Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Подобро да умре Мустафа сега отколку нејзините деца кога тој ке стане Султан
     
  2. Ubava-Crvenokosa

    Ubava-Crvenokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    80
    ПА СЕКАКО!!!
    Кога би избрала помеѓу моето дете или нечие друго дете, другото ли би го избрала?
    Секако дека не! поважен да ми биде некој друг од детето мое НИКОГАШ!
     
  3. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    Валиде ја сака Махидевран зошто и е потчинета, никогаш и нема отидено против нејзините одлуки.

    Колку и јас да ја мразам неа, оваа одлука со дневникот и беше правилна. Ниедна мајка, а не па една султанка не би дозволила ваков срам за син и.
     
  4. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Секако дека мајката ќе си го бране своето дете. Ама се знае на крајот најдобриот ќе победи. :D 8)
     
  5. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Ама каков срам? Човекот несмее ли дневник да пишува? Што имала Хурем свршеник во Крим, поминало, веќе не го сака, сега го сака Сулејман... Та што дека имала? Забрането ли е тоа? ОК, може е забрането... ама сигурно повеќето робинки, така млади и убави имале свршеници пред да ги грабнат. И плус, пред кој ќе се засрами? За дневников никој не знае подалеку од харемот. На Хурем Лео и беше дечко пред да ја грабнат,а после друга приказна. Ако де, дојде Лео. Ама Хурем не го изневери Величествениот, едвај 5 минути поразговараа во цел филм кога дојде Лео. Ова, според мое мислење и беше неправедно. Овде Хурем стварно не беше виновна. А, ако го изневерила пред тоа, па сигурно неможе да го изневери на некој кој уште не го ни познава па да е заљубен во него да го изневери. (ако ме разбравте) :| :|
     
  6. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Mахидевран не е робинка за разлика од Хурем.
     
  7. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Да не помеша нешто?? Хуремм, не е робинка, Махидевран е.
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Величенствената е всушност Грузијка, така барем имам слушнато. И не случајно го знае рускиот јазик :)
     
  9. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Махидевран е робинка Хурем е венчана жена на Величествениот што те натера да помислиш дека Хурем е робинка а Махидевран не?

    Мислам стварно нема потреба да го спомнувате Лео беше и помина ;( ;( ;(
     
  10. Ubava-Crvenokosa

    Ubava-Crvenokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    80
    Изгледа некој пропушти да ја види епизодата како Махи го моли Суљо за слобода (да не биде робинка)
    Махи е робиња а Хурем е слободна е така да си знаете за тие што се во заблуда
     
    На The.Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  11. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Аха... ама во вистинката историја не било се така како што е во филмот. :wasntme:
    Во филмот има изменето некои работи за да е поинтересно иако и вистински било интересно, ама кога во делот пред да се појавува Сењор Грити се си беше во ред, Хурем и Султанот се сакаа и ич не се караа. Па да не е се така глупо и еднолично, ги направиле кавгите на Хурем и Валиде. Лео не постоел, мислам, може постоел, ама не дошол како сликар тука. На Википедија кога читав за Хурем Хасеки Султан, поврзани теми имаше Leon, ама имаше само една сликичка како фаќаат некој, кој сигурно не беше лео, имаше чалма :D
    И Изабела постоела:
    http://en.wikipedia.org/wiki/Isabella_I_of_Castile
    Има и слика од вистионската, била многу поубава од оваа силиконскава овде. :devil:
     
  12. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    луге величествената е турчинка. брат и е сахиб гирахан :) браќата и се бореа за тронот во крим :)
     
  13. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    :o Не зезај... не е турчинка... Уствари... ;) :doh: ма не... од крим е.. :|
     
  14. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    таа е родена муслиманка татко и бил владетел ;) сега брат и владее а ајбиге и е внука :) не е како роб донесена како хурем туку слично како ајбиге сама така и рече еднаш
     
  15. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Да да постоела но немала никаква врска со Султанот бидејки била пред или после него не знам точно но знам дека немало шанси да го види Султанот а тоа со поврзаните теми со Лео може линк?
     
  16. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    Никој не рече дека Хурем не смеела никој да има во минатото, ниту па дека тоа Лео не смеел тоа во дневник да го напише, фала богу. Ама она си ќутеше кога дојде Лео, па дури и повеќепати се сретнуваа скришно во градината. Кога веќе и згусти, т.е. кога дозна Ибрахим за нив двајцата, е тек тогаш го бркаше од престолнината.

    За дневникот никој не дозна зошто (не знам баш како беше) Хурем го изгоре или некој друг, не е ни битно сега.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам вечер да видам што ќе се случи.Всушност,што сака нека се случи јас си го знам крајот.А тоа е она што го краси делото. :)
    Ај да не бидам многу досадна со Хурем,ќе ви ставам една прекрасна слика од Нур.
     

    Прикачени фајлови:

    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Ах, елеганција у движење...

    Она и Хурем се два различни вида на убавина. Еднава е помаркантен тип на убавина, раскошна со облини, раскошна коса, крупни убави очи, другава си е сосема поинаква убавина и префинетост. Не се споредуваат бидејќи се различни. Пример, на Хурем не би и` стоела гардероба шо и` стои на Махица и обратно. На Махидевран лицето и` изгледа повозрасно, построго, посериозно, такво и` е и телото, со дискретни облини. Хурем од друга страна пак, има подетско буци лице (многу убаво, да не ме сфати некој погрешно) и има многу убава насмевка шо потсеќа баш на онаа детска насмевка. Има убави женствени облини и многу повеќе и` стои деколтирана и струкирана облека одошто би и` стоела на другава.

    Али и двете си имаат некој шарм шо не моеш а да не го приметиш. Особено кога ќе се насмеат (Махица значи ја ставам у друг контекст вон серијава, коа и` е дозволено да се смее за промена :lol:). Aбе мислиш со очите се смеат и не може нивната насмевка да не измами и твоја, едноставно не може.
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам со тебе. ;)
    Секој си е убав на свој начин. :)
    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Добро бе девојче не се тепај, и онака нив воопшто не ги интересира на чија страна си. Како вас да ве навредил човек ако спомне нешто лошо за Хурем.

    Па сега Хурем е венчана жена на султанот, но пред да стане беше обична робинка од харемот и затоа сите ја понижуваа. Кога разговараше со Михримах јасно и кажа ти нема да бидеш робинка како мајка ти ти ќе бидеш султанка.