Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    султанкее :D хахах дури смешно ми стана гледајќи го ова :lol:
     
  2. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Пред некој ден кога ја гледав повторно првата епизода сфатив дека Ѓул Ага е всушност тој евнухот кој им зборуваше на робинките што треба, а што не треба да прават во харемот и им ги објаснуваше правилата. До тогаш јас мислев дека е некој ага во Маниса кој одеднаш се појави, ама всушност тој бил и во Топкапи. Во првата епизода го имаше и после одреден број епизоди не се појавуваше за да се појави повторно на почетокот на втората сезона како приврзаник на Хурем.
    Еве погледнете, околу 0:52 ! :)
    http://www.youtube.com/watch?v=PBxXN3HyBcg
     
  3. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    еии стварно бил тој :D видете само колку е различен начинот на кој разговара со Хурем сега, а како разговарал тогаш ;)
     
  4. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Лелее..Теа Еспосито навистина. Ѓул Ага го имало и во првата епизода.
    Инаку,на почетокот сите колку лошо се однесуваа кон Александра.
    Сите ја мразеа,шамари и удираа,ја понижуваа,ја газеа.. :@
    Кога роди принц-машко дете,е тогаш доби малку повеќе права.Ама пак и тогаш овие душманиве не се сменија.Иако беше на исто ниво со Махидевран нејзе не ја почитуваа а Махидевран што не правеше за да и наштети на робинката Александра Ла Роса.
    А Махидевран со еден обичен принц толку ја возвишуваа до небо,и ја величеа демек прва конкубина на султанот.Туф,туф. |(
    Е веќе кога поминаа години,години почнаа луѓето од харемот да гледаат колку е Хурем способна да направи нешто.Видоа дека Султанот е заљубен во неа и дека Махидевран веќе не е во фора.
    Вака кога ќе си подразмислам убаво,Хурем на почетокот беше газена и газена понижувана пред сите.Главата не и ја откинаа додека сеуште и беше мала. ;) Не успеаа.И така со текот на времето,Хурем Султан растеше,и растеше се зголемуваше и се зголемуваше.Ја собираше сета омраза кон Махидевран,нејзината посилна соперничка.Е сега..сега веќе ќе сонува за победа почитувана Махидевран Султан. :D :rofl:
    Поминаа толку години.Сега Хурем стана Хасеки Султан.Хасеки Хурем Султан. 8)
    Првата робинка која станала толку моќна.Првата робинка која станала венчана жена на султан.Тоа е големо достигнување.Преголемо !!!
    Од една најобична робинка,најобична девојка која никој не ја почитува,стана најмоќна дури помоќна од Махидевран мајката на престолонаследникот Мустафа ~
    Сите тие години како робинка и не-почитувана султанка Хурем трпеше и собираше.Ама сега дојде нејзината ера,ерата во која таа владее.Сега од мое гледиште Махидевран го заслужува сето ова од ХУрем,затоа што на почетокот дотичната направи 10000 интриги против една штотуку-дојдена робинка.
    Махидевран се испаши,и реши да ја искористи моќта што ја има.Ама плановите не се одвива баш така во најдобар редослед.Махидевран изветреа,и потона некаде длабоко..сега никој не може да ја забележи. Си претпоставувам како и било на Александра Ла Роса на почетокот..сите и љубоморена и се пречкаа со неа.Никој не ја почитуваше,само НИгер Калфа беше со неа (на почетокот додека не отиде со Ибрахим) Колку е тешка таа ситуација кога си незаштитен а сакаш нешто повеќе.Неможеш да направиш ништо,ама имаш желба за најголемото.Ете Хурем успеа во тоа.Едно време се бореше и со самата себеси,и доброто победи во таа борба.Сега Хурем е најпочитувана и е страв и трепет за сите во харемот.Сега величествената и огромна круна ја симболизита Хурем Султан.Епа Махидевран..го заслужи сетоа ова..на еден или на друг начин.По некогаш и мене ми е жал за Махидевран.Ама тука нема жалење,бидејќи секој си гледа за себе. :!: Мора сурово бидејќи секој е во право за себе.
    И за крај,ќе кажам БРАВО Александра.Браво за сите тие достигнувања.Не верувам дека ќе се најде жена како неа. :)
     
    На The.Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    Еве неколку слики од султанките вчера што ги најдов :)

    мерием :)


    уф не можело повеќе од пет фајла добро поинаку ке се снајдеме :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 46969.jpg
      46969.jpg
      Големина на фајлот:
      140,3 KB
      Прегледи:
      194
    • 47650.jpg
      47650.jpg
      Големина на фајлот:
      108,2 KB
      Прегледи:
      194
    • 47769.jpg
      47769.jpg
      Големина на фајлот:
      116,1 KB
      Прегледи:
      194
    • 47770.jpg
      47770.jpg
      Големина на фајлот:
      45,7 KB
      Прегледи:
      194
    • 50997.jpg
      50997.jpg
      Големина на фајлот:
      84,2 KB
      Прегледи:
      194
  6. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    нур :)
    ова мислам дека и бил бившиот не сум сигурна :^)



    колку се убави и двете и во компјутер си ги чувам сликите :lol:
    само на хурем и треба дефинитивно поубав дечко приватно :^)
     

    Прикачени фајлови:

    • 6488.jpg
      6488.jpg
      Големина на фајлот:
      29,5 KB
      Прегледи:
      187
    • 6490.jpg
      6490.jpg
      Големина на фајлот:
      30,6 KB
      Прегледи:
      187
    • 7271.jpg
      7271.jpg
      Големина на фајлот:
      40,2 KB
      Прегледи:
      187
    • 7287.jpg
      7287.jpg
      Големина на фајлот:
      38,4 KB
      Прегледи:
      187
    • 7288.jpg
      7288.jpg
      Големина на фајлот:
      29,3 KB
      Прегледи:
      187
    На vaga95 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Еве сликички и од мене.
     

    Прикачени фајлови:

  8. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Нур
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Мерием
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Двете се многу убави :)
     
  9. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    најомилениот и најНЕомилениот лик во македонија од турските серии заедно :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • 001.jpg
      001.jpg
      Големина на фајлот:
      15 KB
      Прегледи:
      147
  10. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Абе на оваа коската ни фотошоп не и помага....А на едно место читав дека клетите и злобните луѓе колку и да јадат останувале суви и слаби изгледа Махи е една од нив... :D :D И самата кажа кога беше на турско кафе со Драган Вучич дека колку и да јаде не се дебелее....Ете од злобата и е тоа.. :D
     
  11. Ubava-Crvenokosa

    Ubava-Crvenokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    80
    Дали Хурем е најомилениот лик во Македонија :^) Мене лично ми е ама не знам за Македонија
    искрено се надевам дека е затоа што ептен е срцка и како Хурем и како Мерием ;)
     
  12. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    епа сите што знам дека ги гледаат серииве и се диват на хурем а за али од бурни времиња знаеме што мислат повеќето ете си пишуваат и таму на темата на форумов :lol: затоа кога ја видов сликата одма ги поставив, интересно се погодија :D
     
  13. bikk

    bikk Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8

    хахаха никогаш нема да биде величествена бидејки ке умре :D
     
  14. Ubava-Crvenokosa

    Ubava-Crvenokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    80
    Грешка си bikk
    секако дека ќе биде. Селим Султан е син на Хурем Султан така да автоматски она ќе биде Величествена само што нема да биде жива но пак е она легитимната Величествена ваљда народот знае кој го роди Селим ама многу ми е мило што Михримах ќе ја замени која е позната како втората Хурем по карактер ;)
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Една е Величествена тоа е Валиде, барем таа подолго време владеела со харемот... не знам јас како можеле порано толку да си прават толку злобни работи само за да бидат поблиску до власта. Ах беее јас да бев Сулејман на сите таквите ќе им ги сечев главите :^)
     
  16. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Очекувам и денешнава епизода да биде интересна како вчера. Сакам да ја видам Махидевран како се радува и како мисли дека целиот свет го има на дланка за после кога ќе ја гледам на крајот да и се ситам во целост од што е толку глупава жена :puke: Никогаш не слави брзо затоа што никогаш не знаеш кога ќе ти се врати може за 5-10 години, може утре а може и после една минута од твојата победа.
    Видете што најдов на гугл
    Хурем и Изабела :D
    [​IMG]
    Хурем и Хатиџе :D
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    А зарем не ти е тебе доволно да бидеш сакана во животот и среќна ?? :^)
    И да бидеш почитуваната законита жена на еден светски император ??
    А плус тоа да бидеш од некакво значење за државата и за народот,да имаш моќ,да ти се поклонуваат луѓето и да бидеш Валиде ?? :^)
    Јас и ти три живота да живееме нема тоа да го постигнеме. :)
    Се извинувам што те цитирам.Немој да се навредиш,друга ми е поентата.
    И повторно се извинувам,можеби само мене твојов коентар ми изгледа невкусен.
    Всушност не ми е поентата да се пречкам,туку да го искажам сопствениот став во врска во оваа работа.
    Биди поздравена. :*
     
  18. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    Хурем е се само не среќна. Може има само некои моментални чувства на задоволство што кратко и траат. Речиси цел живот го живее во страв. Кога ќе се изразам подобро не знам ни каков живот е тоа, цело време да се пази од непријателите што во секој момент кројат план за да ја видат мртва.
    Не би рекла дека многу ја почитувале, повеќе и се поклонувале за да не им летнат главите. И во серијата се збори, но и во минатото кружеле гласини низ луѓето кои мислеле дека е вештерка и прави магии.

    Директно нема никакво влијание, а индиректно и те како преку Сулејман. Знаеме на што се е спремен човек кога ќе се заљуби. :)
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Нормално дека има и директно влијание врз нештата што ја опкружуваат.
    Таа е негова жена и има секакви права-да наредува,да брка,да сече глави...што сака може да прави.
    Во историјата,веднаш штом стануваш Султанка т.е. откако ќе го родиш принцот добиваш големи права.
    А не па за Хурем. :)
    Ама па добро..факт е дека таков живот не му се допаѓа на секој !!! :P
    Можеш да одбреш и да бидеш што сакаш.
    Или обична жена сиромашна дел од обичниот народ,или пак Султанка. Таа го одбрала тоа второто,бидејќи тоа го сакала.
     
  20. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Титулата Валиде според мене ама ич не е важна Хурем се омажи за најмоќниот Султан а тоа е повеќе и од доволно барем за мене. Она го сака-тој ја сака има ли нешто побитно од тоа?
    А и Хурем пак си добива што сака само треба да оди кај Сулејман и овој штом ќе види солзи одма и ја исполнува желбата така да уште една титула може само плус да и биде а по мене не и треба затоа што има се