Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Многу убава жена ми е таа величествената.
    Инаку Хурем ми се допаѓа само по тоа што е малку налудничава и интересна,си добива се што сака, и со сите тие фаци што ги прави,ама е крајно нечовечна и дрска.Што и направи само на другарка и со тоа крзното што и го испрати и како ништо да не било.А и не ми е многу убава,како прасенце ми е во лицето.
    Махидевран ја снајде таква судбина султанот да засака друга и не е многу моќна да направи нешто,а плус тоа за соперничка има некоја како Хурем која гази по лешеви за да стигне до целта.Тоа што Махидевран го прави не е ништо во споредба со постапките на Хурем.
    Едит-Го заборавив деколтето на Хурем.Лајк ит :D
     
  2. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    да....ќе го изгуби :(
     
  3. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    [​IMG]
    Хурем многу крупна некако :o ,а Махидевран и Хатиџево убави биле.
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    А ова брзо ли ќе биде? И ме интересира ќе успеат ли да им го растурат бракот? :worried:

    Инаку за сликава... Махидевран и Хатиџе мене па ми се ружни :doh: Колку слаби нозе има Хатиџе, премногу е, ептен слаба, не дај боже некогаш таква да бидам. А Нигер калфа ми е интересна :lol: колкави штикли носи и пак ниско бре :lol:
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ове е претпоследната емитувана епизода во Турција-43, има време додека да стигне емитувањето кај нас.... како што тргнале со кратење на епизодиве ќе ја гледаме на лето, а можеби и есен/зима 2012. :D
    Пред некој ден ја гледав 44 кога сите дознаваат за бракот и мајка му на султанот ќе сака да издејствува поништување на бракот. Уствари ќе сака да ја намести...ќе ја повика Хурем кај неа, а султанот ќе се затскрие за да го слуша нивниот разговор, мајка му ќе и` рече на Хурем дека ако бракот не се поништи ќе му каже на султанот дека го изневерувала со Лео. Арно ама Хурем во отсјај ќе го види султанот и ќе сфати дека сака да ја наместат, па ќе и` се спротистави на мајка му и ќе и` рече дека ништо немало, дека никогаш не го изневерила султанот и дека не би требало толку да ја мрази законитата сопруга на нејзиниот син и мајката на нејзините внуци-принцови. Пак ќе се снајде. :lol: Потоа мајка му ќе оди кај Ибрахим и од него ќе бара се` да му каже на султанот што знае за Хурем и Лео, ама овој нема ништо да му каже на султанот....сега за сега, а за понатаму ќе видиме.
    Утре мислам дека се емитува премиерно 45 епизода, па ќе видиме што ќе се случи.
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Види го ти Ибрахим, ужива во денсот на плесачицава.
    Е мој Ибрахиме, као демек луда глава заљубена! :call:
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    А Лео постоел во историјата или е само додаден лик, за да биде поинтересно? Ако постоел е во ред, историјата на царствово била многу интересна. Но ако е додаден, премногу е. Разбирам преувеличување, серија е, ама нека се држат до фактите. Ако немала Хурем (Алекс) љубов пред Султанот, немала и крај, нема што тука. Чекам потврда дека постоел :)
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јаоооо каков масакр, хорор филм!
    Главата како ја пушти од вреќа ко 3-4 компири останати од ланската берба. :D
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Дали знаете како се вика глумицата што ја глуми Хатиџе?
     
  11. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    aууууууууууу како ми се наполни душата кога им ги пресекоа главите на оние предавниците....така бивало држава бре со ред...кон праведните правда...кон предавниците сечење глава.....тоа било империја бе
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    Изгледа Selma Ergec. :)
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  13. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55
    Амаа коа ќе размислиш во Јаничарите биле и Македонци. И тоа многу.

    За ова многу се нервирам коа ја гледаме серијава ние всушност сме од страната на Турците а всушност тие војувале и против македонците.
    Ги убивале, силувале ..
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Така било порано брат со брат в гради се колеле... ако не им ги сечеше главите тие пак ќе се побунеа и ќе направеа немир и неред :)
     
    На sanjickar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    39
    имало да...јаничарите биле христијани но подоцна потурчени...како и да е...правдата беше задоволена....не може бре Сулејман им дал престолнина,им дал домови,ги нахранил...тие одат против него и неговото семејство...зошто?зашто некој таму предавник ги наговорил....не сум од ничија страна...ја гледам реалноста...Сулејман бил најправедниот султан и император на сите времиња тоа ви го пишува во историјата.Го освоија и Родос и Египет но видовте ли што се им дадоа...какви права и убави работи????
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    ХММ од оваа епизода испаѓа дека и Хатиџе Султан била дволична спрема Хурам и таа е против свадбата, а Хурем цело време е фина со Хатиџе, навистина е искрена спрема неа, а таа како и сите останати да ти била на страната на Махидевран, Хурем е сама уште од сам почеток, дури сега уште толку ми е мило што се што зацртала и остварила. Што е Махидевран а што е Хурем? за да едната ја обожаваат а другата ја отфрлат уште од сам старт?
     
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Изгледа оваа Хурем и у приватен живот е таква налудничава :rofl: :rofl: :rofl:
    [​IMG]

    Иначе
    Мустафа нема да направи звера против султанот,ама тој така ќе биде убеден(се смета дека на тоа влијаела Хурем),и ќе сака да го протера од саројот,ама Мустафа ќе му се спротистави и ќе сака да му ги отвори очите во врска со Хурем и дека всушност е лага дека тој му правел работи зад грб на султанот.Ама во расправија Сулејман бесен дека му ја навредува Хурем |( ќе го задави...Мехмед набрзо ќе умре по тага од брат му,дека многу биле поврзани.
    Всушност Селим ќе го наследи Сулејман,и се смета дека во времето на Селим империјата ќе почна да опаѓа,дека бил изгледа малку блесав :D
    Ибрахим ќе биде разочаран од султанот ради ова,но всушност никогаш нема да го предаде и ќе му остане верен.Но,исто така се смета под влијание на Хурем,Султан ќе мисли дека тој му спремил завера.Ќе се мисли дали да го убие,и седум дена ќе вечера со него,со цел да му даде на знаење дека сака да го убие,мислејќи дека така Ибрахим ќе избега.Ама Ибрахим нема да избега,па ќе го убие.
    Подоцна од записите на Ибрахим,се дознава дека тој ги сфатил намерите на Сулејман и знаел дека ќе биде убиен,но не избегал зошто му се имал заколнато на султанот дека ќе му служи до крајот на животот.
    Сулејман никогаш нема да прежали за тоа што го убил,и од тогаш натака ќе биде како истрауматизиран,па и така нестабилно ќе владее,не како до тогаш.

    Уффф,си изморив :whew: :D Значи ова се историски факти,за во серијата точно не знам како ќе биде.
     
    На baguf4e, dancing.queen и Star19 им се допаѓа ова.
  18. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Интересно беше тоа кога Мустафа спиеше во прегратка на Хурем, а Михрима-кај Махидевран :) А Ибрахим?? Срамота, додека жена му умира тој што прави..... :@
     
  19. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    до која епизода се стигнати на канал 5? јас започнав да ја гледам само заради Хурем, пре пре прекрасна ми е :$
     
  20. COolgirL93

    COolgirL93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    http://hitportal.com.mk/index.php?optio ... Itemid=575
    Секоја сабота во 17 ч и 15 мин ќе имате можност да ги дознаете сите пикантерии од приватниот живот на главните ликови од сериите Кога лисјата паѓаат, Величествениот, Долина на волците, Лале и многу други. :)