Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Извини, не разбирам. :shake:
    На сликата се гледа дека знакот и е на грбот.
    Ти пишуваш дека девојките ќе ја видат а таа ќе ги излаже.
    Добро знам дека понатака во епизодите
    Фирозе скришно ќе оди кај Султанот, и ќе премине преку златниот пат како и да се вика..
    Молам објаснете ми како султанот нема да види толкав цртеж/знак.
    Затоа велам дека тоа не е добро осмислено или пак јас не ја разбирам поентата.
    :?:
     
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Епа еве вака:
    Но,пред да почнам да кажувам да нагласам дека Хурем е најзаслузна за тоа што Фирузе ке се најде во Харемот.

    Еве вака:
    Фирузе и уште 2 девојки ќе бидат заробеничкки за некој си таму.
    Хурем ке поминува со кочијата покрај нив и ке ги види,ке се сожли на нив и ке ги земи во сарајот.
    Потоа кога ке ги донесат во сарајот ќе ги однесат да се средат во бања.Девојките ке се бањаат,Фирузе ке ја тргне косата нанапред (бидејјки косата нели и ја покрива тетоважата) па така девојката ке и ја види тетоважата ,ќе ја праша- Што ти е тоа,ама нормално Фирузе ке ја излаже дека ништо не било.
    Па нормално,што можат едни робинки-девојки,да знаат што значи тетоважата.
    И да султанот нема да ја види.како на серија. ;)

    Се надевам дека ме разбра.
    Ако не,пак ке ти објаснам де,не е проблем. ;)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Е веќе ова објаснува се.
    Како на серија. :D
    Затоа реков дека тој дел не е добро осмислен, и друг пат сум приметила дека некои работи не се баш добро разјаснети па треба да се напрегаш да ги сватиш, или да си измислуваш.
    Мислам дека некои сериозни работи во серијава, би требало да изгледаат реално.

    Мене јасно ми е како Фирозе ќе се најде во харемот.
    Пишав дека не ми е јасно за случката со знакот/тетоважата затоа што очекував добро осмислен план, некој пресврт или пак барем некој изговор или некое објаснување за тоа дека султанот не го видел знакот.

    Благодарам што се потруди да ми објасниш.
    :)
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Добро го кажа ова, со канал 5 никогаш не се знае :D
     
  5. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Не можам да поверувам ;(

    Во Турција од почетокот на 2013 година нема повеќе да се емитува серијата „Величествениот султан“ изјави пратеникот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Октај Сарал.

    АКП поденесе предлог-закон во турскиот Парламент со кој се бара стопирање и забрана на сериите со кои им се наштетува на националните вредности на Турција и се изнесуваат невистини за важни историски личности.

    - Предлог-законот има поддршка и од опозициската Партија за национална акција и очекуваме да биде изгласан во јануари. Потоа главен збор ќе има Националната комисија за радио и телевизија. Мислам дека уште во јануари серијата ќе биде стопирана, истакна Сарал.

    Во меѓувреме, турските авиокомпании го поништија договорот со фирмата-продуцент на серијата за бесплатно патување со турските авиони.

    Кон крајот на минатиот месец турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган изјави дека очекува правосудството да преземе мерки против режисерите на серијата „Величествениот султан“, како и против сопствениците на телевизијата што ја емитува, додавајќи дека „тие што си играат со вредностите треба да добијат лекција во рамките на правото“.

    Ердоган критикувајќи ја серијата, што се прикажува во повеќе земји од регионот и светот, истакнувајќи дека тоа што таму е претставено не е правата слика за претците на денешна Турција.

    - Ние такви претци немаме. Ние таков законодавец, таков султан Сулејман не сме запознале. Тој 30 години од својот живот помина на коњ, а не во дворецот, како што е прикажано во серијата, посочи Ердоган.
     
    На Sara123 и cansuuuu им се допаѓа ова.
  6. cansuuuu

    cansuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    111
    Sto mu smeta serijata sega neka si se zanimavat so politikaa... :( :( :envy: :headbang:
     
  7. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Може им се љубоморни на режисерите што вадат многу пари од серијава затоа што е мегапопуларна и сега гледаат или да вадат некоја корист од тоа или да ги спречат другите да не вадат корист од истото.
    Абе се е за пари штом политика се меша има нешто тука.
    Демек не го прикажувале Сулејман у реално светло |(
    Па секако дека нема кога ова е фикција а не документарна програма
    ако треба да ги прикажуваат отоманците какви што навистина се тогаш тие треба да ги направат Варвари затоа што и тоа биле и Сулејман бил иако бил паметен човек ама не бил и тој цвеќе за мирисање
    тие треба уште да се заблагодарат на режисерите што го направија Суљо таков милина од Султан
    а тие уште се бунат Боже, боже... |(
     
    На Sara123 и cansuuuu им се допаѓа ова.
  8. Emcee

    Emcee Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    премиерот на турција ердоган ја критикуваше серијата истакнувајќи дека тоа што се презентира во серијата не е вистинската слика за предците на државата...! :clap:
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Турците не сакаат да откиваат работи за нив што не им се во полза..тоа што не ги прикажува во добро светло па затоа премиерот ја критикува серијата....инаку серијата е правена според дневникот на хурем султан ....
     
    На cat250 и Sara123 им се допаѓа ова.
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се верува.. :tmi:
    А кој рече дека серијата мора да биде реална и дека мора да биде вистинита ?
    Можеби целта на режисери не е тоа.. (ние добро знаеме што режисерите сакале, па затоа не можам ништо да кажам :lol: )

    Вистина е дека султанот Сулејман не е прикажан во вистинско светло.
    Во серијава е прикажан како многу добар човек. :^)

    Браво, Александра, ова е она што сакам да го кажам.
    Ова не е документарец.

    И јас истото го мислам, ако веќе обвинуваат дека тоа не е точно, барем нека изјават која е точната верзија според нив. Не разбирам што е она што пречи.
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cat250

    cat250 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Ова вистина :o :o ??
     
  12. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Мислам дека ќе има бидејќи нели сега највуваат на канал 5 дека ќе имало а не верувам до пола филм да даваат. Хмм.. |(
     
  13. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    Сигурно Канал 5 имаат слушнато дека Турција планира да ја забрани серијата и ако му текни нема ни да ја пуштата новата сезона од Величествениот :worried:
     
  14. Ana.N

    Ana.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    344
    За жал, вистина е :(
     
  15. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Како што кажав и пред да се затвори темава
    Како во историјата што Сулејман го убива сопствениот син Мустафа,тоа и ќе се случи и во серијава.
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Што овој ако сака вистински да се приказе како да го прикажат како варварин ...како насилник султанот...па ова неее документарна емисија него серија..алооо..човеков знае ли да прави разлика меѓу серија и документарна емисија...Нека се занимава со политика а не со ТВ-серии пошто не е режисер или слично него премиер еее.... :)
     
    На Hurrem-Aleksandra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Само овие паметниве од канал 5 да не направат некоја глупост па и кај нас да не ја даваат
    со големо нетрпение ја чекам

    Се заради тој глуп премиер :@
     
  18. Shekerka

    Shekerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    25
    Bitch please... Премиерот на Турција ако не е доволно образуван тоа е друго... Серијата не може да биде до детал точна бидејќи режисерот ќе прави плагијат или сум грешка пхаха :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Кога ќе почне да се емитува на Канал 5 пак..? Ми фали серијава..
     
  20. Emcee

    Emcee Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    серијата и јас ја гледам ама ете на премиерот му смета режисерот ја измислил не е според историјата.премногу е модерна затоа му пречи. :lol: