Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Еј даа Ѓулшах е и тоа се погледнаа со Махидевран а ја видовте робинката на Хатиџе имаше "округло капче" а нели тоа покажува главен калфа? Што се случило со Даје?
    Ако може да ми дадете страна каде што можам да ги гледам видеата на Бугарски.
     
  2. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    http://www.femina.mk/out/?id=1c8107f2e4 ... 93728bfd88 :)
     
    На I.love.your.lips му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    по смртта на величествената, Даје ќе си отиде од сарајот...величествениот ќе и го подари ланчето што го правеше за величествената...не знам точно кај ќе отиде, ама таму ќе работи како слугинка(или така нешто)...потоа сите пари ќе ги даде во добротворна фондација во имe на величествената, а ланчето ќе го даде на некоја сиромашна жена,...веројатно поради тоа што знаела за Нигар и Ибрахим, а не кажала на никој, и таа е некој вид на соучесник ќе има грижа на совест...и на крај ќе се обеси :(
    :D
     
  4. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Еве слики од некои ликови од серијата. :)

    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

  5. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^^ на 5та слика...Ибрахим со Хатиџе, Махидевран, Хурем, Ѓулшах и? која беше таа во кремастиот фустан? позната ми е, ама не ми текнува која е... :D
     
  6. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Садика,робинката која остана без маж во битката со Султанот.Сулејман го уби нејзиниот маж Ариел пред нејзини очи.Таа беше пратена од незнам ти таму кој крал да му се одмазди на Сулејман и да го убие.Султанот еднаш спиеше со Садика,во палатата на Хатиџе Султан. Садика стана и убиец.Уби и една робинка-Ајше (миленичка на султанот) во почетокот. Господин Сезнајко беше заљубен во неа.На крај кога се дозна,казната му беше да ја фрли во море.Таа умре.И така заврши делот на Садика во серијата :)
     
  8. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Садика ли била :) дека ја немаше во вторава сезона, сум ја заборавила....таа што на крајот на првата сезона сакаше со нож да го убие султанот... :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    a што ке му прават на најмалото синче на хурем??
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Бали бег како што ми се гледа ќе ја оплеска :tmi: за една жена ќе си изгуби функција ама тоа е љубовта какана работа е хахаха
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Денеска многу го жалев Султанот :( со два принца болни (Мустафа Чихангир) и тоа изразот негов тажен за двајцата синови, се гледа дека не му е лесно и дека има голема болка ај Мустафа оздраве ама овој малечкиот за него тешко... Тоа дека Хурем ќе прави грев што сака да го убие Мустафа е вистина и велат дека Господ во најмилото ќе ги казни (нејзиното најмало синче) и Махидевран направи грев кога ја отру Хурем бремена и она ќе биде казнета со смртта на синот и двете жени се грешници во очите на Господ ама па во такви услови, во такво време и двете немаа некој избор и правеа се што можеа да преживеат.
    Ама утре највеќе жал ќе ми биде за Чихангир ;( малечко срценце ;( А Сулејман заради тоа изгледа ќе добие срцев удар затоа што ќе си го види синот растегнат а уште бебе е и секако татко е ќе го заболи, толку многу што и самиот ќе заврши во постела :(
    Михримах на живци ми иде девојчето добро и прави Хурем ама и тоа е малку за неа треба бетер построга да биде со такво девојче :!:
    Ибрахим: Што е ова...? Земете го мене клуч не ми треба Добар е добар :D што се однесува за државните работи нека тера вака го подржувам
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    а што е болно малото? Џихангир? И што ке и се случи на ефсун ако знае некој :)
     
  13. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Малото има проблем со рбетот ке го растегнуваат на справа за растегнување во следната епизода ама ке остане грбаво а Ефсун ке умре ке остане бремена ке ја однесат да абортира и ке умре пред да умре ке му каже на принцот дека Хурем ја испратила да го отруе но таа го сакала и не го направила тоа
     
    На Heidy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. boj4eee

    boj4eee Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Ете неколку информавии за серијава што би требало да се случи понатаму, ако некој има гледано нека каже дали е точно:

    Султани нема да станат ни Мустафа ни Мехмет. Султан Селим ќе биде. И двајцата принцови(Мехмед и Мустафа ќе умрат. Мустафа оти има желба за војување ќе покрене бунт против Величествениот, такво нешто. А Величествениот за казна ќе го удави, Махидевран султан, бидејќи нема веќе никакво значење во харемот ќе си оди за Бодрум и ќе се спасат од неа фала богу :whew: . Мехмед нема никој да го убие, ќе си умре кутрото од болест некоја. (Иначе, незнам точно или не, Михримах пораснатата ќе ја глуми Јешим од Лале, Серенај Саракаја.) Како и да е. За пашата сеа. Сулејман ќе го прати Ибрахин на исток таму да војува. А овој, вообразен, ќе си се прогласи за султан таму. Кога ќе дознае за тоа Султанов, нели треба да му летне главава на ибрахим. Ама според традицијата треба да останат заедно во некоја куќа сами, како последна надеж да се смират. Додека се таму Ибрахим ќе му каже на султанот „Убиј ме.“. А Султанот ќе му каже: „Не, ти убиј ме.“, а ибрахим пак: Ти убиј ме. И така натака нешто. И на крајот и на пашата главата ќе му летне како на какошка. Натаму незнам. Ако има некој што знае нека каже.

    Овие информации незнам колку се точни. Вака вистина се случило, а сеа како ќе направат во филмот - незнам. Ама не верувам да сменат оти вака е интересно. Инаку од Википедија ми е се.
    Позз и кис4е :*
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    PozZzz,Kis4e Boj4e.. :* :D
    Инаку за информацииве точни се.
    Леле Хурем денес јака беше,со плановите ~ :wasntme:
    А за кои гревови плаќало малото на Хурем ? Што гревови жити се има Хурем (покрај такви грешници во сарајот `гревовите` на Хурем се лесни.) :D
    Е сега,не викам дека Хурем е цветче за мирисање,ама она тоа си го прави за нејзините деца бе.И пак нејзините деца страдаат. :emo: Зборот ми беше де,жал ми е за малиот принц. :)
     
  16. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Сара да бидеме реални сега :wasntme:
    Хурем има сторени некои работи и ќе стори уште за кои се сметаат како гревови еве пример:
    -му даде отровен локум на Лео (не по своја воља а и тој самиот сакаше)
    -му нареди на Ѓул ага да стави отровна змија во ковчеже и да и го однесат на Изабела
    -им нареди на Ѓул ага и Нигар да ја заразат Изабела со чумосаното шамивче од карантинот на болните
    -најверојатно ја уби Изабела (за ова не знаеме ова ко + - грев)
    -ангажирала бајач и јасновидец да му ја потопи во отров книгата на Ибрахим за да се реши од него
    -планираше да го убие Ибрахим на денот на нејзината венчавка и сунетот на нејзините синови
    -и даде шишенце со отров на Ефсун за да го убие Мустафа

    Зборот ми е девојката не е светица ама јас ја обожавам :) затоа што ја да бев на нејзино место најверојатно би одела по нејзините постапки. Ама па сите овие гревови се сторени од љубов кон Сулејман и кон своите деца, но доколку не ги направила таа ќе била мртва до сега а да беше мажена за Лео ќе правеше ли интриги и заговори и планови за убиства? НЕ! затоа што мажачката не и преставувала опасност по живот за разлика од мажачката за Сулејман без разлика дали се работи за неа или за нејзините деца. Се што правела за лична егзистенција правела, сигурно дека и она сака да живее мирен живот а не со нож под перница...
     
    На interesna и tessie им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Интересни коментари има под текстот :clap:
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Aлал да ти е Хурем Александра, конечно некој да даде објаснување за она шо јас го зборам цело време. Никад значи немам оспорено дека Хурем сака да си ги спаси децата, дека е пожртвувана мајка и е премногу интелигентна, но факт е дека таа не се задоволува со чисто преживување. Или ќе бидат на врвот, или нема да ги биде. Чудна некоја мајчинска љубов, јас што не можам да си ја замислам. Истото го гледам и кај Махидевран, како да не родила дете, туку иден султан, како само за тоа да чини Мустафа. На моменти изгледаaт како да не ги сакаат како деца, туку како принцови и принцези. Но и покрај тоа што сите гнасотии шо ги имаат направено, ги имаат направено за доброто на своите деца, тоа не ги прави помали тие гревови. Убиство е убиство, труење е труење, интриги се интриги. Тие се малкуте работи во животот за кои можеме да кажеме дека се или црно или бело. И убиство во самоодбрана е сепак убиство. На крајот, сепак Хурем и Махидевран можеби ја промениле историјата, но не можеле да ја променат судбината и Божјата воља. Да и јас така мислам дека казната го стигнала најмилото...за жал (Мустафа, Џихангир, па и Мехмет кој можеби Хурем веќе си го планирала за местото на султан, но ете, болеста Хурем не можела да ја спречи).

    Мене па многу ми е мил и добар Мустафа. За него ми е повеќе жал отколку за Џихангир. Не е глупав, има потенцијал за многу паметен и праведен владетел, но ете, судбината го ставила меѓу два огна, меѓу две вештерки, имено мајка му и Хурем. А Џихангир, да, премногу е жално она што му се случило на толку мала возраст, но барем имал мила ѕвезда и сите го сакале во харемот. А кутриов Мустафа, не знае од кого попрво да се одбрани.
    Ќе му ја убијат саканата, првото дете...на крајот и самиот него
    Многу го жалам, кога доаѓа сцена со него во епизодата, знаејќи што ќе му се случи, понекогаш дури и ми се насолзуваат очите. Во неговата добрина, справедливост и бунтовност за таа правда многу ме потсеќа на мм и затоа ми е и еден од поомилените ликови. Само се надевам дека во случајот со мм, правдата сепак ќе продолжи да победува.
     
    На Hurrem-Aleksandra и Sara123 им се допаѓа ова.
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Хурем-Александра едно големо Браво за напишаново. :) Во целост се сложувам со тебе !!!
    Изгледа не си ми ја сватила поентата на горенапишаниот текст. :wasntme:
    Јас не реков дека Хурем нема гревови,туку малку саркастично го кажав она што ми пречеше во серијата.Кога гатачката и рече дека гревовите на малото дете не биле негови. ;) Потоа Султанката ја избрка затоа што не и одговараше одговорот.Друг пат нема вака да се `шегувам` бидејќи ќе бидам погрешно разбрана.
    Моја вина,можеби погрешно сум ја формулирала реченицата..
    А инаку за гревовите на Хурем.. ми беше зборот..
    Како што и веќе си напишала-Нејзините гревови се донекаде оправдани. Затоа што она си ги сака децата,си го сака мажот и си се сака себеси.Таа сака никој да не биде повреден(од најблиските)ама тоа не е возможно.Треба да се штити од `надворешниот свет` кој постојано се обидува да им наштети,на било кој начин.Па Хурем не е како Махидевран-да се помири со судбината и да игра според правилата на играта..Е тоа така не е.Нивната војна треба да се разбере како игра без правила.Секој прави се само за да успее во своите цели и замисли ~ И да,ако се штитиш себеси и ако покажеш дека барем малку си заинтересиран за моќ,за нешто поголемо и позначајно (нормално дека ќе се обидуваш да се ослободиш од непријателите) Тоа секој го сака ама само некои успеале да го добијат.
    Секако дека ја подржувам во она што го прави.Затоа што мислам дека највеќе од сите таму ја заслужува величествената титула.Жена која се бори за себе,која има храброст,енергија и сила да ги совлада сите предизвици.Жена со мотив,воља и замисла.
    Штета што тоа време било гази за да не те газат,па мораш малку по сурово да одиграш. :!:
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    За жал и денес постојат такви форми како харемов, само што убиствата сепак не се честа појава. :lol: Еве за пример ќе го земам поранешното раб.место на мм. Абе и мажине таму ко жени со тие интриги нивни. Буквално можам да ги споредам со Хурем, Махидевран и тн. Со самата разлика што тогаш барем имале логична цел пред себе кога ги правеле тие работи, а во случајов со мм, абе колегите беа спремни самите да ја изгубат работата, само за да тргнат некого. Циркуси! Во ова време кога можеш да си самостален, да си работиш и заработиш за своја плата, а не да зависиш од ќеифот на султанот, или на било кој друг маж, не ми е јасно како на некои луѓе им се замара со некои глупи работи...


    Жално е што такви работи има и денес, во едно далеку поразвиено општество во кое и едните и другите може да живеат под исто сонце.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.