Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Discussion in 'Серии и емисии' started by t.w.e.e.t.y, Dec 15, 2011.

  1. Sarence

    Sarence Популарен член

    Joined:
    Jun 29, 2012
    Messages:
    344
    Likes Received:
    623
    срцки сакам да ве прашам нешто кога веќе се зборува за книги... дали ги знаете овие и каде можам да ги најдам ?? :P
    „Мементо за Истанбул“ од турскиот автор Ахмет Умит
    „Помисли на број“ од Џон Вердон
    „Серенада“ од Зуљфу Ливанели
    „Малиот принц“ на Антоан Сент Егзипери
    знам дека малку забегав од темата ама морав :worried: :P
     
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    Како е тоа можно,зар детето на Хурем го направил некој ага.. !? :^)
    Покрај толку чувари и обезбедување според мене не е возможно да се случуваат такви работи.Според моја логика.
    Кој би се осмелил на таков чекор,робинките се само за Султанот..сепак треба да се има преголема храброст.
    Јас ќе си сватам дека книгата е плод на бујна фантазија,и дека многу работи се изменети за Хурем,затоа што ја сметале за вештерка и такви други глупости.. :!: |(

    Ама вистина е дека никој не знае која е точната вистина,за жал. :(
     
    Alesii likes this.
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Joined:
    Jul 11, 2012
    Messages:
    3,410
    Likes Received:
    3,148
    Ејј...Назире од Зет Домазет игра во Величенствениот! :D
     
  4. Alesii

    Alesii Популарен член

    Joined:
    Feb 19, 2012
    Messages:
    1,125
    Likes Received:
    841
    vo koja uloga?
     
  5. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Joined:
    Jun 20, 2012
    Messages:
    798
    Likes Received:
    513
    Gender:
    Female
    Па таа беше бајачката кога се роди Мехмед што му кажуваше молитви против уроци..
     

    Attached Files:

    Alesii and Sara123 like this.
  6. tea4e

    tea4e Популарен член

    Joined:
    Jul 11, 2012
    Messages:
    3,410
    Likes Received:
    3,148

    Да!
     
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    ~ Ете мене тоа не ми текнало. Всушност,не ни ја загледав тогаш гатачката. :lol:
    Ги пратев фаците и гримасите на Хурем,таа не ми беше важна.
     
    Alesii likes this.
  8. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Joined:
    Jun 20, 2012
    Messages:
    798
    Likes Received:
    513
    Gender:
    Female
    Хехехех и јас исто..Случајно нешто пребарував на интернет и дури тогаш забележав. :D :D
     
    Sara123 likes this.
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    На интернет,прочитав нешто од книгата Султановиот харем на Србски.
    Интересна е во секој случај.
    И нема врска со серијава. Нема ни една допирна точка со настаните :D
    Пишуваше дека Султанот пред да ја запознае Хурем,спиел само со Гилбахар(Махидевран)
    Ако добро разбрав,некој од агите помогнал на Хурем да стигне до креветот на Султанот.
    Се консултирал со мајка му на Султанот,и таа била за идејата да му се однесе некоја робинка на Султанот,освен Махица...


    ]:)
     
  10. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Joined:
    Jun 20, 2012
    Messages:
    798
    Likes Received:
    513
    Gender:
    Female
    Кој бил вистинскиот Сулејман Величествениот?

    Сулејман Величествениот, романтичен кон жените, грижлив татко и освојувач кој ги почитувал туѓите традиции и вредности. Ова е сликата што се прикажува во истоимената серија. Но, што говорат историските факти?

    Авторот има право да ја менува историјата во серијата, но публиката треба да ја знае и вистината, каков всушност бил Сулејман. Физички, во младоста бил убав и строен, но потоа станал зависник од храната и тежел 130 килограми, а целото лице му се изобличило. Наспроти серијата, овој султан иако навистина бил величествен, никако не бил романтичен, грижлив кон жените и децата, а уште помалку кон оние кои ги освојувал. Напротив, бил свиреп и безмилосен освојувач, кому омилена забава му биле наденувањата на покорените на колци. Сулејман со своја рака го убил синот Мустафа и внукот кој имал 11 години за кои сметал дека се предавници. Неговите освојувања биле крвави, немал милост кон никого, а за тоа најдобро сведочат делата на Иво Андриќ, каде се опишуваат турските освојувања и како османлиите се справувале со заробените, со сечење на главите и јавно набивање на колец.


    Уште еден факт што е згрешен е во врска со жената на Сулејман, Хурем. Во серијата се прикажува дека таа го родила првото дете додека тој го освојувал Белград, но историјата има точни податоци дека синот се родил една година подоцна, за време на опсадата на островот Родос. Сулејман бил воодушевен од Александар Македонски и сакал да остане запаметен како негов наследник. Поради љубовта со Хурем, Сулејман не доживеал да победи во Унгарија. Неговата смрт била скриена и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син Селим II, со кој започнала ерата на падот на империјата.

    Во Србија се навредени од фактот дека во серијата Сулејман, тој е прикажан како голем почитувач на Србите, кога историјата е полна со докази за неговите сурови дела и крвави походи. Откако Белград паднал под турско ропство, тоа било знак за аларм во Ватикан дека Сулејман наскоро исто како и Ханибал ќе им затропа на порти.

    Што се однесува до жените, единствено точно е дека имало големо ривалство меѓу нив. Хурем во серијата е прикажана како најголемата љубов на Сулејман, но историски, таа тоа го искористува на најсвиреп начин да се справува со противничките. Нејзиното име Хурем значи насмеана, но зад нејзината насмевка се криела жена која брзо го применила во пракса карактерот на Сулејман. Евнусите и везирите оставиле зад себе докази дека таа имала и тајна соба во која правела чудни и слатки напитоци од кои султанот преку ноќ од доброчинител станувал крвник и обратно. Во нивните пишувања се наведува дека од чудниот пијалок, на дел од жените им се јавувал неконтролиран нагон за врескање, а потоа се гребеле по лицето, додека не станале крвави.


    Влијанието на Хурем Султана врз Сулејман е неприкосновено, особено по раѓањето на пет деца (Мехмед,Махримах Султана, Селим II, Џихангир и Бајезид), таа успева да ја скрши традицијата и да го убеди Султанот да се венча со неа, со што тој станува прв султан со венчана жена по Осман Гази. Германскиот сликар Антон Хикел ја насликал Хурем со Сулејман спротивно на исламската вера да не се сликаат портрети. Хурем обожавала да ја сликаат и секогаш ги бирала позите како од делата на ренесансните мајстори. Сакала да стане олицетворение на Венера и во турските списи постои и доказ дека некаде во харемот се наоѓа нејзина слика во масло на која таа гола позира како Венера излезена од морска пена (фамозната слика на Сандро Ботичели). Оваа слика таа му ја подарила на Сулејман за неговиот роденден, а не се знае каде е таа слика откако султанот ја добил. Хурем умира во 1558 година, а Сулејман осум години по неа. Неговиот наследник Селим Втори е првиот султан за кој постојат и пишани докази дека бил тежок алкохоличар и негови писма во кои се открива дека потајно бил вљубен во Хурем.



    Хурем - големата љубов на султанот Сулејман

    Хасеки Хурем Султан била раскошна убавица од руско потекло која сосема го маѓепсала големиот турски владетел

    Хасеки Хурем Султан или Рокселана му била најдрага, најомилена жена на турскиот султан Сулејман, кој во наполно разбирање и хармонија ги поминал со неа најубавите години од својот живот, ама и кога починал, вечното почивалиште го имал до својата сакана. Серијата за султанот Сулејман моментално се прикажува на телевизијата Канал 5, а ликот на убавата Хурем го толкува актерката Меирем Сарех Узерли (1983).

    Хурем му влегла на султанот под кожа, иако тој ја надживеал за осум години, ама во неговото 46-годишно владеење, таа му била најважен консултант, што би се рекло и емоција и разум. Патем, оваа серија не наиде на убав прием во Турција, најмногу поради тоа што главните, најинтригантните настани се врзани за приватниот живот на султанот и на неговиот харем, од кои, како што пишуваат турските весници, повеќето се имагинација на сценаристот отколку што ја следат вистинската приказна за големиот владетел.

    Годината на раѓањето на Хурем е мистична - се наведуваат 1500 и 1506 година, таа имала црвено-портокалова коса , била вита, убава, шармантна и нежна, жена со особена харизма. Се претпоставува дека убавицата потекнува од некогашна Русија, поточно од Украина, вистинското име и' е Александра Лисовска и била донесена на дворот како бели робје.

    Инаку, во Османлиското Царство таа дошла благодарение на Ибрахим-паша (1493-1536), кој од благодарност кон својот пријател, султан Сулејман, му ја подарил огнената Александра, која била сместена во харемот заедно со 300 жени. Каде што се жените, таму се и проблемите, а нив на дворот постојано ги имало. Како и сите млади девојки од харемот, и Хурем во почетокот добивала лекции по турски јазик и по ислам. Всушност, учела се' што сметале одговорните дека може да и' притреба - да чита, да пишува љубовни писма, да шие и да плете, да пее, да танцува, да вежба грациозно движење... Невообичаено убавите робинки биле учени и на еротски вештини - 12 најатрактивни и најталентирани биле обучувани за „гедикли“, т.е. за собарки на султанот кои требало да го облекуваат, бањаат и да го ранат. На Александра не и' било проблем да го привлече вниманието на султанот – всушност, таа го привлекувала вниманието на сите поради што го добила прекарот Курем или Хурам - насмеана и радосна.

    Многу бргу таа му станала придружничка на султанот во кревет, ама не само поради страста. Како мајка на можните наследници, таа се покажала и како добар соговорник и искрена пријателка, па дури и како животна сопатничка. Хурем беше во состојба со својата природна веселост да ја брка меланхолијата на својот сакан султан. Тој, пак, со неа можел да менува песни и да води политички дискусии. Хурем била во состојба да му дава добри совети и имала разбирање за сите негови стравови, кои единствено нејзе ги откривал. Поради тоа, Сулејман се' почесто ја запоставувал својата жена Махидевран Гулбехар (по потекло од Црна Гора или од Албанија), која го имала прекарот Пролетен Цвет и која му родила четири деца од кои само Мустафа останал жив.

    Во 1522 година Хурем го родила своето првенче, синот Мехмет, па за младата мајка почнува драма во нејзиниот живот. За по смртта на султанот да се спречат граѓанските војни, Мехмед II издал закон според кој секој негов наследник, откако ќе го добие султанатот, да ги убие своите браќа. Со тоа, секое седнување на престолот се повторувал ист ритуал. Околу 1523 година, Александра го родила свој втор син, кој имал грпка, па немал право да стане султан. Му дале име Гијангир и тој бил опишан како љубезно, весело и убаво момченце. Бидејќи имал мила ѕвезда, бол омилен кај сите, па и кај својот полубрат Мустафа, ама и кај татка си, кој го ценел поради убавите муабети што ги воделе. Во 1526 година Хурем родила трето дете, нејзината единствена ќерка Михрима, која стана галеничката на султанот. Таа подоцна се омажила за Рустем-паша, голем везир со српско потекло.

    Поради чувствата што ги имал спрема Хурем, сулеман го запостави и својот главен везир Ибрахим-паша, кој бил оженет со сестра му Хатиџе. Кога пораснал Мустафа, Сулејман го ставил за прв човек на Маниса, град во западна Турција, а според обичаите и редот, неговата мајка Махидевран морала да патува со него, со што Сулејман целосно и' припаднал на Хурем. Близината си го направи своето и султанот се обидувал да и' ги исполни сите желби на својата сакана, а во 1530 година љубовта кулминирала со голема свадба.

    За веселбата се пишувало, се пеело и се пиело. Било богато прославена во дворот и тоа со гламур што ги надминал сите дотогашни славења. Во 1531 година им се родил третиот син Селим, а четвртиот Бајазит, најдрзок од сите деца, го здогледал светот во 1532 година. Во народот за Хурем се' повеќе се зборувало дека се занимавала со магија и дека единствено така за себе го врзала големиот водач. Народот зборувал, а тие се сакале и љубеле - кога не биле заедно, си пишувале писма со што ја одржувале својата страст. И така со години!

    Кога единствениот пријател на султанот, Ибрахим-паша, со својата ароганција и однесување го потценил својот владетел, Сулејман му ја исекол главата. Велат, и тука Хурем замешала прсти, ама по овој немил настан, таа му станала најдобра пријателка, неговата десна рака. Со само 21 година, умира нивниот прв син Мухамед, кој требало да го наследи Сулејман, а во народот се зборувало дека исплашена за животот на тројцата синови, Хурем му раскажала на Сулејман дека Мустафа се подготвува да го тргне татка си од престолот. Повторно трагедија! Сулејман го убил синот Мустафа и неговите деца.

    Историјата раскажува дека во 1558 година умира Хурем, а султанот останал да самува. По неа, и не помислува на некоја друга жена, на друга љубов. По осум години, умрел и големиот султан, кој своето вечно почивалиште го има покрај саканата жена.

    Претходно им наредил на своите луѓе да биде погребан покрај Хурем, во раскошната џамија на Сулејманија. :) :) :) :)
     
    Sara123 likes this.
  11. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Joined:
    Mar 13, 2012
    Messages:
    640
    Likes Received:
    413
    На ова болдираново - НИКОГАШ НЕ БИ МУ ПОВЕРУВАЛА ццц |(
    МУСЛИМАНИ СЕ ТИЕ АЛО!!! како луѓето пишуваат вакви глупости??? (Majuv4ence13 не зборам за тебе туку за тој оригиналниот автор што го напиша ова)
    Зарем Сулејман ќе дозволи да ја насликаат Хурем гола? Во такво конзервативно и строго време? |( |( |(
    Дури и ако е подарок за него не би го дозволил тоа за жива глава Муслиман е човекот бре бре...
    Кај муслиманите нема вакви работи се смета за грев или за нешто многу лошо. Јас стварно не верувам во ова премногу ми е глупо и нема да знаат каде е таа слика затоа што никогаш и не постоела Боже боже |(

    ПС: Не знам каков бил Сулејман од историјата ама овој од Серијата го обожавам :*
     
    Alesii and Majuv4ence13 like this.
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2012
    Messages:
    782
    Likes Received:
    468
    Антон Хикел е сликар од 18-ти век, Ботичели ја насликал 'Раѓањето на ВЕНЕРА' 1486, кога Сулејман не бил уште роден.
    Слики од вистинската Хурем не постојат. Ако нека си пишуваат.. :drunk:
    Па временска машина да измислиме, може ќе ти олесниме :D
    Работата е во тоа што за жените има многу малку податоци, ретко на која и година на раѓање и се знае. Јас тоа што го пишував е според историјата што читав, белетристика гледав да избегнам :) И тоа е интересно не викам не, ама понекогаш нервираат нелогични измислици.
    едит Па всушност и серијава се состои воглавно од измислици
     
  13. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Joined:
    Jun 20, 2012
    Messages:
    798
    Likes Received:
    513
    Gender:
    Female
     

    Attached Files:

  14. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Joined:
    Mar 13, 2012
    Messages:
    640
    Likes Received:
    413
    Не ти е тоа Хурем Majuv4ence13
    Насликале една црвена девојка гола и сега таа била Хурем :^) |(
    Ма ајде таму... Никој нема слики од вистинската Хурем Султан а тоа портретите се плод на фантазија на сликарите на кои им опишувале со зборови како изгледала тие што вистински ја видоа или тие што слушнаа од тие што ја видоа. Сликање во тоа време кај муслиманите и плус жената на Сулејман јок!
     
  15. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Joined:
    Jun 20, 2012
    Messages:
    798
    Likes Received:
    513
    Gender:
    Female
    Хмм..Кога ја видов на прв поглед ми заличи на Хурем,ама ете дури сега видов дека не била...Ама според историјата била поопасна него што е во серијата.Во серијата претставува заљубена жена која што убива за љубов,но според историјата таа ја искористила љубовта на СС за да се одмазди за смртта на нејзиното семејство.Но сепак си ја сакам каква и да била..Таа е многу храбра жена.Таа е жена со машко СРЦЕ се бори за она што го сака.Во неа гледам пример дека треба да бидам упорна,и дека треба да се борам за она што го сакам.Упорна е и тоа најмногу ми се допаѓа кај неа..Да не беше упорноста таа немаше да биде она што е сега..Таа ја следеше упорноста додека Махидевран цело време се лигавеше и плачеше(така си го губеше времето).Но да не заборавиме дека и Махидевран направи добро дело за Хурем..Да не беше таа Мехмет немаше да биде жив..Се сеќавате ли кога се давеше во фонтаната???Тогаш Махидевран го спаси а можеше да го остави и да си замине.Како и да е ХУРЕМ си е ХУРЕМ,таа ми е прво место се знае.Хурем е незаменлива..Едноставно секоја епизода ме остава без зборови.. :) :)
     

    Attached Files:

    Hurrem-Aleksandra likes this.
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Дознав дека Махидевран живееела повеке од хурем хурем до 18 април 1558 а махидевран до 1581 година. Еве нешто за мохидевран (инаку не ми омилена султанка)
    Mahidevran Gülbahar Haseki Султан (починал во 1581), беше еден од наложниците на отоманскиот султан Сулејман Величествениот јас. Нејзиното име (турски изговор: [ˌ ma ː hidevɾan ɟylbahaɾ], отомански турски: ماه دوران) значи "оној кој е секогаш убава", "оној, чија убавина никогаш не згаснува" или "убави период" , но исто така, "Месечината на Fortune" или Gülbahar (отомански турски: گلبهار). Таа беше првата haseki Сулејман е, да се биде мајка на својот прв син Мустафа.
    Сулејман наречен неа Mahidevran Gülbahar, со "Роуз Ѓул значење и" пролет "Бахар значење во турски и персиски. Според извори, таа беше албански или черкезки потекло. Сулејман беше уште shahzade (кнез) и гувернер на Маниса санџак (тогаш познат како Saruhan) кога таа го родила нејзиниот син во 1515. Кога Селим I почина во 1520, Сулејман се пресели во Истанбул, главниот град на империјата, заедно со неговото семејство да се искачи на престолот.
    Во Истанбул харем, таа имаше многу влијателна ривал, Hürrem Султан, кој наскоро се покажа како омилен сопруг Сулејман, како и неговиот правен жена. Hürrem Султан роди првиот син Мехмет во 1521 (кој почина во 1543 година), а потоа Селим (иден султан Селим II) во 1524, уништувајќи статус Mahidevran на бидување е мајка на единствениот син на султанот. [4] На ривалството меѓу две жените се делумно потиснати од Hafsa Султан, султан на valide (мајка Сулејман е), но, по нејзината смрт во 1534, на жестоко ривалство беше евидентно. Ситуацијата беше направен уште полошо кога борба помеѓу две жени избувна, со Mahidevran тепа Hürrem нагоре. Ова ги налути Сулејман, кој потоа испрати Mahidevran да живее со својот син.
    Според турските традиција, сите кнезови се очекувало да работат како провинциски гувернери (санџак бег), како дел од нивната обука. Мустафа бил испратен во amasya санџак и Mahidevran го придружуваа. Кон крајот на долго владеење Сулејман, на ривалството меѓу неговите синови стана очигледна. Понатаму, двата Hürrem и везир Рустем-паша го сврте против Мустафа и Мустафа беше обвинет за предизвикување немири. Во текот на кампањата против Сафавиди Персија во 1553, Сулејман нареди извршување на Мустафа.
    За неколку години по извршувањето на нејзиниот син, Mahidevran живееше проблематичниот живот. Таа се пресели во Бурса каде гробот на нејзиниот син лежеше, туку дека живеела во сиромаштија бидејќи таа немаше речиси никакви приходи од сопствениот. Нејзините последни години, сепак, не беа во сиромаштија, Селим II, новиот султан по 1566, како и нејзиниот посинок, ја стави на плата. Таа почина во 1581.
    [​IMG]
    [​IMG] преубави ми се и двете....само хурем е поитра...инаку за убави и двете се убави..
     
  17. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Joined:
    Mar 13, 2012
    Messages:
    640
    Likes Received:
    413
    Тоа за Махидевран ти е точно. Таа еднаш се обиде да го отруе додека уште и бил во утробата на Хурем а потоа му го спаси животот. Исто и Хурем ама обратно, кога јаничарите го нападнаа градот во сарајот на Хатиџе Хурем освен Мехмед својот син истотака и пазеше на Мустафа и го држеше блиску до себе и му велеше да не се плаши и дека Сулејман ќе дојде да ги спаси (во тој момент се понаша како негова мајка а не маќеа) Е после сакаше да го убие кога и се закани за нејзините деца. Значи она не и остана должна на Махидевран :)
     
    Alesii and Majuv4ence13 like this.
  18. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Joined:
    Apr 26, 2011
    Messages:
    169
    Likes Received:
    120
    ај сега не но го кршите филмот со книгиве вака е најубо без вашите книги...без навреда :*
     
    Hurrem-Aleksandra likes this.
  19. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    2,004
    Likes Received:
    2,462
    Да, и во истиот момент, Махидевран ја чуваше Михримах. :)
     
  20. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Joined:
    Sep 13, 2011
    Messages:
    1,072
    Likes Received:
    621
    ^а да не ви текнува која епизода беше тоа? кога Хурем го чуваше Мустафа, а Махидевран ја чуваше Михримах? :wasntme: