг, а тие уште од мали се местат еден со друг за лична корист. Децата се како огледало на родителите, ако ги задоиш со омраза против полубратот, тие ќе мислат дека така треба да прават и со сите нивни браќа и сестри.
     
    На LilBaby и BI-44 им се допаѓа ова.
  10. Ubava-Crvenokosa

    Ubava-Crvenokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    80
    Ако со интелегенција се избирало саканиот/саканата тогаш јас немаше да си патам толку за бившиот
    Сигурно немаше да бидам со него. Колку и да е човек интелегентен за некои работи не се размислува со паметот а некој па не размислува со срцето туку со некој друг орган :)
    Јас не мислам дека Хурем ја мрази Хатиџе туку само Ибрахим нејзе во моментот може ќе и замери ама после пак си го менува мислењето. Ете еднаш и го спаси синот некој може да вика дека тоа намерно го сторила затоа што имало луѓе во собата и сега демек она да се покаже во ред, а кога беше сунетот во собата на Хатиџе немаше никој и таа си седеше така тажна и Хурем збореше со неа и ја расположи дека ако роди машко и него ќе го прават Сунет исто така кога си сечеше вени Хатиџе па кога ја однесоа во собата Хурем и кажа дека и она минала низ многу тешки работи и и даде мотив на Хатиџе да се бори да биде среќна а не само да тагува по мртвиот син.
    Хурем чувствува реална љубов за Сулејман и многу пати го покажа тоа и ќе го покаже, а Ако Махидевран чуствувала реална љубов за него
    немаше да му прати друга да му спие во кревет без разлика колку ја мрази Хурем
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Се сложувам Црвенокоса. :) Јас сметам дека никогаш Махидевран не ни го сакала.На почетокот се `борење` против Хурем бидејќи некој друг дојде на нејзиното место-и друга стана омилената.Махидевран не е заљубена,таа сака нешто друго. ;)
    Ја изгледав на нет 63 епизода(со превод)и можам да кажам само- Прекрасен завршеток на сезоната.Поубаво неможело да биде !!
     
    На Ubava-Crvenokosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.805
    Пол:
    Женски
    Уф, демек тоа друго не го сака и Хурем...колку само ја погоди тоа круната што и` ја скршија...таа епизодата кога таа шеташе како главна на харемот пред да и` ја стават круната, да не размислуваше случајно на тоа дека веќе нема препреки за нејзината љубов кон Сулејман...не, таа се радуваше дека ја искористи приликата непречено да владее. Како и` се ситеше само на Хатиџе кога отиде да и` каже за Ибрахим, очите и` се смееја, мислам...и не ја мразела бе, никако...

    Махидевран не може сега да го сака султанот после сите понижувања кои ги претрпе од него. Ама и Хурем не е многу поарна. И неа нека и` пишуваше поезија и нека ја даруваше па да видиме дали само Хурем ќе го сакаше. А тоа на Хурем не ми изгледа на љубов. Од самиот старт се знае дека е дојдена со мисија.

    А тоа дека ја тешела за синот, не верувам дека и` е искрено, штом му ја сака смртта на таткото на нејзините деца...

    На Mустафа, Хатиџе и Ибрахим, луѓе кои султанот многу ги сака и почитува им посакува несреќа, па дури и смрт...не може никој да ме убеди дека го сака Сулејман.
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Хурем е заљубена во Султанот Сулејман.Тоа многу пати се докажало. ;) Во наредните епизоди
    ќе испие шишенце со течност мислејќи дека е отров,од преголема љубов кон Султанот. :)
    А нормално дека секој жив човек на оваа планета има желба за нешто повеќе,за нешто подобро,и да владее и да биде на врвот.Ако немаш желба за нешто нај-исто како да не си човек,како да си се предал на судбината,како да немаш никава мотивација и желба.Хурем само граби колку што може повеќе од животот..и не е дека го искористува султанот само поради мирисот на моќта !
     
  14. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Махидевран не го сака Величествениот ама ич да го сакаше ке му ставеше отров во јадењето со цел да ја отруе Хурем знаејки дека и тој може да касне од тоа и да се отруе и плус
    кога Величествениот ке добие срцев удар Махидевран едвај ке чека да умре и прицот за султан ке почне да го спрема додека Хурем ке испие отров затоа што ке мисли дека тој не ја сака повеке(ке испадне дека не и дал отров туку некоја друга течност но таа ке мисли дека е отров)
    се сеќавате кога Хурем сакаше да ја убие принцезата Изабела и беше страв да не му наштети на султанот со тоа што ке го направи додека Махидевран отров во јадењето му стави е сега размислете кој повеке го сака.
     
  15. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    И јас да бев на местото на Хурем и ја би сакала да бидам нешто повеќе сигурно не би се задоволила да му станам една од многуте жени на саканиот и би се борела само јас да му бидам единствена жена и тоа легално венчана законски призната сопруга а тоа што е тој Султан уште еден плус за неа да биде жена на најмоќниот човек во тоа време кој не би го сакал тоа? тој што ќе каже јас не сакам лаже!!!
    како го делеа животот заедно така сега заедно си почиваат во мавзолејот и во живот и во смрт заедно а да му беше само обична конкубина се сомневам дека ќе била погребана заедно со Сулејман.
    А кога некој ти копа гроб и бара начин да те уништи сигурно нема да изигравам светица или Мајка Тереза и да го оставам да ме порази и јас сум човек од крв и месо и сигурно ќе направам се за да се ослободам од непријателот.
    ПС: Кога ја изгореа Хурем она во писмото му напиша на Сулејман дека доколку не ја најде жива кога ќе се врати од поход нивните деца да и ги довери на Хатиџе Султан а не на Валиде Султан колку и да и згрешила Хатиџе, Хурем сепак нејзе ја смета за најсоодветна да ја превзеде улогата на мајка за нејзините деца и ај после кажете дека ја мразела ццц... Валиде ја мрази а не Хатиџе
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ubava-Crvenokosa

    Ubava-Crvenokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    80
    Е ај де де и ја тоа викам не ја мрази она Хатиџе |(

    И плус тоа Махидевран сакаше да ја отруе Хурем додека беше бремена со толкав голем стомак сакаше и Мехмед да го убие после да не се чудат другите ако посака Хурем Мустафа да го убие ;)
     
  17. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    потполно се согласувам со tessie таа лошата во серијава е хурем само колку ѕаплетки прави ено друго планови вештерка невидена
     
  18. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Леле Михримах :lol: :lol: :lol:
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Мустафа,памети го овој ден.Денот кога ја понижи Хурем Султан. :devil:
    Е затоа неисклусно детенце не треба да си игра со оган! Ако и тој се замеша помеѓу интригите на жените...крајот очигледно му се гледа.Па и вака и онака ќе си умре. :lol: Можеби и Хурем згреши,можеби она е крива,ама јас не сакам никој да ја понижува мојата Султанка. Па овој Султанот неможеше да ја заштити ??! :devil: Па уште да му се извини на Мустафа.Во тој случај,Хурем требало да се покае.. |(
    Како и да е,ова е војна кога ќе заврши дури кога Хурем ќе се почуствува како `владетелка` и кога ќе ги отстрани сите непријатели.Па всушност овие моменти што не се по `наше` ја прават серијата неизвесна и интересна. :)
    П.с.После последните реклами свртив на ЕУРОФОРИЈА,не видов како заврши. Кој ќе ми раскаже ? :*
     
  20. bikk

    bikk Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    лелеее колкуу ми е милоо фалабогу еднаш сулејман застана на страна на синотт :D