Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Зашо иронично да ви се смееме? Напротив, еве мене лично баш сте ми интересни. Тоа што се соживувате со серијата како да сте таму значи успех на тие што работеле на серијата. Еве пример, можеби јас не се соживувам дотолку, ама досега никогаш ми се нема случено историски филм/серија да ме натера да барам и да истражувам за она што навистина се случило. Мислам јас важам за човек кој не обожава историја пред се` заради нејзината субјективност како наука. Напротив, кога ќе сум видела дека е базирано на историски настан сум менувала канал. :)
     
    На Hurrem-Aleksandra и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Така реков иронично затоа што многу девојки напишале многу невкусни работи за оние кои се соживуваат ептен со серијава.Во моментов можам да избројам 5-6 такви,само не сакам да именувам :D
    ____________________________________________________________________________________

    Оууууууу Јеаа..ми се исполни желбата.Тра-лала-лала-ла-ла. :party: :dance:
    Конечно го најдов тоа што ми требање на интернет.
    Одамна сакав да направат едно клипче со најубавиот дел од сезоната.
    како што може да се види-во потписот го имам моментот кога ХУрем станува венчана жена на Сулејман,ама сега го имам и моментот кога станува
    Управителка на харемот. 8)
    8) 8) 8)

    Одма си го додадов во потпис.Нели е убаво !?

    http://www.youtube.com/watch?v=OcUhgWUryP4
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Јас за себе си кажав, баш сте ми пријатни, за другите не знам. :) Убаво дискутирате, не напаѓате некого затоа што не мисли како вас, си се надоврзувате, се гледа дека пишувате овде затоа што ви е убава серијата а не затоа што сакате да се препукувате или било што друго.

    Мене па овој момент ми е незаборавен...леле каков човек, како ја тестира еејјј, таков мртов озбилен целиот, мислиш којзнае за колку лошо ја вика :lol:
    И ми се свиѓа како и` се нашминкани очите тука, не да и` доаѓаат до израз... :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=lq5F_b6EXZg
     
    На Hurrem-Aleksandra и Sara123 им се допаѓа ова.
  4. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    За среќа Султанот нема да умре, така да нема Хурем да биде понижувана. Добро знаеме каде и е крајот на Махидевран, а тоа и си го заслужи. ]:)
     
  5. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Е заради тоа ми се допаѓа ликот на Сулејман затоа што прави некои мртво сериозни фаци понекогаш а уствари тој ја носи Хурем да види дека во моментот ги венчаат или па ќе и каже јас ќе правам што сакам и сакам љубовта наша да заврши и после го гледаш како ја бакнува Хурем многу е непредвидлив никогаш не си на сигурно со него а некои девојки (како јас) сакаат мистериозни типови затоа што го прави да биде повозбудлив :D
    **********************************************************************************
    Денеска епизодава значи ;( ;( ;(
    И што ме нервира највеќе е тоа што Хурем како жена на Сулејман последна дознава за него дека е болен и тоа од едни обични робинки на Харемот :@ Сите се известени за тоа освен она што е многу многу неправедно Кучката Махидевран прва дозна и она како што заклучив не плачеше за Сулејман туку за себе прво што и падна на ум е тоа Што ќе биде со неа и со Мустафа а не и падна на ум да се моли постојано како Ѓулфем и да се надева дека ќе стане од кревет Величествениот уфффффф како ме изнервира крвопијка една :swear: А Хурем кога дозна во шок беше и кога отиде на тераса полусвесна ќе се фрлеше од балконот надоле и на лице место ќе умреше да не ја фатеше Валиде за рака. После она ќе умреше а не Сулејман ако тоа не е љубов јас не знам што е и децата особено Чихангир ги подзаборави малку штом дозна за Сулејман
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Сцената кога Хурем се онесвести.. :(
    И одма после тоа овие мрднативе од Канал5 ја пуштија таа морничавата/паранормална/глупа реклама..најава.. :swear: Ама ај..си има посебна тема за тоа.. :)
    Леле..колкава тага е тоа..и сето тоа врз Хурем.И детето болно и љубениот..
    Сите во сарајот жалеа..
    Искрејно мене многу ми беше интересна приказната за Ибрахим-Паргали.
    На таа сцена се наежив.Ибро си бил добро момче,само што моќта го расипала..Е тоа е лошото ! :!:
     
  7. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Ќе се разбуди, нема овде промашај.
    Само, ќе може ли некој да ми каже зашто и ги земаа децата на Хурем? ;(
    Како што ветив еве многу слики во спојлер за Хурем тим ( што сакаат да гледаат)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]

    Ајде доста, утре пак ќе ставам нови :)
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Пред 3-4 месеци некоја форумџика напиша дека Хатиџе ќе ги земе децата..кај неа.Незнам што како точно,ама мислам дека Величествената ќе ги прати за Мустафа да не ги убие.По смртта на султанот Мустафа би требало да го наследи тронот.Ако сум грешка поправете ме...ова е само мое мислење..
     
  9. Ubava-Crvenokosa

    Ubava-Crvenokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    80
    Таа сцената со Султан Селим и Сулејман кога се бореа и после овој му кажува на Сулејман дека како што расте ја губи невиноста и дека е горд на него и Сулејман имаше таква сцена со Мустафа сега многу појасни ми се некои работи :) А и Сулејман кога бил принц не бил лош згоден е тој актерот што го глумеше млади Суљо а и си личат :D
    Едвај чекам да стане Сулејман од кревет и да им покаже на сите кој е нивниот единствен Султан!
    Махидевран сакам да ја фатам и да ја утепам од ќутек таа вреќа со коски :swear:
    Ибрахим грд во младоста грд и сега :D
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Е денес многу ми беше жална епизодата. Сите плачеа за Сулејман и се сеќаваа на некои моменти со него... За момент помислив дека Сезнајко ќе го убијат ама неее, Ибрахим го спаси :inlove:
    Мислам дека требало да обрнат малце повеќе внимание на актерите кои ги одбираа да ги глумат главните личности во минатото... Сулејман на пример има мала уста и пошпицест нос, а во младоста полна усна, кај Махидерван обратно, во младоста мала уста, на старост голема... За Ибрахим можеле некој поубав да најдат |(
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Ха ! Ете ..гледате ! :devil:
    Махица си го покажа вистинското лице..
    Додека сите во харемот жалат за нивниот владетел,султан,љубовник,син,татко,пријател,брат што и да им е..
    Таа се радува..гради среќа врз туѓа несреќа (што и не е баш ретка сцена во харемот :lol: )
    Опп..и се отворија очињата на жената..виде дека треба малку посурово.Ама касно е сега..џабе и е се..Султанот ќе оздрави ! :!:
    Да беше Хурем на местото на Махидевран и да го имаше најстариот принц немаше да постапи вака.
    Јас мислам дека ќе жалеше по саканиот..затоа што и вака и онака најстариот го наследува тронот.
    Мислам дека ќе си речеше кога тогаш (еден ден)мојот син ќе стане султан,јас немам потреба од предвремено доаѓање на власт.
    И така..
    А сега..утре..ќе се види и вистинското лице на Ибрахимм (не дека досега не се видело,ама сега ќе се докаже дека се се прави од корист !
    Ибрахим и Махидевран Султан стануваат одвратни со глупавите планови -кои никогаш не им успеваат- Сите планови им се уништени до сега.Ај да не набројувам.
    Па така и овој. :D
     
    На The.Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  12. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Потполно се согласувам со Sara123
    Сите се против Хурем, и на крај венчаната жена на Султанот последна дознава за се. Денешнава епизода беше многу тажна, но и многу интересна. Најинтересен ми беше делот со Махидевран. Уживав дедека гледав што се случувало, ама сепак кога принцот Сулејман зборуваше на Махи дека го занела со својата убавида. Ма каква беше грда... И тогаш грда и сега грда. Ма тоа ти е тоа. Неке птице никад не полете. .
    Ама едниствено во цела епизода се насмеав каде што овој Султанот почна на набројува:
    Розо моја,
    ден мој,
    месечино моја,
    свеќо моја...
    месечино моја помаранџаста :D
    Розо моја,
    ееееееееј, насмеана розо.
    Животу мој
    најубава моја.
    мое се,
    убавина моја... итн. итн. итн.

    Сепак ми се допаднаа стиховите што ги кажуваше иако некои стихови ме засмеаја. Хурем вистински беше тажна. Е ај сега речете вие што сте Махи тим, дека Хурем не го сакала Султанот, видовте сега кој го сака кој не го сака... е наааааа...
    Сите ги мразам од харемот а најмногу:
    Мхидевран, Валиде, Ибрахим и сите други кои и се спротиставуваат на Хурем. Махи само е една обична чавка која незнае да прави ништо друго освен да грака: Мустафа, Мустафа, Мустафа... коза една кравеста... :@
     
    На Danilela, Hurrem-Aleksandra и Sara123 им се допаѓа ова.
  13. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Девојќи дали знае некоја како се вика девојката што ја глумеше Махидевран како помлада во денешната епизода? :)
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    И пак Махидевран ќе ѝ го загорчи животот на Хурем, по кој пат таа ќе посегне по нејзините деца, и по кој пат ќе ја оддели од нив?; епа неможе да остане неказнето затоа на нејзиниот единствен син бргу ќе му летне главата, не дека имам нешто против принцот Мустафа, но така се вртат работите.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    The.Princess ама ме насмеа со тоа неке птице никад не полете :D
    Јас сум против принцот Мустафа затоа што и се закани на Хурем за животот на нејзините деца и мило ќе ми биде кога ќе биде обезглавен исто гомно е ко мајка му :!:
    ПС: За девојката што праша дали Мерием била ќерка на некој политичар ќе кажам дека прв пат слушам за ова како што си прочитав знам дека Мерием е мешана од татко турчин и мајка германка и дека има уште 2 постари браќа и една постара сестра толку знам за нејзе но ако најдам некоја информација секако дека ќе споделам со останатите во форумов ;)
     
  16. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    На фб отидов кај Бурчу Туна(девојката што ја глумеше Ѓулнихал,незнам дали се сеќавате) и во пријатели ја има Хуремм,односно нејзиниот вистински профил ама си има направено опција да неможат да ја додаваат непознати иначе ке ја адднев..Кај оваа Ѓулнихал скоро сите глумци од серијата и се пријатели...http://www.facebook.com/burcu.tuna.52/f ... ft_ref=mni
    А еве линк и од Хурем http://www.facebook.com/muserli?sk=wall.. :) :) :) :)

    Еве и неколку сликички од нејзиниот профил
     

    Прикачени фајлови:

  17. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Нема да му летне главата... ќе биде удавен. АМа нема везе... :D
     
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека во тоа време,се сметало дека гревовите ти се простени и Господ ќе те прими кај него ако те удават.И мислам дека на оние кои биле големи грешници им летале главите. :D
    Вака сум слушнала.
     
  19. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    И оваа Хурем и Бандини била :D
     

    Прикачени фајлови:

  20. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    во која епизода спаѓа денешната епизода? 55 ? :D